29 Март, 2024
0.0253

Излегуваме само на пазарење, децата ни пеат дома: Семејно со Соња Тарчуловска

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Најмалата ќерка на пејачката Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруг Јохан, Јоана, вчера наполни пет години.  Со емотивната објава на Фејсбук, Соња ѝ го честиташе роденденот на најмалата ќерка: „Ти си нашата паметница! Вистинска бајка си мамино.
Сè што е во тебе зрачи со љубов. Во суштина ти по илјада пати во денот пренесуваш љубов, а од другите само тоа го бараш да бидеш сакана а ние многу те сакаме.
СРЕЌЕН 5 РОДЕНДЕН, ОСТАНИ ТАКВА КАКВА ШТО СИ. Те сакаат мама,тато, бато и дада“, напиша Соња.

Роденденската прослава, како изненадување ѝ ја подготвија постарата сестра Мелани која има 15 години и братот Младен, кој наскоро ќе наполни 13.