Изградил лажен граничен премин за да шверцува мигранти
Објавено во: Свет 05 Декември, 2019
Русин изградил лажен граничен премин со Финска за да шверцува мигранти.
Полицијата го уапси мажот кој изградил лажен граничен премин во шума во близина на границата со Финска. Тој ветувал на мигранти дека ќе ги однесе во Европската Унија. Инцидентот се случил минатата недела.
Русинот поставил лажни гранични знаци, при што на четворица мажи од јужна Азија им наплатил повеќе од 10.000 долари за да им овозможи влез во Финска, која е членка на ЕУ. Информацијата ја објавија руските гранични власти.
Властите не кажаа за чии државјани станува збор.
Измамникот ја водел групата во круг пешки и со автомобил во регионот Виборг, а потоа, „за секој случај“, поминале езеро со гумен чамец. Петте мигранти се приведени, по што судот во Санкт Петербург наложил нивна депортацијата, но има и глоби. Организаторот на криумчарењето мигранти би можел да биде обвинет за измама.