26 Април, 2024
0.0293

Изгореа 14 куќи и училиштето во селото Дренак

Објавено во: Македонија 04 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Изгореа 14 куќи и училиштето во селото Дренак каде беснее пожар. 

Информацијата ја соопштија од Центарот за управување со кризи.  Пожарот во селото Дренак кон Отошница  во Општина Ранковце, сега е локализиран, но постои опасност од повторно активирање. За гаснењето на пожарот се ангажирани 13 војници од АРСМ и 7 пожарникари од Општина Ранковце. Околу 07:30 испратени се и 4 хеликоптери од Р.Србија и 25 војници од АРСМ од кои 13 во с,Дренак а 12 во с.Вржогрнци – општина Ранковце.

Во Кумановскиот регион ЦУК известува за шумски пожар во почетна фаза во реонот на с.Алинце кон с.Брешко. Пожарот во с.Мургаш пак кој синоќа беше изгаснат околу 04:00 повторно се активирал, а уште е активен и пожарот во атарот на с.Коњух, кој избувнал на непристапен терен за возила.

„Во Струмички регион активен е пожарот во месноста Погана кој започна на 1 август и зафати површина од околу 800 Ха ниско стеблеста шума.  Во Битолскиот регион, активен пожар има во атарот на селата Ракле – Никодин – Топлица, општина Прилеп. Командирот на ТППЕ Прилеп изјавил дека побараната помош од армијата во текот на вчерашниот ден, до овој момент не е потребна, но со командантот на касарната е договорено војската да биде припремна и на готовс, доколку има потреба ќе бидат активирани, известуваат од ЦУК. Пожарот во нискиот дел е под контрола со слаб интензитет, а гори во високиот дел каде е непристапен теренот. Во Штипскиот регион активен е пожарот од 02 август, кај м.в.Бајаз Тепе – општина Пехчево.  Зафатена е високостеблеста борова и дабова шума со што доаѓа до негово ширење, нискостеблеста вегетација, стрништа и пасишта. Екипите работат на негово локализирање, а се очекува и поддршка од хеликоптерите. Се уште е активен пожарот во атарот на с.Нов Истевник маало – Пасјак, во дијаметар од 9 км. До овој момент е опожарена површина од околу 350 хектари со борова шума и нискостеблести растенија. Во гаснењето на пожарот е ангажиран и армиски хеликоптер. Пожарот се шири во правец на маало Балабанци. Активен пожар има и на потегот Костин Дол – Ново Село, општина Кочани“, информираа од ЦУК.

Во скопско гори мешана шума на непристапниот предел на сртот над Катлановска бања, а во тетовско пак гори депонијата во с.Нераште – општина Теарце.

фото ЦУК

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот