25 Април, 2024
0.0264

Избраните функционери ќе преболат 1.000 до 1.500 евра од платите

Објавено во: Економија 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Владините функционери и раководителите именувани од Владата ќе мора да преболат околу 1.000 до 1.500 евра од своите нето-плати доколку биде прифатен предлогот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, тие наредните два месеци да добиваат само минимален доход од 14.500 денари.

Коефициентите на нето-платите на сите овие функционери и управители се движат од 3 до 4, бројки што се множат со просечната нето-плата во Македонија. Последно што е објавено од Владата е дека на Ариф Асани, заменик на директорот на Агенцијата за национална безбедност, коефициентот од 2,9 му се заменува со коефициент 3,5 по половина година откако е избран.

Заев во своето последно интервју за „Фактор“ рече дека мерката ќе се однесува на сите во јавниот сектор, односно, како што вели тој, од премиерот, министрите, пратениците до сите избрани и именувани функционери на централно и локално ниво. 

„Секако дека во оваа мерка влегуваат и оние вработени во администрацијата кои добиваат повисоки плати, но влегуваат и претседатели и членови на Совети на општините и претседателите и членовите на управните и надзорните одбори во институциите кои нема да добијат надоместок за месеците април и мај. Се кратат и трошоците за патувања, за набавка на мебел, автомобили...Важно е да се скрати секаде онаму кадешто може да се скрати за кризата да трае пократко, а негативните економски ефекти од неа да бидат што помали“, вели Заев.

Генераниот секретар на Владата има коефициент од 3,7 просечни плати. Првиот човек на Агенција за национална безбедност, има основна плата со коефициент 4. Едни од најплатените директорски позиции кои ги именува Владата се и онаа на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Управата за јавни приходи, Царинската управа , ЈП за државни патишта, Агенцијата за промоција на странски инвестиции, а голем коефициент имаат и платите на националните координатори како оној за НАТО и секретарот за законодавство.

Директор  на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на РСМ има основен месечен приход од три просечни македонски нето-плати, Националните координатори во Владата имаат коефициенти на платеност од околу 3 до до 3,3, додека една од најмалите има заменик на директорот на Службата за општи и заеднички работи со коефициент 2,6. Во меѓувреме зголемена е платаа на државните правобранители што ги именува Владата.

Ваков тип на јавни функции има повеќе од 200, како национални координатори, истражители, директори на управи, агенции, дирекции и заводи, претседатели на совети, владини агенти, секретари, специјални претставници и други. Убедливо најмногу се платени директорите и претседателите на регулатроните тела кои ги именува исто така и Владата. За привременото намалување на нивните плати се очекува да се расправа на денешната владина седница како една од мерките за штедење на трошоците. 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека ќе прифати партијата да се откаже годинава од парите за финансирање на политичките партии, но за возврат побара министрите, замениците и државните секретари до крајот на мандатот да работат про боно, односно без никаков надомест.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?