ИВЕНТ ИНДУСТРИЈАТА ПОВТОРНО НА ПРОТЕСТ: Очекуваме простор за разговор и решенија, а не медиумски оркестрирани напади кон нас
Објавено во: Економија 13 Април, 2021
Компаниите за
организирање настани и денеска три часа ќе протестираат пред Владата. Од 12 до
15 часот ќе го изразат нивното незадоволство, зошто, како што велат во нивното
соопштение, најмалку што очекувале од Владата е да има медиумски
оркестрирани напади кон нив и извртување на фактите.
-Ние не сме државен непријател, не сме неработници, туку индустрија и фирми даночни обврзнци кои беа први затворени и најмалку поддржани. Точно е дека добивме помош со сите останати сектори, а тоа се 6 плати и некои компании земаа кредити. И тоа се сé! А не работиме веќе 14 месеци. Наместо да најдеме заедничко прифатливо решение, ни порачавте да ги тргнеме црните наочари. Дали треба да ги замениме со розови и останеме „таканаречена„ дејност?
Иако владата го наметнува милионот како дефокус на нашите проблеми, пакетот мерки и еден милион евра (или два) за нашата индустрија, ниту е донесен, ниту e објавен. Условите никој не ги знае, кој се ќе има право да аплицира, кој ќе добие, критериуми, дали ќе има можност за сите? На пример, ако има 2000 македонски музичари, дали ќе може секој да настапи или само дел од нив? Така и со нас компаниите, кои секоја влада во Европа ги поддржа и препозна како најважен сегмент за раздвижување на економијата, културата, туризмот и менталното здравје. Кога ќе го објавите конкурсот, ќе можеме да коментираме, сугерираме, секако и да аплицираме. Сé останато се само ПР алатки за купување на време, но никако помош за зачувување на нашите компании. Како и секогаш, ние сме подготвени за разговор. Ќе бидеме гласни за да не поканите, но прашањето е дали сакате да нé слушнетe!
П.С. Што би рекол Винстон Черчил, ако не ја браниме културата, тогаш што ќе браниме?, се наведува во соопштението на Ивент индустријата.