20 Април, 2024
0.0347

Ивановска: Утре ќе му одговориме на Заев, не може веднаш да се чешла судството

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателката на Комисијата за спречување на комисија, Билјана Ивановска, по повикот од премиерот Зоран Заев до Антикорупциска да започне со чешлањето на имотната состојба и интересите на судството му порача на шефот на Владата дека тоа не може да се случи без однапред утврден план.

Ивановска му порача на Заев дека утре ќе добие одговор од ДКСК и дека годинава се работи на проверка на имотот на претставници од овој и претходниот владин состав, а за правосудниот систем ќе биде потребна претходна подготовка.

- Оваа година решивме да вршиме проверка на имотната состојба на ченовите на Владата, директорите на јавните претпријатија и членовите на парламентот. Доколку решиме да вршиме проверка во судството, ќе треба да се направи план и да се распределат секторите и активностите, но и опсегот на судии, бидејќи нивната бројка не е мала. Се работи за 600 судии, но тука се и поротници и обвинители, рече Ивановска во телефонска изјава за ТВ24.

Заев претходно во видео-обраќање побара од Антикорупциска како што се врши проверка на имотот и парите на сите членови на Владата во моментов, таа исто такада започне постапка на проверка на имотот и парите на судиите и обвинителите веднаш. 

- Комисијата има таква можност и ја охрабруваме да ја спроведе веднаш, рече Заев и додаде дека извршната власт на Антикорупциска и нуди помош со сите свои капацитети само да се провери детално имотната состојба на судиите и обвинителите, како и нивните семејства.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите