Иванов добил покана, ама по настанот пред Влада
Објавено во: Македонија 12 Февруари, 2019
Претседателот Ѓорѓе Иванов ја доби поканата да присуствува на церемонијата за поставувањето на НАТО знамето пред Владата откако настанот заврши, изјавија од кабинетот на Иванов за Фактор.
Оттаму велат дека затоа претседателот на присуствувал на настанот. Претходно од Владата изјавија дека го поканиле претседателот и по курир и електронски.
На свеченоста не дојде ниту поранешниот претседател Бранко Црвенковски за кој исто така имаше посебно место на свеченоста за НАТО на која беше подигнато знамето на Алијансата. немаше претставници ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту се појави лидерот на ДУИ Али Ахмети.