20 Април, 2024
0.1568

Ивана Туфегџиќ: Борбата за промени не почнува и завршува на денот на гласањето

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

“Веројатно се наоѓаме пред најтешките предизвици со кои било кога сме биле соочени како држава, за што ќе биде неопходна мудрост, смиреност и разумност во носењето на одлуките. Предизвиците покрај институционални и реформски се однесуваат и на длабокиот јаз меѓу граѓаните. Тоа што граѓаните избраа да го испратат Груевски во минатото, не смее да значи повик за поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ за конечна пресметка со сите кои не мислат исто како нив, ниту пак страв дека ќе бидат подложни на реваншизам само затоа што партијата која е нивен избор нема да е носител на власта. Верувам дека Груевски и приврзаниците, нема лесно да прифатат пораз, и дека се повеќе ќе работат да ја одржат оваа поделеност дури и да ја заоструваат,  но знам дека тие се минато бидејќи граѓаните им се спротивставија и ги казнија на овие избори”- вели за Фактор, политикологот Ивана Туфегџиќ, граѓанска активистка која се најде на кандидатската листа на СДСМ.

Граѓаните според неа  покажаа зрелост и желба за промени во начинот на владеење, во нивниот живот и надеж за подобрување на нивниот живот. Борбата на граѓанинот како што вели  не почнува и не завршува на денот на гласањето, таа мора да е постојана и насочена кон унапредување на демократијата, а со тоа и кон унапредување, освежување и модернизирање на политичките партии кое е можно само преку  демократизација на политичките партии.

“Кампањата на опозицијата и беше насочена кон животот, кон секој граѓанин и кон важноста на секој граѓанин, не само како глас кој може да донесе промена, туку и кон животот на секој граѓанин. Граѓаните ги надминаа сите уцени, закани, притисоци со кои се соочуваа и го избраа животот и правдата. Сметам дека политички опции се создаваат, токму од граѓаните, тие не ни се дадени од небото ниту пак се вечни во политичкиот систем, затоа можен развој на демократијата”- додава политикологот Туфегџиќ.

Искуството, експертизата и знаењето кое граѓанскиот сектор го поседува  додава, е нужно во креирањето на стратешки решенија во сите области, а најмногу во областа образование и млади. Како држава вели  е нужно младите да бидат вклучени во процесот на креирање политики, но и во нивната имплементација, затоа што младите се ресурс и партнер на секоја власт.

“Неформалните групи, невладините организации, синдикатите, коморите и сите засегнати страни мора да почнат да бидат третирани како партнери во процесите за да политиките го даваат резултатот кој е посакуван, но најмногу поради квалитетот на самите политики. Игнорирањето, сатанизацијата, етикетирањето на граѓанскиот сектор се дел од причините поради кои денес Македонија се наоѓа во тешка криза и поради кои политиките креирани од власта ги наполнија аеродромите со млади луѓе кои имаат билети во еден правец”-објаснува Ивана Туфегџиќ.

Обидот за застрашувачка, заканувачка и потпалувачка реторика според неа е ситуација во која треба лидерот пред членството да го сокрие сопствениот пораз е во најмала рака неодговорност и очај. За жал, вели таквата реторика сепак го подгреа тлото за говор на омраза, па така на социјалните мрежи се ширеа некролози за амбасадорите, закани и истурена омраза кон граѓански активисти или поддржувачи на опозицијата. Таквите повици и подгревање на судир меѓу граѓаните повеќе вели не поминуваат, ниту пак за нив има место во општеството.  Поделбата на наши и ваши, потенцира  мора да запре и тоа ќе биде најсилниот предизвик со кој ќе се соочиме.

“Таканаречената десоросоизација која ја најави Груевски ги отвори портите на неговите приврзаници да ги засилат заканите кон активистите и членовите на невладините организации. Прогласот чијашто првична цел беше сокривање зад приврзаниците кои требаше да ги бранат од законското право на поднесување приговори до ДИК отвори серијал на говор на омраза, кој е само доказ за неодговорноста и очајот во кој се наоѓа Никола Груевски”- објаснува Туфегџиќ.

Со закани кон меѓународната заедница, опструкцијата на СЈО, попречувањето на правдата сигурно не се приближуваме до ЕУ и НАТО. Клучен проблем вели  е недостатокот од волја за независно судство, како и долгата традиција на несанкционирање на криминал.

“Ако некој однадвор кој не знае ништо за Македонија праша колку премиери, министри или носители на било какви јавни функции некогаш одговарале пред законот, одговорот би бил ниту еден и веројатно би помислиле дека ние ги имаме најчесните политичари во Европа. Но, реалноста е дека нашите граѓани се се посиромашни, а криминалот се повидлив. По објавувањето на бомбите стана појасно што се случувало во државата и кој е носител на криминалот и сега за да можеме да бидеме стабилна демократска земја нужно е криминалот да го изведеме пред лицето на правдата. СЈО е чекор кон тоа, но сеуште ни е неопходно специјално судско одделение кое ќе ги процесира предметите на СЈО”- потенцира Туфегџиќ.

Реформски приоритети од извештајот на Прибе како што вели  се всушност темелите на стабилни и функционални институции кои ќе бидат ослободени од прангите на било која власт. Се додека тоа не го испорачаме вели  ќе останеме на опашката и вон евроатланскиот пат.

“Јас не сакам да се занимавам со политичка метеорологија зашто сметам дека тоа е прилично неблагодарно. Она што можам да го кажам е дека граѓаните избраа и очекуваат длабоки промени на политичката сцена и нивната волја мора да биде испочитувана”- порачува Ивана Туфегџиќ.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители