29 Март, 2024
0.0242

ИТНО ТРЕБААТ ПАРИ: Земјава ќе се задолжи над половина милијарда евра за битка со корона кризата

Објавено во: Финансии, Корона Вирус 22 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Владата ќе се задолжи за 400 милиони евра кај странски банки, во вид на таканаречен заем пред обврзница. Парите ќе се вратат откако ќе се издаде еврообврзница. Од ММФ ќе се повлечат 87 милиони евра, а од Светска банка ќе се бараат 100 милиони.

Ова на прес го објави министерката за финанбсии Нина Ангеловска.

„Ги разгледавме сите опции. Владата вчера го усвои планот за задолжување. Бидејќи еврообврзницата е подолг процес за кој се потребни повеќе од два месеци и имајќи ја предвид непредвидливоста на пазарот на капитал, МФ предложи сега за финансирање да се искористи специјален бриџ ту бонд лоун, односно заем до еврообрзница, во износ од 400 милиони евра, со рок од 12 месеци. Ова е со цел да се финансираат сите потреби во здравството и стопанството. Тој ќе се отплати кога ќе се издаде еврообврзницата. Заемот е од странски банки под навистина поволни услови“, рече Ангеловска.

Очекуваме, нагласи, поволна каматна стапка дури и пониска од еврообврзницата издадена во 2018, кој имаше поволна стапка од 2,75 отсто. 

Се планира да се повлечат и 87 милиони евра од ММФ, на кој земјава има право како членка, а од СБ очекуваме да повлечеме 100 милиони евра. 

„Предлогот за повлекување овие пари е потпишан и од дополнителната заменик министерка за финансии, што укажува на големата свест за кризата“, рече Ангеловска.

Таа претходно нагласи дека Владата направила многу сценарија, но тие од ден во ден се менувале. 

„Владата направи избор, меѓу здравје и економија, го одбра здравјето. Некои држави ја одбраа економијата, па потоа преземаа потешки мерки. Секако, работевме за справување и со економскиот шок. Целта на економскиот тим во Владата е да ја заштити ликвидноста на буџетот и да го заштити секое работно место. Првиот пакет со кој излеговме беше критикуван како недоволен, а некои го критикуваа и тајмингот. Критиката е добредојдена. Ние бевме во услови на техничка Влада и рацете ни беа врзани“, рече Ангеловска. 

Без да се обезбедат средства, не би било добро предлагањето на агресивни мерки. За многу од мерките беа потребни и законски измени кои не беа возможни пред да се прогласи вонредна состојба. 

„Најважни две работи се да обезбедиме сигурност на буџетот и за најцрни сценарија, ставајќи го буџетот на МЗ на прво место, и да обезбедиме финансиска и ликвидносна инјекција за стопанството, мерки за помош на фирмите, за да го заштитиме секое работно место. За тоа треба средстав од надвор. Согласно буџетот за 2020 во план беше издавање на еврообврзница од 500 милиони евра, што требаше да се случи во втората половина од годината. Имавме комодитет. Требаше да се отплатат дел од старите долгови и да се финансира дефицитот. Со оглед дека имавме распишани избори, издавањето на еврообврзницата беше оставено за по изборите. Коронакризата ни го елиминира тој комодитет. Сега имаме итна потреба од пари. За следниот квартал очекуваме удар врз приходната страна и мора да обезбедиме пари веднаш“, објасни првата финансирека.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Народната банка и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во нашата земја

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

БЕРЗИТЕ ИМАЛЕ ПОДОБРИ ДЕНОВИ: Намалување на индексите на Волстрит, S&P 500 во загуба трет ден по ред

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

ЗАМИНУВАЊЕТО НА ШЕФОВИТЕ ПОЗИТИВЕН СИГНАЛ ЗА ИНВЕСТИТОРИТЕ - Акциите на Боинг растат по промената на раководството на компанијата

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

СЕ ОГЛАСИ КОМЕРЦИЈАЛНА ПО ПРОДАЖБАТА НА ИМОТОТ НА ЕУРОНИКЕЛ - остануваме посветени да се наплатат доверителите и вработените, должниците веднаш да си ги платат обврските

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

Доларот зајакна по најавата за намалување на каматните стапки

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА ПРЕКУГРАНИЧНИ ТРАНСАКЦИИ СО ПРИСТАП КОН СЕПА - со законски измени до побрз пристап

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КИНЕСКОТО ЧУДОВИШТЕ ЗА ОНЛАЈН ШОПИНГ СТАНУВА СЕ ПОГОЛЕМО:„Амазон е на стероиди!“

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка

КОЈ ПЛАТИ 753 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА АКЦИИ НА СТОПАНСКА БИТОЛА ВО ЕДЕН ДЕН - има ли ова поврзаност со најавеното припојување кон Комерцијална банка