25 Април, 2024
0.0297

ИТНО НА СРЕДБА ВО ВЛАДАТА - Спасовски ги повикал кабелските оператори да бараат решение за проблемот

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Техничкиот премиер Оливер Спасовски итно ги повикал на состанок сите кабелски  оператори за денеска во 15.30 часот, дознава Фактор.

Целта на средбата, според нашите сознанија, е да се изнајде решение за големиот проблем кој настана откако тие предупредија дека ќе престанат со емитување на сите домашни и странски ТВ канали, во знак на револт од измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кои беа донесени непосредно пред распуштањето на Собранието, а кои според нив, ќе им го оневозможат нормалното работење. Тие поднеле и Иницијатива до Уставниот суд за да се донесе времена мерка за суспендирање на ова законско решение. 

Какви решенија ќе се изнајдат на средбата, останува да се види по состанокот.

А вчера, министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски, изјави дека забраната за емитување на странски програми без регулирани авторски права, е усвоена уште со законските измени од 2018.

„Кога Собранието во 2018 година ги усвои законските измени со кои се забранува емитување на странски програми без регулирани авторски права, имаше согласност и од кабелските оператори и од националните медиуми како засегнати страни. Дополнително, во врска со ова прашање постоеше и политички консензус, откако ескалираше спорот на релација национални медиуми - кабелски оператори поради авторските права. Тогаш беше утврдено дека законските измени ќе важат по изборот на нов состав на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, која требаше да изготви подзаконски акти врз основа на законските измени, меѓутоа тоа одби да го стори. Поради политичката блокада на ВМРО-ДПМНЕ во матичното собраниско тело за избори и именувања, не беше возможно да се избере нов состав на ААВМУ, па Собранието пред распуштање едногласно изгласа законската измена од 2018 година да стапи во сила“, објаснува Манчевски.

Експресно му возвратија кабелските оператори. Тие нагласија дека не сакаат да ги исклучат ТВ каналите. Напротив, потенцираа, ги направиле сите потребни чекори да не дојдат во таква ситуација која им ја налага законската регулатива. 

„Но, измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за нас претставуваат акт на јавна власт кој има ефект на ситуација на Виша сила и го оневозможува нашето нормално работење. Ние, како и досега докажавме дека сме подготвени за дијалог со сите засегнати страни. Но, за жал нашите укажувања за неприменливоста на овие измени не завршија со конструктивно решение. Напротив, измените на законот беа донесени по брза и нетрансапретна постапка на последната седница на Собранието пред неговото распуштање. Не вродија со плод ниту укажувањата од Европската комисија дека ваквите измени се спротивни на ЕУ директивите и дека вакво законско решение не постои во ниту една земја членка на ЕУ“, изјавија од Здружението на Информатичко- комуникациските технологии.

За операторите, ваквата одговорност која им се наметнува е апсурдна. Тие сметаат и дека овие законски измени се спротивни на Уставот, поради што и поднеле Иницијатива до Уставниот суд за носење на времена мерка, со што очекуваат примената на овој закон да биде суспендирана, се додека Уставниот суд не донесе одлука за поништување на овие неуставни измени на Законот.

Оттаму нагласуваат и дека нема потреба од дополнително регулирање на авторските права, бидејќи тие се веќе регулирани со друг Закон. 

„Заштитата на авторските права се прави преку суд, при што оној чие право е повредено треба да го заштити своето право на суд, но против оној кој го прекршил тоа право, а не против тој што само технички ја реемитува програмата, со регулирани права за реемитување. Измените на ЗААВМУ што сега се на сила се целосно непримелниви,  бидејќи на операторите кои реемитуваат програмски содржини им наметнува да гарантираат за авторските права на програми што не ги произведуваат, а за тоа да имаат кривична одговорност. Ваквата ситуација создава дополнителна конфузија во целата област, бидејќи воведува одговорност на операторите за туѓи дејствија, што е правно целосно неиздржано“, велат од Здружението.

Операторите и вчера нагласија дека се подготвени за средба и за изнаоѓање на решение на оваа ситуација, која, како што велат, им нанесува штети на сите страни, а најмногу на корисниците.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи

Кајчев по првиот круг претседателски избори: Можно е да се влошат македонско-бугарските односи