24 Април, 2024
0.0672

ИТАЛИЈАНСКИ НОВИНАР ЗА ФАКТОР: Maкедонија да преговара со Бугарија, а во ЕУ да се смени механизмот на гласање

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Италијанскиот новинар фриленсер Франческо Касалини вели дека нашата земја треба да преговара со Бугарија, и покрај блокадата за почетокот на преговорите со Европската Унија.

Сепак, новинарот забележува дека начинот на кој се одлучува и гласа за почеток на преговори, треба да се смени.

„Пред сè, верувам дека ЕУ не е ефикасна со овие механизми за гласање во Советот, затоа што поради гласање на една држава, другите се тие што губат, како во случајот на Бугарија со Македонија. Мислам дека треба да преговарате со Бугарија. Да се ​​спроведат барањата од договорот за пријателство потпишан пред 3 години со Софија. Од друга страна, интерес на двете држави е да бидат дел од ЕУ“, вели новинарот.

Според него, ЕУ треба да биде вклучена во надминување на спорот меѓу двете земји.

„Јас не сум експерт за бугарско-македонското прашање, но очигледно тие се многу заинтересирани за националниот идентитет за да го подигнат случајот како држава. Верувам дека унијата ќе има корист од влезот на Бугарија, но и на Македонија. Потребно е и посилно посредување од другите земји-членки, барем јас така мислам“, додава Касалини.

Интервјуто кое неодамна го даде за БГНЕС македонскиот премиер Зоран Заев ја „вжешти“ атсмоферата  во земјава. Се бара оставка од Заев. Многу политичари го критикуваа, но имаше и членови на Владата кои му дадоа поддршка. Во меѓувреме властите опоменаа дека се следи говорот на омраза на социјалните мрежи  насочен кон Бугарија, и тој ќе се казнува.

Бугарија даде поддршка на Албанија за старт на преговори, но не и на Македонија.

Од Брисел стигнуваат сигнали дека оваа година старт на преговорите нема да има. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред