ИТАЛИЈА: Помал број починати и помал број пациенти на интензивна нега
Објавено во: Свет, Корона Вирус 04 Април, 2020
За прв пат во повеќе од една недела во
Италија има помалку од 700 починати. Властите денеска јавија, дека во
последните 24 часа починале 681 лице од коронавирусот.
За првпат од почетокот на епидемијата, во земјата има и пад во бројот на луѓето што се на интензивна нега. Денеска тој број изнесува 3.994 наспроти 4.068 вчера.
– Тоа е важна вест, затоа што им дозволува на нашите болници да земат здив. За првпат бројката паѓа од почетокот на итната состојба, изјави шефот на италијанската Цивилна заштита Анџело Борели.
Вкупниот број на починати од почетокот на епидемијата досега во Италија изнесува 15.362.