Италија го одобри нашиот прием во НАТО
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2019
Како штп беше најавено, италијанскиот парламент го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Информацијата, на социјалните мрежи, ја сподели министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.
„Grazie Italia! Уште една ратификација на НАТО Протоколот!“, објави Шекеринска.
Досега 21 држава целосно ја завршија процедурата на ратификација на протоколот и негово депонирање во Вашингтон.