ИСТРАЖУВАЊЕ ВО 14 ЗЕМЈИ: Луѓето се повеќе им веруваат на вакцините, не се плашат од несакани ефекти
Објавено во: Свет 05 Март, 2021
Довербата кај вакцините за коронавирусот расте ширум светот и се повеќе луѓе се подготвени да ја примат, а во исто време се намалува стравот од несакани ефекти, покажа студија спроведена во 14 земји, чии резултати беа објавени денес.
Студијата, спроведена од Институтот за глобално здравје иновации при Империјал колеџ во Лондон (IGHI) и YouGov, покажа дека довербата во вакцините се зголемила во девет од 14 земји, вклучувајќи ги Франција, Јапонија и Сингапур, каде порано довербата во вакцините беше мала.
Според истражувањето спроведено од 8 до 21 февруари, Британците се најподготвени за вакцинирање, од кои 77 проценти рекле дека ќе бидат подготвени да примат вакцина што ги штити доколку се понудат во следната недела. Ова претставува зголемување во споредба со ноември кога 55 проценти од луѓето покажаа таква подготвеност.
Истражувањето во ноември беше спроведено непосредно пред британскиот регулатор да одобри употреба на првата вакцина, онаа на Фајзер и Бионтек.
Луѓето во Франција, Сингапур и Јапонија, сепак, се најмалку подготвени да ја примат вакцината. Во Франција тоа го сакаат само 40 проценти, а во Сингапур и Јапонија по 48 проценти. Сепак, зголемување на подготвеноста е забележано и во тие три земји, бидејќи во ноември само 25 проценти од Французите, 36 проценти од Сингапурците и 39 проценти од Јапонците биле подготвени да се вакцинираат.
Истражувањето исто така открива дека стравот од несакани ефекти на вакцината е избледен во повеќето земји и помалку од половина од испитаниците (45 проценти) го спомнале тоа.
Французите (56 проценти од испитаниците), Сингапурците (59 проценти од испитаниците) и Јапонците (61 процент од испитаниците) се најмногу загрижени за можните несакани ефекти, а Британците се најмалку загрижени.
Студијата вклучува повеќе од 13.500 луѓе во Австралија, Велика Британија, Канада, Данска, Франција, Германија, Израел, Италија, Јапонија, Холандија, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Шпанија и Шведска.
Извор: Индекс.хр