19 Април, 2024
0.0632

Истражување на универзитетите на САД и Кина: Колку повеќе е загаден воздухот, толку понесреќни се луѓето

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber


Обратнопропорционален е односот помеѓу квалитетот на воздухот и расположението на луѓето, односно повисоките нивоа на загадување на воздухот се поврзани со намаленото ниво на среќа за жителите во истото место на живеење, според новото американско-кинеско научно истражување.

Загадувањето на воздухот и понатаму претставува сериозен проблем во Кина, каде што се проценува дека секоја година се предизвикани 1,1 милион предвремени смртни случаи, со годишно оптоварување на економијата од 38 милијарди долари.

Истражувачите од американските универзитети МИТ и Јужна Калифорнија, како и кинеските универзитети во Шангај и Пекинг и Кинеската академија на науките, кои ја објавија статијата во списанието Nature Human Behavior, ги поврзаа нивоата на микрочестички во атмосферата, со флуктуации во расположението на граѓаните во 144 кинески градови.

Научниците користеа специјален алгоритам за анализа на емоционалната содржина од 210 милиони пораки (твитови) од платформата Сина Веибо, кинеската верзија на Твитер. Така, за секој град и секој ден има просечен "индекс за среќа" со скала од нула до 100.

Корелацијата на овој индекс со промените во дневните концентрации на микрочастици покажа дека загадувањето и среќата се тесно поврзани со инверзна врска: кога некој показател оди нагоре, другиот паѓа надолу. Всушност, беше откриено дека жените се емоционално почувствителни од мажите на зголемено загадување, како и луѓето со повисоки примања. Исто така, луѓето од најчистите и „највалканите“ градови се оние кои се психолошки повеќе погодени од оние што живеат во градовите со средно загадување.

Иако кинеската економија расте со годишна стапка од околу 8%, нивоата на задоволството на граѓаните не се зголемуваат подеднакво - и загадувањето делумно може да биде одговорно за ова, покрај несоодветните јавни услуги, повисоките цени на недвижниот имот, загриженоста за безбедноста на храната итн. Загадувањето на воздухот главно се должи на брзата индустријализација, широката употреба на јаглен и циркулацијата на се повеќе и повеќе автомобили.

"Меѓу другото, загадувањето исто така има и емоционални трошоци. Луѓето стануваат несреќни, а тоа значи дека можат да донесат ирационални одлуки", рече кинескиот истражувач Сики Зенг, асистент професор по МИТ. Како што рече, во денови на големо загадување, поради анксиозност и краткотрајна депресија, луѓето имаат поголема веројатност да покажат импулсивно и ризично однесување, правејќи нешта за кои можат да зажалат подоцна.



Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција