25 Април, 2024
0.0269

Историски рекорд на гасот во Македонија, но далеку од доволно

Објавено во: Економија 22 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

И покрај прилично поволните зимски температури во 2019, историската потрошувачка на природен гас на годишно ниво во Македонија е рекордна, иако национаната гасификација е далеку од завршена. 

Регулаторнате комисија за енергетика објави рекордна вкупна регистрирана потрошувака во износ од 295 милиони нормални метри кубни, пред сè благодарение на постројки кои од природен гас произведуваат струја и топлина како ТЕ-ТО и ЕСМ Енергетика, како и топланите БЕГ и Скопје Север. Со тоа преку интерконективниот гасовод се потрошени многу повеќе количества по падот на 253.милиони кубни метри во 2018 и претходната потрошувачка од 275 милиони во 2017.  Ако годишната потрошувачка до пред десет години е под 100 милиони метри кубни, сега таа е на прагот на 300 милиони.

Ова се рекордно пренесени количества на природен гас од кога почнува со работа преносниот систем на АД ГА-МА и претставуваат зголемување за 16 отсто во однос на пренесените количества во 2018 година од Русија, преку гасоводниот систем на Бугарија.

АД ГА-МА, која оперира со постојниот гасовод, продолжува со проширување на гасоводната мрежа околу градот Скопје, а цената била значително намалена во однс на претходните години по просечна тарифа која изнесува 1,27 ден, односно за 12 отсто помала од една година претходно .Бројот на индустриските и  другите големи потрошувачи е доведен до 60 приклучоци во 2019 година. 

Зголемена потрошувачка има и во периодот јули-септември кај ТЕ-ТО, односно вонзимскиот период, додека кај индустриските потрошувачи доминантна улога има металната индустрија предводена од Макстил, Арцелор Митал, ФЗЦ 11 Октомври.

ГА-МА снабдува и други потрошувачи од индустријата како Жито Лукс, Пивара Скопје, Алкалоид, Европа и други. Тука се субјекти како Клинички Центар и ГОБ „8 Септември“ , училиштата и другите образовни центри. Во меѓувреме дејноста се прошири и во општини како Илинден, Чаир, Карпош и Ѓорче Петров, а се поставуваа приклучоци на нови корисници како „Пекабеско“, ЈСП, Амбасадата на САД идр.

Кај дистрибутивните системи има многу погоема потрошувачка на гасот што го снабдува Дирекцијата за скопската индустриско-развојна зона, како и кај ЈП Куманово Гас. Доминантно учество на пазарот на мало со природен гас во 2019 година и натаму има Макпетрол Промгас.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?