20 Април, 2024
0.0277

ИСТОРИСКИ НАЈНИСКА - НБМ ја симна основната камата на само 2 отсто

Објавено во: Финансии 15 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Народна банка ја намали основната камата на 2 отсто. Ова е досега историски најниско ниво на каматната стапка која е репер за формирање на каматните стапки на деловните банки. 

Оваа одлука ја донел Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, откако ги разгледал клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Причина се поволните движења на девизниот пазар, што ги зголеми девизните резерви. 

„Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на присутните ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика, при што беше одлучено основната каматна стапка да се намали за 0,25 процентни поени, односно од 2,25 отсто, на 2,00 проценти. Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 15 јануари 2020 година e задржана на нивото од 25.000 милиони денари. Одлуката за намалување на каматната стапка се темели на постојаните поволни движења на девизниот пазар, што доведе до поголем раст на девизните резерви од очекуваниот, што, пак, упатува на отсуство на притисоци во надворешниот сектор и стабилни согледувања на домашните субјекти. Истовремено, тековните движења укажуваат на умерен раст на домашните цени, а со тоа и отсуство на ценовни притисоци“, соопштија од централната банка. 

Во однос на најновите макроекономски показатели за домашната економија, Комитетот оцени дека економскиот раст остварен во првите три квартали од 2019 година, од 3,6 отсто, е во согласност со проекциите за овој период од годината, а расположливите високофреквентни показатели за октомври-ноември се во согласност со очекувањата за поумерен економски раст во последниот квартал од годината.

Кога станува збор за промените кај потрошувачките цени, oстварената просечна годишна стапка на инфлација за целата 2019 година од 0,8 отсто соодветствува со октомвриската проекција, односно е незначително под проектираната стапка од 1 процент. При инфлација што е нешто пониска од проектираната во октомври минатата година, како и при надворешни влезни претпоставки ревидирани во дивергентни насоки, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата за 2020 година од 1,5 отсто засега се оценуваат како урамнотежени. Неизвесноста околу движењата на цените на примарните производи на светските берзи и натаму е главниот фактор на ризик за проекцијата на домашната инфлација за следниот период.

„Последните податоци за девизните резерви покажуваат нивен натамошен раст, при поволни движења на девизниот пазар и интервенции со откуп на девизи од страна на Народната банка. Показателите за адекватноста на девизните резерви покажуваат дека тие и натаму се во сигурната зона. Според расположливите показатели за надворешниот сектор, податоците за надворешнотрговската размена за периодот октомври-ноември засега упатуваат на можност за остварување повисок трговски дефицит во однос на проекциите за четвртото тримесечје. Последните расположливи податоци за нето-откупот од менувачкото работење, заклучно со втората декада на декември, укажуваат на можност за остварување нето-приливи од приватни трансфери согласно со проекциите за четвртото тримесечје“, велат од НБМ.

Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за декември покажуваат натамошен годишен раст и на депозитите и на кредитите, при што остварувањата не упатуваат на поголеми отстапувања од проекцијата.

Во декември, преовладувало претежно позитивно расположение помеѓу учесниците на меѓународните финансиски пазари, за што главно придонесоа информациите околу постигнувањето согласност за „првата фаза“ од трговскиот договор помеѓу САД и Кина. Во такви околности, интересот на инвеститорите беше насочен кон поризични финансиски инструменти, што придонесе за натамошен раст на цените на акциите на светските берзи, раст на приносите на државните обврзници и депрецијација на САД-доларот. Централните банки на глобално ниво и натаму спроведуваат експанзивни монетарни политики, што воедно беше карактеристика и за целата 2019 година. Од друга страна, на почетокот на јануари 2020 година, засилените геополитички тензии на Средниот Исток имаа привремен ефект на зголемување на побарувачката за безбедни инструменти, што, пак, се одрази со намалување на нивните приноси.

„Ризиците и понатаму постојат, поради што Народната банка ќе продолжи со внимателно следење на трендовите и потенцијалните ризици од окружувањето, заради соодветно приспособување на поставеноста на монетарната политика“, велат од НБМ.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин