Истекува рокот: Кој треба да се регистрира како ДДВ обврзник
Објавено во: Економија 03 Јануари, 2020
До 15 јануари истекува рокот сите правни и физички лица кои во 2019 година имале промет под два милиони денари, а се регистрирани како ДДВ Обврзник да се дерегистрираат од Регистарот.
Тие пак кои лани имале промет од над два милиони денари до тој датум треба да се регистрираат како ДДВ обврзници.
Управата за јавни приходи и Министерството за финансии ги потсетуваат граѓаните да го сторат тоа, а веќе изготвиле и прирачник со инфромации кои ќе им посулжи ако имаат некои нејсанотии околу пријавата.
Даночни обврзници за данокот на додадена вредност можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочлива стопанска дејност