Исечен цел ред дрва кај Ист Гејт Мол
Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2021
Среде бел ден денеска беше исечен цел дрворед во близина на Ист Гејт Мол во Општина Гази Баба.
Засега нема објаснување ниту од централните, ниту од локалните власти која е причината за сечата на дрвата кај поранешен „Саем“.
Скопјани попладнето затекнаа неколку исечени дрвја во непосредна близина на самиот трговски центар, а на местото имаше и механизација.