Исчезнаа две девојки од Скопје
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2020
Две девојки од Скопје во полиција се пријавени за исчезнати.
Во Полициска станица Гази Баба, вчера во 21.30 часот, А.А.(42) од с.Сингелиќ пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.А.(14).
Во истото време синоќа во Полициска станица Гази Баба А.А.(49) од с.Страчинци пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.З.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата.