Исчезнаа две девојчиња во Македонија
Објавено во: Македонија 19 Мај, 2019
Исчезнаа две 14-годишни девојчиња во Македонија.
Во СВР Штип, вчера Е.Ј.(31) од Штип пријавила дека истиот ден околу 02.00 часот од домот се оддалечила нејзината 14-годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Истиот ден во 21.00 часот во Полициската станица Чаир, Н.С.(48) од Скопје пријавил дека на 16.05.2019 година околу 19.00 часот, 14-годишно девојче, на кое тој е очув, заминало од домот во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.