Исчезна француски танкер кај Брегот на Слоновата Коска!
Објавено во: Свет 04 Февруари, 2013
Францускиот танкер кој исчезна во близина на Брегот на Слоновата Коска најверојатно бил жртва на пирати, пишуваат француските веници. Тие се повикуваат на информации од Меѓународното биро за поморски сообраќај, според кое танкерот пловел под знамето на Луксембург и на него се наоѓале 17 членови на екипажот.
Од бирото посочуваат дека има основани сомневања дека танкерот бил киднапиран од пиратите, кои по зачестените патроли на Нигерија и Бенин во Гвинејскиот залив, сега ги поместиле активностите кон Брегот на Слоновата коска.