Исцелител на најголемиот филмски фестивал во Латинска Америка
Објавено во: Стил 19 Октомври, 2018
Исцелител ќе биде дел од официјалната програма на најголемиот фестивал во Латинска Америка, меѓународниот фестивал во Сао Пауло Mostra Internacional de Cinema / São Paulo International Film Festival.
На 42-то издание на едниот од најголемите фестивали во светот ќе се прикажат овогодинешните добитници на награди на Кан, последните филмови на Џафар Панахи и Ларс фон Триер и уште 330 останати филмови од целиот свет. „Исцелител“ ќе има пет проекции за време на 14 дневниот фестивал.