Иран урива рекорди со бројот на заразени
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Јули, 2021
Во Иран има рекорден број новозаразени од коронавирусот.
Денеска имаат 34.900 нови случаи, со што беше соборен нов рекорд, откако бројот на заразени во понеделникот достигна 31.814. Здравствените власти денеска забележаа 157 починати. Владата нареди затворање на државните канцеларии и јавните места во Техеран. Иран се бори со остри санкции од САД, глобална изолација, топлотни бранови и протести поради недостиг на вода на југозапад. Здравствените работници предупредуваат дека болниците во главниот град Техеран се преполни со пациенти, а само помалку од три проценти од Иранците се целосно вакцинирани.
Иранската влада објави дека нејзината домашна вакцина обезбедува околу 85 отсто заштита од коронавирусот. Земјата ја увезе и руската вакцина „Спутник В”, како и АстраЗенека преку програмата Ковакс, поддржана од ООН.
И болниците во Тајланд се преполни, нема доволно кревети, а пациентите ги лечат на паркинзи.