ИРАН Е НА ГОТОВС: Се подготвува напад
Објавено во: Свет 29 Септември, 2019
Иран има информации дека се подготвува напад и затоа нафтената инфраструктура е на готовс.
Министерот на нафта Бижар Намдар Занганеј го повика нафтениот сектор да биде на максимално ниво на подготвеност. Причина се заканите за физички или сајбер-напади врз Иран, објави иранското Mинистерство за нафта, пренесе „Б92“.
Тој објасни дека тие мерки мора да бидат преземени поради американските санкции против Иран и тоталната економска војна која земјата на Блискиот Исток го обвинува Вашингтон дека ја води против нив.
Техеран на 21 септември ги негираше медиумските извештаи дека иранските нафтени постројки се пореметени во работата поради сајбер-напад.
Ријад, Вашингтон, Берлин, Лондон и Париз го обвинија Иран дека е одговорен за нападите со дронови во кои на 14 септември е оштетена нафтената инфраструктура на Саудиска Арабија кога кралството, патем водечки светските извозник на нафта, мораше значително да го намали прозводството.