25 Април, 2024
0.1050

Инвеститори не е време за големи промени!

Објавено во: Финансии 29 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Корона вирусот го достигна својот врв насекаде во Европа и САД. Бројот на заразени, хоспитализирани и починати опаѓа. Затоа земјите забрзано работат на стратегијата за излез од карантинот. Темпото е различно, Данска и Австрија се понапред за разлика од Италија и Шпанија кои заостануваат. И во САД, темпото е различно и главно зависи од индивидуалните држави. Како што стојат работите, процесот на отворање ќе биде побавен отколку што се чинеше на почетокот на кризата. Одредени дејности како што се туризмот, рестораните, воздухопловството и слични дејности каде што се собираат голем број на луѓе, ќе бидат отворени со големо задоцнување и со тоа негативното влијание врз економијата ќе биде подолго од првично проценето. Во најдобар случај, можеме да очекуваме закрепнување во форма на U, иако постои многу неизвесност за тоа како ќе изгледа економската активност во втората половина од годината.

Еве дел од прегледот кои го составија портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс 

– Земјите продолжуваат да преземаат дополнителни мерки за поддршка на економијата.  Тие им помагаат на најтешко погодените индустрии, така што најголемите европски авиокомпании како „Луфтханза“ или производителот на спортска облека „Адидас“, ќе добијат поволни кредити од милијарди евра и други форми на помош за да им се помогне да преживеат во следните неколку месеци. Од друга страна, компаниите објавуваат резултати за првиот квартал на 2020 година и во најголем дел прават многу претпазливи предвидувања за вториот квартал и за втората половина од годината. Резултатите се во согласност со очекувањата, за првиот квартал тие се сè уште релативно добри, додека предвидувањата за вториот квартал се во просек многу полоши отколку во истиот период минатата година, но сепак не се значително полоши од очекувањата на инвеститорите. Досега, позитивно изненадија здравствената и ИТ-индустријата, негативно се претставија финансиската, воздухопловната, автомобилската и некои други индустриски компании.

– Пазарите на капитал се држат исклучително добро. Веројатно, голем дел од заслугите се припишуваат на помошта од централните банки кои креираа обилната ликвидност во последните неколку недели, иако преку купувањата на обврзници и на некои акции велат дека нивната моќ е неограничена. Така, Јапонската централна банка на почетокот на неделава најави дополнителни купувања на обврзници. Ситуацијата на нафтените пазари е смирена, иако цената на нафтата останува екстремно ниска и најверојатно ќе остане таква во наредниот месец или два, со цел економиите да се повратат и да ја заживеат потрошувачката, а со тоа и побарувачката. Но, нафтата и нејзините акции се од релативно мало значење за развиените западни економии, така што по првичниот шок, тие веќе немаат премногу влијание врз движењето на пазарите. Повеќе  загрижува учеството на најголемите пет акции во амерканскиот S&P индекс како Amazon, Google, Microsoft, Apple и Facebook бидејќи учествуваат со 22% во индексот S&P, а ова учество е поголемо споредено со учеството во времето на Големата депресија во 1930-тите. Овие акции се главна причина за брзото закрепнување на американските индекси, па затоа потребна е поголема претпазливост во овој момент.

Совети за инвеститорите:

Инвеститорите во овој момент, се прашуваат „што сега? “ Моментално, не е време за големи промени, бидејќи курсевите се релативно високи, поддржани од ликвидноста на централните банки, иако има многу непознати во глобалната економија. Имаме позитивни очекувања за здравствената индустрија, основната потрошувачка и ИТ индустријата, каде гледаме најголем потенцијал за раст во оваа фаза од корона вирус кризата. Времето за поризични инвестиции ќе дојде, бидејќи постои се поголема јасност околу темпото на отворање на економиите и за самиот вирус. Балансираното портфолио е нашиот најголем сојузник во овие времиња.


Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот