19 Април, 2024
0.0311

ИНВЕСТИЦИИ, ЕВТИНИ КРЕДИТИ И ИЗВОЗ - бизнисот кажа што ќе ни донесе НАТО

Објавено во: Економија 31 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Бизнисот го поздравува влезот на земјава во НАТО и смета дека тоа ќе биде значајна придобивка за земјава. 

Од Стопанската комора на Македонија велат дека нашата земја и формално стана членка на НАТО што е голем ден за македонската држава и важен момент во нашата историја. 

„Остварена е повеќедецениската стратешка цел за која низ годините анкетите постојано покажуваа многу висока поддршка од граѓаните. Стопанската комора на Македонија го поздравува чинот на влез на земјава во НАТО“, вели Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања.

Тој нагласува дека влезот во НАТО е значајна придобивка за една земја. Придобивката е уште поголема кога земјата е мала и самата има многу ограничени ресурси за самостојно развивање на капацитетите на одбраната. Притоа, стабилизирањето на безбедносната ситуација на земјата создава услови и за поширок развој на самото општество, демократијата итн.

„Но, влезот во НАТО отвора и значајни перспективи на економски план. Во моментов сите сме преокупирани со коронавирус кризата, но таа во еден момент ќе помине и тогаш ќе почнат да се материјализираат придобивките и за македонската економија“, велат од комората.

Еве кои се според нив, клучните точки.

Прво за инвестициите. За земја како нашата, која е мала и не е богата, отстранувањето на безбедносниот ризик е важна работа. Тоа ќе овозможи да се зацврсти перцепцијата за македонската економија како атрактивна дестинација како за нови странски директни инвестиции, така и за поголеми домашни инвестиции.

Понатаму, за цената на позајмувањето. Со перцепцијата за намален ризик на земјата, барем во делот на безбедносниот ризик, ако се’ друго е непроменето, се намалува и цената по која земјата позајмува на меѓународните пазари на капитал. Ова значи можност за обезбедување поевтино финансирање на капиталните инвестиции на државата во иднина.

За можностите за извоз. Влезот во НАТО значи и можност за македонските компании да продадат свои производи за задоволување на дел од потребите на НАТО. За своите набавки НАТО има посебен интернет сајт. Таму стои дека компаниите што сакаат да бидат добавувачи на НАТО мора да се основани во земји членки на НАТО. Македонските компании сега веќе влегуваат во оваа група и за нив ќе се отворат нови перспективи во иднина. 

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите