18 Април, 2024
0.0253

Чарлс Валтон, сениор потпретседател за дигитален идентитет во Mastercard

ИНТЕРВЈУ ВАЛТОН: Mastercard ја одбра Македонија поради иновативниот дух на Владата

Објавено во: Економија, Интервјуа 12 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Помалку време за документи кои граѓаните ги добиваат од државните институции, брзо потпишување и одобрување на барања во комуникацијата со приватните компании и банките, се дел од бенефитите кои ќе овозможи проектот за инсталација на современа технологија за дигитален идентитет. Проектот го спроведува Владата во соработка со Mastercard , а ќе значи одвојување на земјава од повеќето држави во регионот во однос на дигитализацијата на услугите. Чарлс Валтон, сениор потпретседател за дигитален идентитет во Mastercard во ексклузивно интервју за Фактор вели дека кај Владата препознал иновативен дух и не се сомнева дека овој проект ќе донесе многу придобивки за сите граѓани.

За каков проект, за каква соработка конкретно станува збор?

Проектот има за цел да овозможи инфраструктура за дигитален идентитет, искористистувајќи ги информациите за идентитетот преку мобилниот телефон на корисникот.  Станува збор за  рамка за дигитална интеракција која е сигурна, безбедна и  од огромна корист за луѓето.




Што впрочем ќе ѝ донесе на Македонија, од аспект на дигитализација на услугите кои ги нуди јавната администрација?

Она што навистина ќе го донесе е иновативен дух , пониски трошоци во комуникацијата со Владата, побрз и полесен пристап. За приватниот сектор односно за бизнисите ќе донесе бенефити во комуникацијата со клиентите, како на пример отворање на нова банкарска сметка, на дигитален, позитивен и доверлив начин. Владата беше иновативна и сакаше да се создаде ваков софтвер, ваква инфраструктура и затоа ние одлучивме да инвестираме овде – поради духот на Владата.

Каков е договорот со Владата, какви се обврските на двете страни?

Владата обезбедува поддршка, интеграција со владините регистри, а ние ќе се надоврземе со инфраструктурата. Mastercard ќе ја обезбеди услугата односно поддршката за компаниите и корисниците. Правиме финансиска инвестиција во државата – обезбедуваме бројни услуги за користење на дигиталниот идентитет со цел да почне употребата на овој систем. Исто така, ќе обезбедиме и едукација за луѓето и компаниите  за  користење на алатката и дигиталниот идентитет.



Вие како водечка компанија во глобалната индустрија на плаќања, го разработивте софтверот, сте работеле ли на слични проекти во други земји?

Ова е нов бизнис за Mastercard, ова е на некој начин промоција на проектот, но секако, имаме почнато ваков пилот проект во Австралија минатата година и имаме слична соработка во Франција како и во други земји во светот. Но, ангажманот овде е прв од ваков тип и во однос на квалитетот во соработката со Владата.

Во услови на забрзана дигитализација во сите сфери, каков е вашиот впечаток, како Македонија се развива на тој план?

Дигитализацијата на економијата, од многу аспекти, ја видовме и на многу други места во минатотот, како на пример во Ирска, Сингапур, Естонија, каде проактивните влади  обезбедија политики и рамки за зајакнување и напредок на економијата.  Но, гледаме дека тоа го прави и оваа Влада овде. Постои огромен потенцијал следната генерација на дигитални услуги да се имплементира и да биде искористена во Македонија.

Регионалниот пазар на плаќања со картички е во подем, иако кога Македонија е во прашање, сѐ уште најголем дел од плаќањата се извршуваат во готовина. Каква е суштината на развојот на овие плаќања во последните години и како вие гледате на тој продор?

Тоа го почувствував кога доаѓав овде, постојат многу места на кои едноставно не може да се плати со картичка. како на пример во такси, кога доаѓав од аеродром. За посетителите  тоа е вистински предизвик и би рекол дека во некоја смисла ова претставува генерациска разлика. Помладите луѓе сакаат да користат мобилен телефон, тие не сакаат да носат кеш, ниту паричник. Сакаат да го користат мобилниот телефон и затоа мислам дека постојат типови на услуги кои што почнале да ги користат токму помладите луѓе. Бенефитите се важни и за промоција на туризмот, за посетите на земјата... Сето ова ќе биде корисно за сите.

На пример, татко ми е во осумдесетите години, не сака да оди на банкомат, а пак ќерка ми не сака да користи банкомат, туку сака сака да го користи мобилниот телефон. Некои од навиките навистина бараат време. Мислам дека дигиталното време е повеќе за помладите.



Компаниите во последниот период најавуваат доста новини со кои ја зајакнуваат безбедноста. Но, кој е најголемиот ризик на кој се изложени клиентите и каде вие ги лоцирате клучните слабости од овој аспект?

Сметаме дека во однос на ова прашање, односно безбедноста и сигурноста, направивме одлична и голема работа. Имаме глобална мрежа во смисла на безбедноста,  на која целосно е посветен Mastercard. Еден од предизвиците  ќе биде едукацијата. Луѓето треба да се навикнат и да имаат доверба во ова. Луѓето не се навикнати, особено сега при промовирањето на дигиталниот идентитет. Но, по таа аналогија – луѓето порано немаа паметни телефони и имаа сомнежи. Затоа сметам дека едукацијата е најважна работа сега и мислам дека важно е да се работи отворено и транспарентно,  однсоно мислам дека е потребно да се научат луѓето да ги користат овие придобивки.



Кои други новитети и иновации ги планирате во однос на дигитализацијата во следниот период?

Во иднина, но не нешто што ќе се случи утре, ќе се фокусираме на креирање на повеќе конективни („поврзани“) апарати во нашите автомобили, дома, на IOT уреди. Исто така, ќе работиме на полето на вештачка интелигенција. Вклучени сме во група за поголема вклученост на жените во овој процес.

Во Македонија, барем таков е впечатокот, Mastercard се некако многу активни на пазарот. Која е стратегијата за овој пазар за следниот период? 

Овој регионна Централна и Источна Европа  е регион на значаен раст за Mastercard. Имаме доста проактивно присуство во регионот и понатаму како компанија чувствуваме дека секако ќе се фокусираме да останеме иновативни во услугите, во технологиите, со бизнис кој е агресивен. Во делот со дигиталниот идентитет и во овие нови сигурносни услуги,  сметаме дека сме понапредво однос на другите и тоа покажува дека сме прифатени и овде, но и во другите земји од регионот.


Александра Томиќ

Фото: Вангел Тануровски

Можеби ќе ве интересира

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

Нов бран на експанзија на казина во Македонија

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ММФ: Maкедонија годинава ќе има економски раст од 2,7 отсто

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПОШТИ СЕ ЗАКАНИЈА СО ШТРАЈК: Доведени се во прашање повеќе од 2.000 работни места

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор