29 Март, 2024
0.0318

Интервју Трпковски: Sport Vision е компанија на која и се верува

Објавено во: Економија 09 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Искрената грижа за потрошувачите и работењето на вработените како една екипа ја разви малопродажната мрежа на Sport Vision низ целата држава. Потребите за здрав и активен живот растат кај клиентите, што претставува и раст на побарувачката. Постојат стратегии и техники кои ритејлерите ги имаат на располагање и кои ќе бидат следниот тренд, а кои ќе овозможат спој на дигиталниот и физичкиот свет. Купувачите, покрај производот, сакаат да доживеат и позитивно шопинг искуство. Со доаѓањето на Sport Vision на македонскиот пазар, евидентно беше раздвижувањето во малопродажбата на спортска опрема и зголемување на конкурентоста. Во делот на царинските тарифи има простор за корекции, посебно за производи кои во нашата земја не се произведуваат, а со високи царински тарифи не придонесуваме кон заштита на домашното производство, вели Игор Трпковски, генералниот менаџер на една од најголемите трговски компании која брзо се етаблираше на македонскиот пазар.

Со каква стратегија на маркетинг ќе влезе Sport Vison во 2020 и како ќе се позиционира на пазарот?

Трпковски: Еден од основните предуслови за успешна компанија е вложувањето во вработените, затоа што ултимативно, тие се оние кои директно влијаат и го диктираат успехот. Континуираното инвестирање во едукација и мотивација на вработените останува приоритет на Sport Vision кој низ годините нè одвои од останатите компании со слична дејност. Со оглед што успешноста на компанијата се мери според постигнатите цели и таргети, задоволни сме од резултатите во годината што изминува. Ова практично значи дека во 2020та година нема да има поголеми отстапки во маркетинг стратегијата на компанијата, и ќе продолжиме да ги комуницираме предностите на Sport Vision кои не одвојуваат од конкуренцијата, затоа што станува збор за повеќе од продажба на спортска опрема.

Менаџментот е потполно свесен за човечкиот потенцијал со кој располага и преку фокусот на своите вработени, овозможува нивно постојано надградување и раст. Со тоа, работејќи како екипа ја надградуваат и развиваат компанијата, што практично се одрази и на нејзиното позиционирање. И следната година ќе продолжиме со општествено одговорна работа и подигнување на свеста на нашите сограѓани за поздрав и активен живот. Со тоа што покажуваме искрена грижа за нашите потрошувачи тие ни ја доверија својата доверба, што пак придонесе за развој на нашата малопродажна мрежа низ целата држава.

Може ли да очекуваме зголемување на малопродажниот ланец и отворање на нови подружници во блиска иднина?

Трпковски: Стратегија значи поставување на цели, а нашите цели се во контекст на задоволување на потребите на потрошувачите. Евидентно е дека свеста и нивните потреби за здрав и активен живот растат, а со самото тоа нам ни се нуди можност да работиме на задоволување на тие потреби. Токму заради ова, имаме динамична стратегија за развој со моќни потрошувачки концепти, на која ќе продолжиме да работиме и во иднина. Од самиот почеток сме пазарно ориентирани и внимаваме на нашето портфолио на брендови. Ќе продолжиме во таа насока. Паралелно со Sport Vision, го развиваме и Sport Reality, кој како ланец на спортска опрема нуди избор за сечиј вкус по достапни цени. Спортскиот и урбан стил кој го нуди Sport Reality очигледно е преференца на многу купувачи ширум земјава затоа што во рок од само 2 години отворивме 13 продавници.

Кога станува збор за продажбата, дали таа ќе се сконцентрира повеќе на он-лајн понудата или на директниот и традиционален начин на продажба?

Трпковски: Неизбежно и сигурно почнуваме да живееме во дигиталниот свет. Секојдневно со саати поминуваме време пред малите омилени екрани на смартфоните каде сме поврзани со буквално сè што не интересира. Само компаниите кои ќе успеат да креираат исклучително добро дигитално искуство за своите потрошувачи ќе успеат да преживеат во дигиталната ера. Дигитализацијата станува сè посериозна закана за традиционалните канали на продажба, што налага неопходност од постоење на он-лајн платформа со која ќе се збогати искуството при купување. Сепак, навиката да се допрат, видат и “почувствуваат” производите, како и иновативниот пристап во директната продажба се најсилните алатки кои ги носат купувачите во продавниците и претставуваат контратежа на интернет продажбата. Онлајн продажбата овозможува 24 часовна достапност на нашите производии останува лукративна можност бидејќи е поврзана со значително пониски оперативни трошоци за разлика од малопродажните продавници. Во секој случај, постојат стратегии и техники кои ритејлерите ги имаат на располагање и кои ќе бидат следниот тренд, а кои ќе овозможат спој на дигиталниот и физичкиот свет. Ние во Sport Vision ќе ги имплементираме како иновација на овие простори со крајна цел поголем избор и комоција за потрошувачите.

Во меѓувреме, остануваме фокусирани брзо да реагираме на пазарните промени и потреби како и да го задржиме професионалниот однос кон купувачите и партнерите за Sport Vision да го оправда имиџот на компанија на која и се верува.

Каков е односот на Sport Vison кон своите вработени и колку вложува во човечките капацитети?

Трпковски: Во последните години сè поголем број бизнис лидери ја истакнуваат важноста за инвестирање во човечкиот капитал, затоа што веруваат дека вработените се носечкиот елемент на кој се должи успехот на една компанија. Sport Visionсе заснова на овакредо и скоро секоe делување, мое и на другите колеги на раководни позиции, е во насока на развој на нашите човечки капацитети.

Едноставно кажано, константната инвестиција во луѓе значи профит за компанијата. Идејата на Sport Vision од самиот почеток беше преку континуирано вложување во едукација и мотивација на своите вработени, да создаде екипа која ќе биде едуцирана, среќна, инспирирана и мотивирана за достигнување големи успеси.

Јас верувам дека еден од начините за една компанија да се позиционира над конкуренцијата е да создаде задоволна екипа. Во моите размислувања, екипата е исто како едно семејство во кое членовите ќе бидат онолку блиски колку што ќе работат на себе и на својот заемен однос. Тоа го прави семејството – семејство, а екипата – екипа...Тоа значи константна поддршка и мотивација на секој од вработените, што според мене е суштински важно, затоа што таа инвестиција е пред сè за личен, па и професионален развој на вработените кои во годиниве наназад создадоа силна екипа која е способна за продуктивна комуникација и знае да се поддржи.

Потрошувачите креираат мислење за една компанија врз основа на нивниот контакт со вработените, понудата, цената, квалитетот...тоа се практично работите на кои ние како екипа посветуваме внимание. Трудот на вработените се наградува, а тоа е дополнителна мотивација да се раскажат уникатните приказни на брендовите при што до израз доаѓа индивидуалноста на секој вработен, неговата креативност, капацитет и мотивираност затоа што купувачите, покрај производот, сакаат да доживеат и позитивно шопинг искуство.

Колку се достапни светските брендови кои ги нудите за клиентите и каков е односот на цената кон побарувачката и очекувањата на клиентите?

Трпковски: Sport Vision постојано го збогатува своето портфолио со нови, но селектирани брендови, со цел да им понуди на своите потрошувачи можност за избор на квалитетна спортска опрема, текстил и обувки. Застапници сме на реномирани брендови како Champion, Ellesse, Umbro, New Balance, North Face и многу други, а партнери сме на водечките светски брендови Nike, аdidas, Reebok, Under Armour и други, чии производи можат да се најдат во сите наши малопродажни објекти.

Континуирано правиме истражувања на пазарот со цел да ја приближиме нашата понуда до барањата и потребите на потрошувачите. Веруваме дека тоа што ние го нудиме не треба да заостанува зад понудата на нашите соседи или на глобалниот пазар, затоа што нашите сограѓани не се ништо помалку од другите и заслужуваат можност да ги задоволат и своите најспецифични потреби. Со доаѓањето на Sport Vision на македонскиот пазар, евидентно беше раздвижувањето во малопродажбата на спортска опрема и зголемување на конкурентоста. Свесни сме дека нашиот пазар се уште нема силна куповна моќ, но токму заради тоа, преку внимателно одбрани спортски колекции, нудиме можност сите да си дозволат позитивно шопинг искуство во кое ќе најдат производи за своите потреби по пристапни цени. 

Ваша генерална оценка за тргувањето со спортска опрема и спортска конфекција на македонскиот пазар. Кои се проблемите на кои наидувате и постои ли простор продажниот амбиент да се подобри со мерки во регулативата?

Трпковски: Глобалниот тренд и сè поголемата свесност за придобивките од активниот животен стил се повеќе се чувствува кај нашите сограѓани. Забрзано расте бројот на луѓе кои посветуваат поголемо внимание на своето здравје и практикуваат некоја спортска активност на дневно ниво. Следствено на тоа, пазарот бележи стабилен раст, што е одговорност и за нас во Sport Vision да ја оправдаме довербата на нашите потрошувачи и да понудиме квалитетна спортска опрема со којатие поефикасно и полесно ќе ги реализираат своите лични спортски предизвици.

Што се однесува до бизнис амбиентот во нашата земја, познато е дека на капиталот му се потребни континуитет и стабилна економска и политичка клима. Трпеливо чекаме да дојде времето кога ќе имаме можност да размислуваме пазарно, на подолги патеки и ќе почувствуваме сатисфакција од градењето на приказна која треба да трае долго и да обезбеди сигурност за сите инволвирани страни.Во врска пак со регулативата,постојат одредени сегменти во постоечката законска рамка кои треба да се појаснат и допрецизираат. Имајќи го предвид фактот дека се подготвуваат измени, верувам дека ќе добиеме можност да дадеме конкретни,конструктивни предлози кои ќе бидат пред сè од интерес на потрошувачите. Неопходно е на транспарентен начин да се разменат мислења со цел да се добијат подобри решенија за сите засегнати страни. Понатаму, во делот на царинските тарифи има простор за корекции, посебно за производи кои во нашата земја не се произведуваат, а со високи царински тарифи не придонесуваме кон заштита на домашното производство. Сето ова би одело во насока на поголема конкурентност, додека крајните добивки ќе ги имаат директно потрошувачите.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат