23 Април, 2024
0.0282

Интервју Стојческа: Ако младите не ги чуеме и оставиме на маргините иселувањето ќе продолжи

Објавено во: Македонија, Интервјуа 26 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Потенцијалот на младите луѓе во Македонија често е неискористен и нивната енергија, желба и мотивираност за наоѓање решенија и учество во процесот на носење одлуки и креирање на политика не се канализирани. Државата се соочува со една од највисоките стапки на младинска невработеност во Европа, како и со висок степен на имиграција и воопшто немање желба кај младите да останат тука. Затоа Младинската алијанса заедно со искуства од 12 земји во светот ја отвора темата што е потребно за да се зголеми младинското учество. Со Билјана Стојческа разговаравме за можностите за развој на претприемачките вештини на младите, како и создавање на нови бизниси со социјална компонента за решавање на општествени проблеми кои може да донесат вработување и профит.

Фактор: Македонија се соочува со висок процент на младинска невработеност далеку над европскиот просек. Како да се создадат услови за задржување на младите во земјата?

Стојческа: Младинската невработеност е важен предизвик како за нашето општество така и за Европа генерално. Денес со 46,5 отсто на невработеност помеѓу младите во нашата држава треба на секој од нас да ни биде ова прашање приоритет. Сепак невработеноста иако е истакната причина за иселувањето на младите од нашата земја, не е и единствена причина за овој феномен. Младите луѓе имаат потреба да бидат чуени, да бидат разберени, да бидат важни во своето општество и секако да имаат услови за квалитетен живот. Наместо да се младите на маргините на нашето општество, треба да бидат во центарот. Ете така тие ќе чувствуваат дека припаѓаат дома и ќе сакаат да останат дома. Добар пример за првичен пристап на овој проблем кој беше споделен на конференцијата “DIVE 3: Zero to One > 1 to N” е примерот од Јужна Африка за кампањата #јасостанувамдома. Ваква кампања може да биде првиот

чекор преземен како иницијален чекор во задржување на младите во нашата земја.

Фактор: Како би ги мотивирале и насочиле младите да земат учество во проекти со социјални претприемништво кои може да создадат дополнителна вредност но, и да решат многу општествени проблеми со кои младите директно се соочуваат?

Стојческа: Младински сојуз - Крушево ги мотивира и ги насочува младите за учество во проекти посветени на социјалното претприемништво повеќе од 10 години. Во нашите проекти како и многу други национални и меѓународни проекти фокусирани на социјалното претприемништво имаме вклучено повеќе од 500 млади луѓе од земјава. Заклучокот од ова искуство е дека само добри примери и сериозна посветеност ги мотивира младите. На младите им се атрактивни меѓународните проекти, но потоа кога ќе се вратат дома важно е да имаат клима за развој на нивните идеи за социјални бизниси. Исто така, комуницирањето со младите за важноста на неформалното образование за нивната иднина исто така придонесува кон нивна мотивација и ангажирање. Конечно, медиумите се исто така важни за мотивација на денешните млади насочувајќи ги информациите важни за нив кон нив.

Фактор: Се донесе нов закон за младинско учество и се најавија повеќе проекти. Ги следите ли активностите за нивно реализирање и дали сметате дека се движат во правилна насока или има уште многу да се работи на ова поле?

Стојческа: Законот за младинско учество вчера ја помина формалната процедура за конечна негова институционализација. Младински сојуз и самостојно како препознатлива организација за млади и како активна членка на НМСМ беше активно вклучена во овој процес. Она што може да го потврдам за процесот до сега дека истиот беше инклузивен, транспарентен и сеопфатен. А во однос дали има и дали треба уште многу да се работи на темата млади луѓе во нашата земја, можам да укажам

дека ние само што ги дефиниравме младите во нашето општество. Не очекува сериозна заедничка работа во иднина за да овој процес ги донесе првите резултати.

Фактор: Со какви искуства ќе се стекнат младите на интернационалната конференција, колку е значајно да се споделат искуствата со младите од повеќе земји?

Стојческа: Конференцијата вклучува младински работници, активисти, професори и експерти на темата социјално претприемништво од 12 земји. Убедена сум дека диверизтетот во групата ќе биде силна инспирација за младите учесници на конференцијата за нивно вработување и самовработување во иднина. Најважниот резултат кој ние го очекуваме и се стремиме за исполнување е да создадеме услови за ефективно поврзување на младите кое ќе доведе до нови акции и вредности меѓу нив. Исто така, пленарните сесии ќе донесат 15 инспиративни приказни кои исто така сме убедени дека ќе ги мотивираат младите да бидат креатори на своите работни места, а не баратели на работа.

Фактор: Кои конкретни резултати очекувате да произлезат од самата конференција и како истите ќе бидат претставени пред надлежните органи за да бидат разгледани и применети?

Стојческа: Конференцијата е дизајнирана за да резултира со сет на препораки за нови политики за зајакнување на еко системот на социјално претприемништво во нашето општество. Препораките ќе бидат насочени кон нови политики за намалување на младинската невработеност, вклучување на младите во креирањето на политики за намалување на сиромаштијата и нови политики за намалување на CO2 емисијата. Овие генерални препораки ќе имаат фокус на социјално претприемништво како инивативно решение за овие сериозни општествени проблеми. По завршување на конференцијата ќе одржиме уште 3 национални тркалезни маси со релевантните носители на одлуки за презентирање на препораките. Ве покануваме заедно да лобираме за прифаќање на нашите препораки.

 (Х.С.) 

Можеби ќе ве интересира

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ОБРАЗОВАНИЕТО ЗАДОЛЖИТЕЛНО, АМА ДЕЦАТА НА РАБОТА – наместо во училишните клупи дел од тинејџерите работат, еве каде ги има најмногу

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

ДАЛИ ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ ЗАМИНУВА ОД ТОКСИКОЛОГИЈА? „Дон Кихот го напушта оклопот, 35 години бев најголем борец“

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

КАКВО ВРЕМЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ: Еве што вели првичната прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Од полноќ почнува изборниот молк

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ДАЛИ Е МОЖЕН БОЈКОТ ВО ВТОРИОТ КРУГ: Силјановска Давкова даде одговор

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ: Ученик претепал наставничка и нападнал соученици

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии

СОФИЈА НЕ САКА ДА ГО РЕГИСТРИРА КЛУБОТ: Maкедонците бараат Судот на правдата да ѝ ги прекине на Бугарија сите исплати на финансии