27 Февруари, 2021
0.0250

Никола Јошевски-генерален директор на ФД „СН Финансии“

Интервју со Јошевски - „СН Финансии“: Добриот менаџер знае да дели, а не само да множи

Објавено во: Економија, Интервјуа 11 Јануари, 2021

Стабилни и ликвидни финансиски друштва покажаа дека во нивни сигурни раце стои кормилото за економска сигурност на населението во време на криза. А токму овој сектор на небанкарски институции заедно со банкарскиот сектор можат да се набљудуваат и како сегмент од посебно значење во кризи, како оваа здравствена криза што го зафати светот во изминатата 2020 година. Економските предизвици со пандемијата на Covid-19 вирусот го забавија динамичниот стопански развој на државата, но исто така јасно ги покажаа и квалитетите на македонскиот сектор на финансиските друштва. СН финансии на пазарот е препозната како финансиско друштво кое создава и негува посебен однос со своите клиенти, како комапнија која е модерна, иновативна, но и особено активна во прилагодување на динамичниот систем кој изминатата година на тест го стави човештвото. Разговаравме со Никола Јошевски, генерален директор на ФД „СН Финансии“ 

Помина 2020 година. Многумина ќе речат, најтешката во последните децении. Колку корона кризата нанесе штета на економијата и дали секторот на финансиските друштва, конкретно компанијата која Вие ја водите, СН финансии можеше да одговори на оваа глобална криза? 

Јошевски: Секоја криза истовремено може да биде и шанса, а кризата предизвикана со пандемијата на Covid-19 покажа со сигурност дека нашата компанија со стратешко планирање, квалитетни кадровски решенија и добро управување, може да се носи со вакви предизвици.

Ова беше период на намалена циркулација на пари во оптек, кој се случи како последица на намаленото трошење на населението, на отсуството на туристичката сезона, а и како последица на мерките кои владите ширум светот ги донесоа и со кои многу бизниси беа погодени. СН финансии, со добра стратегија и со довреба на нашите клиенти, цврсто го држеше кормилото на ликвидност, благодарение на рационалните чекори и внимателно избраните производи наменети за нашите клиенти. 


Добриот имиџ и репутација на СН финансии се мери со задоволството на клиентите што е обврзувачко во креирањето на кредитни производи и други услуги. Се има впечаток дека од самиот почеток на кризата, Вие посветивте тука најголемо внимание, да бидете поддршка на населението, па и на комапниите.

Јошевски: За секој клиенти на СН финансии, покрај довербата, најважен е спектарот на услуги и производи кои се нудат и кои можат да им го олеснат секојдневието. Со креирање на добри кредитни политики и дизајнирање на производи кои ние директно ги имплементиравме во трговијата, да се купува кредитирано од нас на рати, во добра мерка влијаевме на нивото на потрошувачката во земјата. СН финансии даде силен импулс на потрошувачката со лансирање на поволни кредити во соработка со повеќе познати комапнии во различни сфери.

Иновативноста и стратешките партнерства, резултираа со низа успешни иницијативи на СН финансии. Кои иницијативи наидоа на најобар прием кај клиентите?

Јошевски: Нашето финансиско друштво на пазарот е препознаено како лидер во иновациите, а би истакнал дека и покрај нашето стратешко определување на граѓаните на Македонија да им понудиме современи услуги ускладени со дигиталното секојдневие во кое денес реално живееме, заслугата лежи во имплементирањето на онлајн работењето уште пред да започне пандемијата. За нас работи тим на IT експерти кои развија посебни продукти, решенија кои се базираат на принципите на вештачката интелигенција, при што кај нас за кредит се аплицира онлајн одамна, одобрувањето го прави виртуелна комисија, оди премногу брзо и овие услуги се мерат во минути.

Кај нас немаше ни редови, ни ризик од носење на клиентите во ситуација да се заразат или да трошат саати и денови во чекање, состаноци и очекување. 

Ние бевме еден вид дигитален новчаник за нашите клиенти на кои им требаа средства.

Така што дигитализацијата на нашето работење пред пандемијата, беше една од највредните визионерски инвестиции.

Нас секогаш, како комапнија очите ни се вперени во иднината. Интензивно времето на здравствената криза го користвме и за креирање на нови идеи, кои ќе родат нови проекти со кои убедени сме дека од овие предизвикувачки околности ќе излеземе со уште посилно портфолио на производи и на услуги, точно по мерка на нашите корисници.


Како ја гледате иднината на СН финансии?

Јошевски: Финтек индустријата во нашата земја дефинитивно оди напред. Пандемијата која ни се случува во изминатата година е еден вид  на акцелератор кој драстично го забрза развојот на оваа индустрија. Сите увидоа што значи бизнисите да нудат онлајн услуги.  И што значи, ако тоа го нема. Ова е и добра подготовка за населението да разбере зошто неколку години водевме кампањи зошто е добро да бидат наши клиенти. Штедат и време и пари, а денес го чуваат и здравјето на тој начин. За жал, со здравствемата криза многумина разбраа дека е време да се префрлат на онлајн услуги, кои ние како ФД “СН Финансии ” ги нудиме од првиот ден, а сега пак подготвени сме за нови продукти кои ќе го поедностават животот во новото „нормално“. Бизнис опкружувањето во коешто ќе осамнеме кога пандемијата ќе приврши – што може да е за една, две или три години – ќе биде многу поразлично од времето пред кризата. Мора да гледаме напред.

Затоа јас често повторувам дека финансиските друштва се тука да ја стимулираат потрошувачката моќ на населението и во време на криза. Останувам цврсто на премисата дека микро-кредитирањето е суштински важно за секое општество. Ги таргетира ранливите групи, поттикнува вработување, придонесува кон подобрување на животниот стандард на лицата кои немаат пристап до традиционалните извори на финансирање, што конечно придонесува до економско и социјално јакнење, па и финансиска инклузија.Во светот, овој наш сектор фантастично брзо расте и ја шири лепезата на услуги со една единствена цел, а тоа е да го унапреди квалитетот на услуги и да ја шири својата достапност до што поголем број на граѓани. А, во ваква светска здравствено-економска криза, ова наше банкарство од сенка-како развиениот свет ги нарекува финансиските друштва, може да одигра и тоа како, витална улога.

Само да појаснам, што значи тоа банкарство од сенка. Со појавата на небанкарските институции во 2011 година во Македонија започна примената на финансиската инклузија, за која развиениот свет одамна знае и ја применува, а на овој терен таа либерализација беше неопходна со една единствена цел – унапредување на финансиското работење на пазарот во целина, бидејќи на клиентите им стојат на располагање повеќе опции за задоволување на нивните финансиски потреби од различен карактер.

Сега, како никогаш порано, овој сектор ќе биде значаен за ублажување на економската криза која допрва доаѓа. Во Македонија се регистрирани 28 финансиски друштва кои извршуваат повеќе финансиски активности како што се издавање на кредити, издавање на картички, гаранции и факторинг.

Дека овој сектор има голем комерцијален, но и развоен потенцијал покажува и едно истражување на познатата светска ревизорско-консултантска компанија EY Global, која утврди дека 1/3 од потрошувачите ширум светот користат две или повеќе Fintech услуги, што е одлична статистика. Ова се параметри од пред пандемијата. Така што сигурен сум дека на крај на 2020 година бројките ќе бидат многу поголеми. Во оваа индустрија само во 2016 година биле инвестирани 17,4 милијарди долари. Во 2019 таа сума е драстично мултиплицирана, што значи многу се инвестира. Во истото истражување акцентирано е кои се државите низ светот во кои се оди напред футуристички, а каде се тапка во место.

Оттука е креирана и една Regtech ( Regulatory Technology) алатка која мапира на кои земји и на кои прогресивни компании во тие земји треба да им се помогне во постигнувањето на можностите кои ги дава оваа индустрија.

Сакам Македонија во 2021 година да биде на листата на држави во која фундаментално се подобрени финансиските услуги во интерес на корисниците.


Под мотото "Исполнуваме желби", Финансиското Друштво СН Финансии во декември покажавте убав гест на општествена одговорност. Која беше целта?

Јошевски: Крајот на 2020 ние од "СН финансии" го означивме со најзначајната посета која ја реализиравме во оваа веќе мината година, а таа посета имаше за цел да донесеме насмевки на детските лица. Исполнувањето на желбите беше во вистинска смисла на зборот, а не само како добар слоган. Со ова мото ги исполнивме желбите на 50 деца од Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот “Кочо Рацин” од Битола. Ги замоливме тие да ни ги напишат нивните желби. Добивме 50 писма од нив, во нив имаше секакви желби од тоа да добијат кожна топка за фудбал, санка, некои од учениците побараа таблети и лаптоп компјутери за полесно да ја совладува наставата онлајн. И ние ги исполнивме сите. Празниците се време на подарување и споделување, на забава и заеднички семејни мигови. За жал свесни сме дека за многу наши сограѓани празничното време не е така едноставно и оттука комапнијата од своето формирање до денес работи на тоа да придонесе ранливите групи да имаат поубави празници. СН финансиско друштво е општествено одговорна комапнија и таа реализира вакви проекти во кои средства донира на оние на кои им е потребно наместо во прослави и праќање на подароци и честитки на клиентите и деловните партнери. 

Ова нека биде поттик и пример за што повеќе вакви акции од страна на оние кои имаат можност да помогнат и да израдуваат некого, кон оние на кои истата им е повеќе од потребна. Зошто добриот менаџер знае и да дели, а не само да множи.


Можеби ќе ве интересира

Се бараат административци, отворени огласи

Се бараат административци, отворени огласи

Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта

Од понеделник стартува платниот промет во Македонска пошта

ДИВИДЕНДИТЕ НАЈАВУВААТ ВОЈНА: Банките ќе бараат Уставен суд да ја испитува одлуката на Народната банка

ДИВИДЕНДИТЕ НАЈАВУВААТ ВОЈНА: Банките ќе бараат Уставен суд да ја испитува одлуката на Народната банка

Што е животно осигурување и како функционира?

Што е животно осигурување и како функционира?

ВИСТИНСКА БУРА ОД РЕАКЦИИ: Комерцијална банка објави поделба на дивиденда во ист ден кога НБМ забрани да се дели

ВИСТИНСКА БУРА ОД РЕАКЦИИ: Комерцијална банка објави поделба на дивиденда во ист ден кога НБМ забрани да се дели

Македонски Телеком со зголемена добивка и раст во интернет, ТВ и ИКТ сегментот во 2020 година

Македонски Телеком со зголемена добивка и раст во интернет, ТВ и ИКТ сегментот во 2020 година

Shell се шири во регионот

Shell се шири во регионот

ГИГАНТОТ БОИНГ МОРА ДА ГО ОДВРЗЕ ЌЕСЕТО: Милионски пенали поради ова

ГИГАНТОТ БОИНГ МОРА ДА ГО ОДВРЗЕ ЌЕСЕТО: Милионски пенали поради ова

БИТКОИНОТ УРНА УШТЕ ЕДЕН РЕКОРД: Како дигиталната валута ги тенчи нервите на инвеститорите

БИТКОИНОТ УРНА УШТЕ ЕДЕН РЕКОРД: Како дигиталната валута ги тенчи нервите на инвеститорите