25 Април, 2024
0.0288

ИНТЕРВЈУ СО Д-Р. АНГЕЛЧО АНДОНОВСКИ: Морската вода може да биде медиум за пренос на корона вирусот?

Објавено во: Интервјуа 08 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Очекуваме пад на кривата и враќање на животот кон нормала, а со тоа и непреченост во движењето насекаде низ Европа и светот, вели во интервју за Фактор, д-р. Ангелчо Андоновски, директор на Институтот за бедлодробни заболувања кај децата „Козле“ и член на Комисијата за заразни болести. Потенцира дека Комисијата за заразни болести ќе разговара и ќе даде препораки за уште многу важни прашања, а едно од нив е секако отворањето на границите, но истовремено нагласува дека за да се случи тоа, треба да бидат исполнети условите. Непочитувањето на препораките даде поразителни резултати, вели д-р. Андоновски и тоа не смее да се повтори. Во однос на летувањата, за кои јавноста и покрај сè, е најзаинтересирана, смета дека морето може да биде силен медиум за трансмисија на корона вирусот.

Во текот на оваа недела претстои уште доста работа на Комисијата за заразни болести. И покрај последниов карантин, како и зголемениот број на заразени со корона вирусот, јавноста сепак ја интересира кога ќе се отвори земјава. Ќе разговарате ли за отворањето на границите и аеродромите. Најголем дел од земјите таква одлука донесоа за од 1.јуни, но тамошните влади кои веќе ја истакнаа листата на земји за кои ги отвораат границите, не ја наведоа и Македонија меѓу останатите? Како доктор, но пред се и како член на Комисијата, кои се условите кои треба да ги исполниме за да станеме безбедна земја барем за најблиското соседство?

Д-р. Андоновски: Е токму ова е најголемиот парадокс кој треба да биде одговорен во нај кус можен рок. До сега комисијата за заразни болести ги носеше најправилните  одлуки и за тоа постојат записници кои апсолутно потврдуваат дека се што било донесено било согласно највисоките епидемиолошки и лекарски ставови. Секоја варијација на одлуките на Комисијата дадоа лош реперкутивен момент, но веќе сè што претстои ќе биде предмет на обработка, се со цел да се помине периодот без големи последици по нашето здравје. Онаа што навистина е веќе поука, а и реалност е да свеста на граѓаните треба  да  биде на високо ниво, да не се разликуваме од Европа и светот, да се крене здравствената совест и да сватиме дека само така ќе си помогнеме на себе и на сите што се околу нас. Видовме и утврдивме дека дисциплината е единственото оружје со кое располагаме во моментов, сите донесени препораки се согласно сè она што е најлесно да се направи за да не се инфицираме ниту ние ниту нашите најблиски и само така ќе успееме. Секое непочитување и неправилно однесување ќе не однесе во несакан правец. Условите кои треба да ги исполниме веќе ни се познати и успеавме на стартот да ги исполниме, но и видовме дека нивното непочитување даде поразителни моменти, така да секако со новите мерки и препораки, а и заедно сплотено сите со разбудена свест и совест ке ја добиеме оваа битка. Критично кажано очекуваме да само вака и на овој начин разбирливо е дека веќе очекуваме пад на кривата и враќање кон нормалата а и непреченост во движењето насекаде низ Европа и светот.

Сите веќе разговараат за евентуално користење на летните одмори или барем викенд во Грција, се разбира доколку за нас биде дозволен влезот. Во овој контекст, каков е ефектот на морските аеросоли, дали се еден од негативните фактори кои може да придонесат за ширење на вирусот и ли напротив, како вели народот „морето лекува сè“?

Д-р. Андоновски: Тема и дискусија која нам не ни е позната, тема која е присатна во земјите кои имаат мориња и океани т.н поморска медицина која дури и сега нормално заради моментот во кој се наоѓа и целиот свет имаат намален проток на информации, лимитирани податоци заради непознаницата која ја има целиот свет во врска со овој вирус. Морската вода не значи дека не е извор на здравје, но можеме слободно да кажеме дека токму сега може и да претставува медиум за пренос на самиот вирус, бидејќи треба да знаеме што сè активности имаме во самата вода, играта, меѓусебната близина, смеата, викањето, па и искашлокот, претставуваат начин на извор, опасност и контаминација. Ветерот кој циркулира и е присутен, дали станува збор на самата плажа или во самата водена површина непречено може да расејува на се што е во непосредна близина. Сметам и го кажувам како мое лично размислување дека ќе треба да се поработи подолг период, период на тестирање токму кај самите граѓани кои живеаат во вакви услови и на кои туризмот им е најбитен приход кој го имаат. Ќе кажам дека и плажите, песокот и воопшто посетата на морињата е момент кај кој и за кој сè уште не е утврдено апсолутно ништо на кој начин треба да се однесуваме таму, токму тоа се тие моменти кои најискрено се непознаница за нас, а тоа означува и дека можеме да ги сметаме како опасност, сè дури не постои соодветен доказ и протокол за истите кој ќе вроди со резултат. До тогаш предлагам голема внимателност и промисленост.

Каков е вашиот став во однос на колективниот имунитет, дел од европските држави се отворија целосно, децата одат во училиште, се обидуваат да ги спасат економиите. Ние имаме сосема дијаметрална слика. Можно ли е дури и новата училишна година да не започне во септември?

Д-р. Андоновски: Мојот став во врска со колективниот имунитет го имам кажано поодамна дека навистина подучени конкретно од Шведска, видовме дека дури ни 10% од популацијата не разви ниту антитела, а камо ли да создаде колективен имунитет. Имаа огромен број на починати токму од вирусот и сè уште тој тренд продолжува. Нормално кога станува збор за мала држава е да сакаме да си го сочуваме своето население и своите граѓани, така да и мерките кои ги спроведуваме се стриктно одредени и поддржани од СЗО но, и прилагодени на нашите услови и нашите епидемиолошки параметри. Кога станува збор за училишната година секако дека сум оптимист и се надевам дека сето ова кое се протежира и налага од здравствените власти како препорака и како мерка мора да вроди со плод, но ќе се навратам најчесно и искрено како обичен граѓанин дека ова навистина зависи само од нас самите.

Ние треба да учиме и гледаме и од околните држави не само од европските и светските дека навистина каде постои дисциплина и култура нормалниот живот нема да е нереалност.

Скринингот на вработените во градинките сè уште се одвива, а голем дел од родителите мора да се вратат на нивните работни места. До каде е целиот процесот на отворање на градинките?

Д-р. Андоновски: Скринингот продолжува и досега знаеме дека бројката на инфицирани е минимална да не кажам се бројат на една рака, но најбитно е дека заеднички со МТСП успеавме да ги прилагодиме протоколите кој ќе осигураат дека нашите најмили дечињата ќе се здрави и неинфицирани а ќе продолжат непречено да растат и да се развиваат во вистински правец. Единствено што сега за сега ја успорува постапката е зголемената бројка на инфицирани која и беше секако очекувана по големиот број на празници и по непочитувањето на мерките а и нивно неспроведување. Мое видување е дека со нормализирање на епидемиолошката крива слободно може да се спроведе активацијата на градинките а со тоа и враќањето на голем број на вработени на своите места.

Како директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата-Козле, кој во моментов е и референтен центар со посебен оддел за суспектни и заболени деца од корона вирусот, да ни кажете која е вкупната бројка на позитивно регистрирани најмлади пациенти во земјава и каква е нивната состојба?

Д-р. Андоновски: Детската болница Козле уште од самиот старт на појава на пандемијата функционира непречено и е на врвот на својата задача. Веднаш по појавувањето на првиот позитивен случај во РСМ, Козле направи посебна реоргаизација и со првите протоколи за Ковид 19 стартуваше и ко таква функционира и до ден денешен. Онаа што досега го изработи ДБК како Институт за белодробни болести кај децата специјализирана установа токму за респираторни заболувања и досега имаме тестирано над 150 деца кои престојувале во нашата установа. Бројот на позитивно регистрирани деца во Детската болница Козле е 6 а вкупно во Република Северна Македонија е околу 100 деца до возраст од 0 до 18 години. Сакам да кажам на граѓаните дека за наша среќа децата не развиваат тешка клиничка слика, вообичаено се поминува за многу кратко време и нема никакви последици. Досега во јавноста се шпекулираше со многу претпоставки дека кај децата има вакви или онакви заболувања или некакви последици од Ковид 19, но можам да кажам дека никој не го има тоа право сè уште да дискутира во врска со Ковид 19, поготово кај децата. Посакувам сите ние да сме совесни и да ги запазуваме сите препораки и апели од здравствените власти и од Комисијата за заразни заболувања, сè до пронаоѓањето на лекот или вакцината за Ковид 19 да останеме здрави и да ја обезбедниме иднината нашите деца. СЕ ЗА ДЕЦАТА!

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“

Со НЛБ „Рамката за помош“ заедно ќе го олесниме секојдневието на глувите лица: Анита Гаговска за Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со попреченост и нивните фамилии „Порака Нова“