25 Април, 2024
0.0323

Интервју Савески: Финансии е голем залак за Заев, Дураки заслужи „метла“ место прекоманда

Објавено во: Македонија, Интервјуа 24 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Владината реконструкција која сите како едвај да ја чекаа конечно се случи. Јавноста но и експертите не баш со воодушевување ги дочекаа одлуките на претседателот на Владата Зоран Заев во однос на новите министри. Покрупни одлуки речиси и да нема освен дека заминува министерот за финансии Драган Тевдовски на кој Заев реши да му ја преземе функцијата. Кои беа очекувањата на политичките експерти, кој можеби не требаше да биде разрешен а кој требаше да добие метла од Владата коментираме со докторот по политички науки Здравко Савески.

Фактор: Како ја коментирате владината реконструкција и кои беа Вашите очекувања?

Савески: Многу брзо по најавата на „метлата“ стана јасно дека Зоран Заев ќе ја искористи како златна прилика со еден удар да отепа две муви. Една мува, пред вториот круг на изборите да обезбеди дополнителни гласови преку глумење дека наводно го слушнале и разбрале гласот на народот. Втората мува – да ја зацврсти својата лична власт и во партијата и во државата.

Ќе потсетам на изјавите што ги даваа наводно непартиските „експерти“ (фактички, луѓе на СДСМ) за време на претседателските избори. Тие, во таа прилика, признаваа дека власта ја изгубила поддршката и дека Заев, за да ја поврати поддршката, треба да направи радикална чистка на неспособните и корумпирани кадри. Очекувано, до тоа не дојде, но размерот на игнорирање на ова предупредување е силна индикација дека Заев не планира да владее со поголема поддршка од граѓаните во иднина. Како и секој империјален вазал кој добро си ја заврши работата и во услови на демобилизација на народот, тој ја покажува типичната ароганција на империјалните вазали ширум светот. Ние допрва ќе ги трпиме последиците од тоа.

Фактор: Што мислите за одлуката на Премиерот тој да управува со секторот финансии?

Савески: Крајно арогантен и, уште полошо, крајно дилетантски потег. Се случувало и во други земји, при вонредни ситуации, премиерот да преземе некој министерски ресор. Обично тоа е министерството за надворешни работи или одбрана. Кога тоа се правело, тоа била изнудена ситуација, која, во случајот со министерството за надворешни работи, не носи значителен обем на дополнителна работа, а во случајот со министерството за одбрана, тоа се прави во воени ситуации кога и така фокусот и на премиерот се воените работи.

Но, министерството за финансии е многу поголем залак од овие ресори и вклучува голем број активности кои од министерот бараат целосна посветеност. А таа целосна посветеност ќе ја нема ако лицето кое е министер истовремено врши уште една многу одговорна работа – премиер. Ако на тоа му се придодаде и неговата функција претседател на партијата, ќе се сфати дека, освен ако лицето не планира да работи 30/7, нема да може квалитетно да си ги заврши обврските. А од неговото неквалитетно завршување на работите – ние, граѓаните, ќе страдаме.

Се соочуваме со период кога арогантноста на Заев веќе испливува јасно на површината. Тоа многу добро се гледа од биографијата што ја достави до Собранието, во која сам себеси се испофали. Вака отпосле, ме зачудува зошто не го презеде и министерството за животна средина, зашто и така се фали дека бил климатски лидер без да мрдне со малиот прст околу климатската криза.

Фактор: Кој според Вас заслужи а кој не заслужи да биде опфатен од реконструкцијата?

Савески: Прво, требаше да бидат укинати министрите без ресор, кои за нишање на вратата земаат високи плати. Второ, требаше да се размисли за намалување на бројот на министерства, особено за укинување на фантазмогоричното Министерство за администрација и информатичко општество, кое Груевски го измисли заради задоволување на личните хирови на еден од своите министри.

Она што бодe очи кај сегашната власт е што уздите на економската политика се во рацете на претставник на капиталот (Кочо Анѓушев), додека синдикатите немаат ниту симболичко учество во власта. Тоа е тотално нетипично за една наводно социјалдемократска власт, но, со окупирањето на министерството за финансии од Заев, политиката во корист на крупниот капитал во следниот период ќе биде уште поизразена.

Фактор: Кое е вашето мислење за Дураки. Тој баш не се снајде во министерството за животна средина. Вие како доктор на политички науки мислите ли дека ќе успее да раководи правилно со функцијата министер за политички систем и односи меѓу заедниците?

Савески: Дураки за својата неработа како министер за животна средина требаше да биде разрешен, а не прекомандуван. И ако „метлата“ имаше барем малку суштина, нему веќе му немаше место во владата. И тој, според владиниот сајт за климатските промени е „климатски лидер“, како и Заев, а при тоа, за овие две години, дали двапати или трипати се појави во јавноста. Неговиот заменик министер беше далеку поактивен, ситуација која би била смешна, да не беше трагична.

Човек кој е учен да ниша врата и да крка плата не се менува кога ќе го промени работното место. Па дека Дураки нешто посебно ќе се прекрши од работа во новото министерство – тешко.

Фактор: Што би му порачале пак на Горан Милевски кој ќе министерува со локалната самоуправа?

Савески: Ако бараше прилика да се докаже – еве му ја. Ова министерство е сведено на министерство од „ш“ категорија. Но, локалната самоуправа едноставно не заслужува таков третман. Па еве му прилика на новиот министер да направи нешто поразлично. Оваа влада ги ограничува и истиснува квалитетните кадри, така што волјата да се сменат работите воопшто не значи дека нешто ќе се успее да се направи. Но, ете, ја доби приликата и до него е да ја искористи.


И.С.

Можеби ќе ве интересира

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

„ПРОФЕСОРКАТА СИЛЈАНОВСКА ГО ПРЕГАЗИ СТЕВО КАКО АВТОБУС“: Со коментар на изборите се јави и Грчева

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ВО НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 28 СТЕПЕНИ: Доаѓа очекуваното затоплување

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678