19 Април, 2024
0.0231

Интервју пијанистка Дуња Иванова: Најтешко е да ги натерате луѓето да размислуваат надвор од рамката

Објавено во: Стил 25 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Музиката е уметност која се служи со тонови како средства на нејзиниот израз.Тоа ја прави исклучително достапна и блиска до човекот. Способноста да се препознае уметноста и посебно вредната музика, кај некого е вродена,  а кај некого стекната особина која низ животот се учи и се подобрува. Денес, за жал, со цел да се привлече што поголем број на публика, без да се води сметка за содржината на она што се промовира, шундот царува. Она што е суштинско и содржајно сеуште опстојува на маргините- вели во инетервју за Женски магазин, пијанистката Дуња Иванова.  

Луѓето  како што вели ги зафаќа некаква летаргија, па се чувствуваат поудобно дома, од каде преку социјалните мрежи можат да бидат во улога на лекари, нутриционисти, уметници, критичари, политичари. Сепак Иванова  сеуште негува надеж дека ќе се освестиме колективно, дека Матка нема да биде депонија, вело патеките нема да бидат паркинзи, луѓето ќе почнат да размислуваат дека “помалку е повеќе“ и наместо вечер со турска серија ќе се охрабрат и ќе отидат на концерт на Македонската филхармонија.

Женски магазин: Колку е значајна музиката кај нас и колку истата е соодветно почитувана?

Иванова: Музиката е уметност која се служи со тонови како средства на нејзиниот израз.Тоа ја прави исклучително достапна и блиска до човекот.Но, за да се допре до нејзината есенција потребно е активно следење и истражување. Многумина нејзината функција ја гледаат единствено како средство за релаксација или забава. Но, тоа не е ниту нејзината содржина ниту порака. Сепак, јас би била пресреќна кога и само од хедонистички прични концертните сали би биле исполнети до последното столче.

Целото интервју прочитајте го на Женски магазин.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре