19 Април, 2024
0.0349

Марко Нововиќ, извршен директор на компанијата Варус

Интервју Нововиќ од Варус: Главен двигател во фармацијата се стручната јавност и пациентите кои бараат нови и поефикасни терапии

Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Неспорно е дека светската пандемија ќе остави длабоки траги на синџирите на набавка и локациите за производство, а воедно и целиот пазар. Сите предвидувања одат во насока на смалување на степенот на глобализација со регионализација на производствените капацитети и синџири на набавка, вели во интервју за Фактор Марко Нововиќ, главниот извршен директор на фармацевтската компанија Варус. На пазарот постои 30 години и својот јубилеј го одбележува во специфични услови за глобалното здравје. Нововиќ вели дека влегуваат во идните планови со стратегија која се базира на интернационализација на активностите и значителна експанзија на глобалниот пазар. Во моментот Варус е активен и на пазарите во Албанија и Косово, а портфолиото на производи кои ексклузивно ги застапуваат во земјите од регионот главно се на компанијата Мерк од Германија. Станува збор за најстарата фармацевтско хемиска компанија во светот, која е еден од лидерите во оваа индустрија.  Во нивното портфолио се и производителите Курита, Тутнауер, Хитачии Бионика Фармацеутикалс. За домашната фармацевтска индустрија вели дека има голем потенцијал за раст.

Одбележувате значаен јубилеј на компанијата, три децении од основањето на „Варус“. Фармацевтската индустрија е исклучително динамична. Како вие од оваа перспектива ги оценувате изминатите 30 години во развојот, пред се на индустријата, но и на вашата компанија?

Нововиќ: Фармацевтската индустрија e многу динамична и драстично променета во последните 30 години. Како главни двигатели на промените од една страна се стручната и пошироката  јавност т.е. пациентите кои сé повеќе се запознати со лековите кои се препишуваат и бараат нови и поефикасни терапии, клинички подобри од постоечките. Од друга страна се државите кои во голем дел ги регулираат цените со тенденција на нивно намалување, ги насочуваат буџетите за третманите и ги подигнуваат и досега многу високите стандарди за квалитет. Како одговор на овие влијанија, а со помош на исклучително брзиот напредок на науката, технологијата и клиничките истражувања, трендовите на денешните фармацевтски компании водат од персонализирана медицина и биолошки третмани па сé до, иако сеуште во ескпериментална фаза, генетски инженеринг и промена на геномите наместо традиционалните и сеуште доминатни хемиски терапии.  Акцентот сé повеќе се става на превенцијата и влијанието на ризик факторите кои доведуваат до болестите за истите да се спречат.

Во овие тенденции Варус е фокусиран на активно следење на иновациите, нивно воведување во третманите и посветеност да се стават на располагање на стручната јавност сознанијата и искуствата што денешната медицина и технологија ги има. Со задоволство можам да оценам дека успеваме да одржиме чекор со трендовите во индустријата и во некои области да бидеме лидери во обезбедувањето нови формули и третмани. Имаме акумулирано експертиза и искуство и можеме да одговориме на трендовите.

Започнавте меѓу првите приватни компании во земјата со промет на големо со лекови, хемикалии, реагенси, но и ексклузини застапници сте на повеќе реномирани фармацевтски компании од светот. Што сè вклучува портфолиото на „Варус“, за кого се наменети производите со кои работите?

Нововиќ:Портфолиото на производи кои ексклузивно ги застапуваме во земјите од регионот воглавно се на компанијата Мерк од Германија. Станува збор за најстарата фармацевтско хемиска компанија во светот, која е еден од лидерите во оваа индустрија.  Останати производители кои се наоѓаат во нашето портфолио се Курита, Тутнауер, Хитачи,и секако Бионика Фармацеутикалс.Портфолиото условно е поделено на два дела, фармацевтски производи и хемиски производи. Во делот на фармација особено големо учество имаме во кардиологијата, ендокринологијата, неврологијата, онкологијата, гинекологијата и гастроентерохепатологијата. Додека, во другиот дел кај хемикалиите  се работи за производи кои се процесни и лабораториски решенија и кои поттикнуваат иновации, подобрувања, заштеди во производството и аналитички лаборатории.


„Варус“ повеќе години работи и на други пазари во Западен Балкан. Со кои предизвици се соочувате при освојувањето на други пазари? Дали размислувате за дополнителна експанзија на компанијата во регионот?

Нововиќ:  Варус покрај на пазарот во Македонија е активен и во Албанија и Косово, а преку компаниите од својата групација, Новос од Белград и производствената компанија Бионика Фармацеутикалс од Скопје,  ги покриваме пазарите на целиот регион на Југоисточна Европа. Во изминатиот период ја комплетиравме регионалната стратегија и сега ја отвораме новата етапа во нашиот стратегиски развој, којашто е насочена кон поголема интернационализација. Нашата цел се стратешките партнерства за развој на иновативни производи и услуги со додадена вредност.

Вие практично функционирате како една групација со Бионика Фармацеутикалс и Новос Србија. Дали работењето во групација го гледате како предност за развој на бизнисот? 

Нововиќ:  Во секој случај нашето работење во групација е предност. Тоа ни дава можност да ги искористиме потенцијалите од поголем географски регион, да собереме искуства, знаења и информации од различни држави и да ги ставиме во функција на заеднички развој и раст на компанииите. Од друга страна, посебните ентитети ни оставаат можност за прилагодувања кон одредените специфични карактеристики кои ги има секој пазар.

Клучно за успехот на една компанија се инвестициите во нови производи, услуги, современи технологии, напредни решенија, човечки капитал, следење на светските трендови. Во кои области „Варус“ги насочува своите инвестиции, каква е состојбата со инвестициите воопшто во фармацевтскиот сектор во нашата земја?

Нововиќ: Варус своите инвестиции во најголем дел ги насочува кон човечкиот капитал затоа што тоа е основниот предуслов за нашиот развој. Правци во кои сакаме да го градиме развојот се иновативни нови производи со додадена вредност за потрошувачите за чие производство неопходни се современи технологии и опрема. Тоа се главните двигатели на нашите одлуки за инвестиции и целта кон која одиме.

Какви стандарди на квалитет и контрола се употребуваат при производството и трговијата со фармацевтските продукти?

Нововиќ:  Глобалната фармацевтска индустрија претполага многу високи стандарди за обезбедување на квалитетот. Заложбата за квалитет без компромис е еден од нашите основни постулати уште од самото основање и првичен аспект по кој ги носиме сите одлуки. Ги поседуваме сите стандарди и сертификати за квалитет како добра производствена и дистрибутивна пракса, и со тоа ни е овозможено и пласирање на нашите производи секаде во светот. За компанија која излегува веќе од регионалните рамки и се бори за интернационализација, контролата на квалитет има апсолутен приоритет во делувањето, бидејќи претставува основа и почеток на секоја стратегија за проширување на пазарите.

Каква е кондицијата на домашната фармацевтска индустрија? Каков е развојот во последните години во смисла на иновирање на лекови?

Нововиќ:  Фармацевтската индустрија во Македонија има традиција и е препознатлива не само во регионот туку и многу пошироко, благодарение на повеќе генерации на специјалисти во областа кои имаат децениски придонес за развојот и производството на фармацевтски производи во земјата. Тоа ни беше и една од причините да ја прошириме таа приказна и да понудиме и други производи од Македонија кои можат да бидат во најмала рака конкурентни на интернационалниот пазар. Сметам дека имаме потенцијал како држава да работиме на развојот на овие индустрии кои се со високо ниво на додадена вредност, привлекуваат високо квалификуван кадар и овоможуваат побрз економски развој и значајни се бидејќи тие имаат синергетски ефект со многу други индустрии и сектори.

Пандемијата целосно го сврте вниманието на јавноста кон фармацевтската индустрија, очекувајќи лек и вакцина за ковид. Дали можеби компаниите кои ги застапувате се во потрага по решението?

Нововиќ:  Компаниите кои се наши партнери не се директно дел од светските конзорциуми кои периодов се спомнуваат како иноватори на вакцината за ковид. Но со зголемената потреба, вид и обем на истражувања за пронаоѓање лек, вакцина или тестови за дијагностика на ковид, Мерк е значајна поддршка на сите компании кои се спомнуваат како лидери во трката по решенијата за пандемијата со Ковид. Мерк обезбедува иновација во суровините и материјалите, лабораториски реагенси и процесни хемикалии, и ги прави достапни за компаниите кои директно работат на решенијата. Овие активности и фази се исто толку значајни во заедничките напори на целата фармацевтска индустрија, како и самите компании кои ќе се појават како иноватори на вакцината, лекот или дијагностиката за ковид-19.


Дел од успехот компаниите го споделуваат со заедницата преку  општествено одговорни проекти, заштита на животната средина. Кои проекти од општествена одговороност ќе ги издвоите како најзначајни кои додаваат вредност на заедницата, но и за вас како компанија?

Нововиќ:  Вистинските вредности на работата на компаниите е да го подобрат местото каде делуваат и да го направат квалитетот на живот повисок. Затоа како наш компаниски резултат го гледаме и нашето влијание на средината каде припаѓаме. Живееме заедно и соработуваме со многу здруженија на пациенти и невладини организации за реализирање на нивните активности како и подигнување на јавната свест за одредени заболувања. Сакаме да ги подобриме условите во нашето здравство и настојуваме да го правиме тоа секогаш кога можеме. Со силна верба во иднината, низ развојот на младите, науката, вредностите и заштитата на животната средина, за 30 годишнината од своето основање, „Варус“ при „Детскиот културен центар Карпош“, целосно опреми едукативен центар за природни науки кадешто децата и младите ќе можат да ги надградуваат своите знаења и практичните вештини. Се надеваме дека овие актвности ќе продолжат да бидат императив за работењето на сите компании. Да го направиме нашето место за живеење подобро.

Заедно со јубилејот, оваа година ја ребрендиравте компанијата. Кој беше мотивот за промена на визуелниот идентитет?

Нововиќ:  Новите визуелни идентитети се како резултат на управувачката интеграцијата на компаниите и новата етапа во развојот. Заедно со интеграцијата, трите компании и визуелно се поврзуваат и се препознава нивната припадност и идентитет. Логоата претставуваат одраз на историјата со фокус на индивидуалните почетоци и развојни патишта на секоја членка во групацијата, но во исто време во склоп на заедничката стратегија и правец за развој.

Во која насока сметате дека ќе се движи фармацевтската индустрија во иднина со оглед на новите случувања со пандемијата? Како се вклопува визијата за компанијата со новите глобални текови?  Кои се вашите планови за иднината?

Нововиќ: Неспорно е дека светската пандемија ќе остави длабоки траги на синџирите на набавка и локациите за производство, а воедно и целиот пазар. Сите предвидувања одат во насока на смалување на степенот на глобализација со регионализација на производствените капацитети и синџири на набавка. Затоа и нашата стратегија се базира на интернационализација на нашите активности и експанзија во просторот на функционирање на тие региони што ќе опфаќаат поголем географски простор, но сепак ќе бидат значајно помали од досега глобалниот пазар. Тука ја гледаме нашата шанса за остварување на нашата стратегија и поголема интернационална присутност. 

A.T.

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните