25 Април, 2024
0.0315

Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија

Интервју Мирчев: Стручноста и инвестициите во мрежата потврдени со примат од АЕК за најбрза мобилна мрежа во земјата

Објавено во: Економија, Интервјуа 24 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Кон крајот на минатата година, независното регулаторно тело Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) спроведе мерења на квалитетот на јавните електронски комуникациски услуги и тие покажа дека А1 Македонија има најдобри резултати на територијата на целата држава за брзина на мобилен интернет, како и најдобри резултати за параметрите за успешни, непрекинати повици и квалитет на говор. Мерењата се спроведени на територијата на целата земја и се опфатени сите поголеми населени места и главни сообраќајници, со користење софистицирана опрема за симулација на корисничко искуство. За ова разговараме со извршниот директор на А1 Македонија, Методија Мирчев, кој зборува за квалитетот на мрежата, кои се следните планови на компанијата за новата генерација технологии, како и неизбежната тема – работа во услови на пандемија.

На мерењата што ги спроведе Агенцијата за електронски комуникации во 2020 година, во кои се оценуваше квалитетот на услугите на телекомуникацискиот пазар, резултатите покажаа дека А1 Македонија обезбедува најдобар мобилен интернет според неколку параметри. На што се должи овој успех на А1?

Мирчев: Мрежата е жива материја што постојано има промени од аспект на утилизација од страна на корисниците, а одржувањето висок квалитет со секоја од тие промени е всушност вистинскиот предизвик на телекомуникациските компании. Затоа сме особено горди на тоа што токму изминатата година, кога потребата, а со тоа и употребата на интернетот беше поголема од кога и да било, А1 Македонија покажа дека има најквалитетна услуга на мобилен интернет. Овој успех се должи на неколку фактори. Првенствено е стручноста на А1 тимот во мапирање на варијабилните потреби на корисниците, а потоа и архитектурата и надградување на самата мрежа за испорачување висок квалитет на услуга. Понатаму технологијата, а со тоа и инвестициите во неа, се клучни во обезбедувањето супериорна мрежа. Во таа насока, A1 Македонија инвестираше повеќе од 30 милиони евра во модернизација и изградба на нова најмодерна мрежа базирана на LTE-технологија, а само во 2020 година е направена инвестиција од над 1,5 милиони евра насочени кон надградба на базните станици со дополнителен капацитет и 4G напредна технологија како Carrier Aggregation и 4x4MIMO кои можат да овозможат брзини дури до 585 Mbps. Но, на крај, нашата целокупна заложба како компанија, во изминатите години, насочена кон обезбедување понуди и услуги со конкурентни цени и врвен квалитет за повеќе од 1 милион А1 корисници, е заслужна за еден ваков примат каков што е „најбрза мобилна мрежа“.

Во изминатите два месеца воведовте две нови понуди во мобилното и во конвергентното портфолио, како и нови спортски содржини за корисниците на А1 Македонија. Какви се трендовите во побарувачката од корисниците? Повеќе интернет, најнови уреди или, пак, квалитетни содржини се најбарани од корисниците? 

Мирчев: Главниот фокус на А1 Македонија биле и остануваат корисниците и нивните потреби и очекувања. Нашата задача е да ги предвидиме и да ги пресретнеме тие очекувања и потреби и соодветно на тоа да креираме понуда и услуги што генерираат супериорно корисничко искуство и тоа да го правиме исклучително брзо како што и се менуваат условите и барањата од корисниците. На таа задача ѝ приоѓаме со големо внимание и посветеност, дотолку повеќе што таа од нас бара многу креативност и иновативност, пристап во кој сметаме дека сме најсилни и кој ќе ни овозможи да креираме нови конвергентни понуди преку комбинација на современи мобилни комуникации, фиксен пристап за интернет и ТВ, со најдобар однос цена-квалитет на пазарот. Токму на тој начин се креирани и најновите понуди од А1 Македонија.  

Конвергентната понуда A1 Combo, за која бевме инспирирани од корисничките потреби на целото семејство да го исполнат секојдневието со повеќе забавни содржини, им овозможува на корисниците да добијат многу повеќе интернет и голем попуст за смартфон или телевизор по избор. И со оваа понуда, како и секогаш, корисниците на сите телекомуникациски услуги во А1 секогаш добиваат најмногу вредност со најатрактивни цени и релевантни содржини приспособени на нивните потреби. Исто така, одговоривме на барањата на корисниците и ги збогативме ТВ-содржините со атрактивните спортски канали – Арена спорт, со што гледачите можат да уживаат во богата спортска програмска понуда, а фановите на фудбалот да ги следат ексклузивните содржини и натпревари од  UEFA Лигата на шампиони. И за крај, за корисниците на мобилната телефонија креиравме понуда со која имаат можност да изберат нов смарт-телефон и да добијат дури 30GB мобилен интернет за сурфање на најбрзата мобилна мрежа, што секако е огромна предност во новото дигитално време, во кое секојдневните обврски се веќе префрлени онлајн.

Така продолжуваме и во иднина, да обезбедуваме квалитетни мобилни и конвергентни услуги и атрактивни содржини, но и ќе се насочиме кон воведување на најновата 5G технологија, чии придобивки допрва ќе стануваат видливи за заедницата.


Кои се плановите на А1 Македонија на оваа тема, 5G?

Мирчев: Во тек е дигитална трансформација во светот. Новините на европскиот телекомуникациски пазар поврзани со 5G многу бргу ќе се имплементираат и на македонскиот. Всушност, станува збор за голема револуција, а ние како компанија што постојано ја надградува сопствената мрежа со цел да постигне врвни резултати во интерес на корисниците, не заостануваме во подготовките за комерцијален старт на 5G мрежата. 

За потсетување, првите чекори се веќе направени и A1 Македонија, како компанија што постојано ги воведува најсовремените технологии што обезбедуваат највисоко ниво на квалитет на услугата за своите корисници, кон крајот на 2019 година успешно ја заврши првата фаза на тестирање на примена на комерцијална 5G технологија во државата.

Тестовите направени со комерцијални терминални уреди во географски ограничена реална средина, надвор од лабораториски услови, ги потврдија очекувањата и можностите на 5G технологијата во насока на остварување огромни брзини, многу ниски латенции и можност за поврзување на интернет на огромен број уреди, односно иновативни апликации на петтата генерација безжична технологија на опсег од 3.500 MHz.

Новата технологија е веќе во комерцијална употреба за бизнис-корисници во Групацијата Телеком Австрија, а инвестициите на ниво на Групацијата, чиј дел е и А1 Македонија, сѐуштесевотек,соцелпредноститеодновататехнологијапобргудастигнатдонејзинитекорисници. Нанашиотлокаленпазар, активноститеза 5G тесно зависат од регулаторните насоки и од законските одредби што се актуелни во изминатиот период. Датумот на самата аукција за фреквенции и законските измени, се само дел од факторите што влијаат на воведувањето на 5G на македонскиот пазар. Секако, А1 Македонија подготвено чека на оваа следна фаза, во која и крајните корисници ќе имаат можност да ги искористат бенефитите од новата генерација.

5G генерацијата ќе открие еден сосема нов свет за нас. Кои се бенефитите што ќе можеме да ги добиеме уште првата година по воведувањето, а што е она што можеме да го искусиме во иднина од 5G? 

Мирчев: Новата генерација технологии 5G со себе носи низа бенефити за корисниците. Поголема брзина и поголем капацитет на пренос на податоци, помала латенција, комуникација на поголем број уреди и поголема мрежна покриеност се само дел од предностите на 5G во споредба со претходната генерација 4G.

За почеток, во првите години нашите корисници ќе ги почувствуваат бенефитите од аспект на брзината на трансфер на мобилен интернет, а со тоа и на квалитетот и брзината на преземање на видеосодржините преку мобилен уред. Исто така, корисници што меѓу првите ќе ја почувствуваат предноста на 5G мрежата се обожавателите на мрежните игри, кои постојано имаат потреба од голем пренос на податоци (интернет), кој сега го обезбедуваа единствено преку фиксна оптичка линија, а со лансирањето на 5G и преку поврзување на мобилна мрежа, ќе имаат можност да „гејмаат“ од каде и да посакаат.

Од друга страна, пак, на долг рок придобивките од 5G за корисниците се бесконечни. Сегментот во кој најзначајно ќе се почувствува доаѓањето на новата генерација е Интернетот на нештата (Internet of things), кој ќе достигне сосема нов стадиум во својата употреба. Индустрии какви што се автомобилската, производство, здравство, малопродажбата како и паметните градови, ќе бидат оние што првенствено ќе имаат најголеми придобивки од IoT, а со тоа и од новата генерација, не само поради големите брзини и капацитети за пренос на податоци (интернет), поголемата покриеност и кратката латенција, туку и поради можноста за складирање на зголемениот обем на податоци, кој е неопходен за непречено функционирање на Интернетот на нештата.

Во крајна линија, од социоекономски аспект земено, придобивките од 5G и подоброто функционирање на Интернетот на нештата, ќе овозможат зголемена ефикасност на бизнисите, економски раст на земјите, подобро влијание на климатските промени, како и целокупен технолошки раст и развој на самите општества.

Една година по ковид-19, кои се Вашите очекувања за движењето на секторот и дали моменталната економска криза ќе влијае и врз телекомуникациите?

Мирчев: Ниту една економија не е изолирана од негативното влијание на ковид-19. Последиците се чувствуваат глобално, а македонската економија чиј составен дел се и телекомуникациите, не е исклучок. Ова беше година на празни канцеларии, празни училишта, затворени хотели, ресторани и тивки улици. Апелиравме и ги прифативме препораките да се приспособиме на новиот начин на функционирање, а ние како компанија од телекомуникацискиот сектор, покрај тоа што требаше и самите да се адаптираме, ја понесовме и одговорноста за овозможување на новиот начин на функционирање преку дигиталните алатки што ги креиравме и им ги понудивме на корисниците и на јавноста воопшто. Најнапред се соочивме со менување на моделот на работење, кој го трансфериравме во онлајн модел, а потоа ги воведовме и ги надградивме каналите за продажба и за грижа за корисници. Први на пазарот лансиравме Виртуелна продавница – А1 Live Shop, a постојано го надградуваме и Славчо, четбот базиран на вештачка интелигенција, кој одговара на прашањата на нашите корисници. Од ова наше искуство произлегува и заклучокот дека кризата ја поттикна дигитализацијата и доколку некој доцни во нејзиното спроведување, сега е вистинско време за неопходната дигитализација. Од ковид-кризата сите ние ќе излеземе многу повеќе запознаени со дигиталните алатки, ќе бидеме уште повеќе поврзани и имајќи ги предвид придобивките, само нивното унапредување ќе ни носи задоволство во иднина. Свесни за состојбата во која се најдовме ние и целата бизнис-заедница, се стремиме преку нашата понуда да овозможиме нашите деловни корисници својата канцеларија да ја носат секаде со себе, а со тоа да добијат многу поголема брзина во извршувањето на своите деловни зделки и остварување бизнис-контакти. Нудиме атрактивни дигитални решенија за деловните корисници, па покрај конвергентната понуда за сите бизнис-сегменти – мали, средни и големи компании, во нашето портфолио имаме и нови ИКТ-продукти и услуги, кои го олеснуваат функционирањето во новото време.

Инспирирани сме од потребите на корисниците за комуникација и дигитални решенија и затоа во континуитет испорачуваме продуктно портфолио во кое секој еден корисник, независно дали е резидентен или бизнис-корисник, ќе го пронајде вистинското решение за своите потреби. Во оваа насока и ќе продолжиме.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?