19 Април, 2024
0.0276

Катица Кузманоска, директор на Дирекција банкарство за население УНИБанка

ИНТЕРВЈУ Кузманоска: Создадовме кредитни производи со животно осигурување, а со ниска камата

Објавено во: Економија, Интервјуа 05 Март, 2020

Добивај вести на Viber

За да обезбеди повисок стандард и повеќе услуги за клиентите УНИБанка во својот асортиман производи го воведе и животното осигурување. Во следниот период, многу други новитети најавува во интервјуто за Фактор, Катица Кузманоска, директор на Дирекција банкарство за население во оваа банка. Меѓу нив, повеќето кои го промовираат електронското банкарство, новини кои го одбележуваат новото време – опција депозитот да се надополнува од било кое место, бесконтактна картичка која како стикер се лепи на мобилен телефон. Банката минатата година има исклучителни резултати, а најголем дел од портфолиото е во потрошувачки кредити.

Поминува и вториот месец од оваа година – минатата заврши со солиден кредитен раст, а своевиден бум на ниво на банкарски сектор имаа станбените, но и потрошувачките кредити. Од аспект на кредитирањето на граѓаните, какви се вашите очекувања за годинава. На што се фокусирате и какви се потребите на населението од друга страна?

Кузманоска: УНИБанка во 2019 година во сите сегменти на работа со население оствари исклучителни резултати, кои се над просекот на банкарскиот сектор.

Во делот на кредитите, се фокусираме паралелно на сите кредитни продукти. Активно го следиме пазарот и вршиме анализа на потребите на клиентите во насока на креирање на продукти со карактеристики кои одговараат на афинитетите и можностите на македонскиот граѓанин.  Најголем процент од нашето портфолио отпаѓа на потрошувачките кредити, 47 отсто, додека не помалку актуелни се и хипотекарните и станбените кредити. За годината која следи највисок пораст очекуваме во делот на ненаменските кредити, односно потрошувачките и хипотекарните кредити.

Хипотекарните кредити ги издвојуваме бидејќи на клиентите им нудат слобода во поглед на користењето на средствата, долги фиксни рокови со фиксна каматна стапка и можност за рефинансирање на сите обврски на клиентите, а со цел намалување на месечните обврски по кредити.

УНИБанка има своевиден продор во однос на производите за население – каква е стратегијата за раст?

Кузманоска: Стратегијата на УНИБанка е насочена во остварувањето на три основни цели, а тоа се зголемување на пазарното учество, продолжување со иновации, технолошките унапредувања и унапредување на алтернативните канали и одржување на прифатливо ниво на кредитен ризик.

Во насока на остварување на наведените цели ги оптимизираме процесите за да креираме одлично корисничко искуство. За таа цел користиме проактивен пристап, односно се трудиме да предвидиме што е она што корисникот најверојатно би го правел, или би сакал да го прави и да обезбедиме едноставен начин за да го оствариме тоа.  Со особено задоволство сакам да истакнам дека банката на почетокот на оваа година воведе мошне значајни иновации како кај продуктите, така и во каналите на продажба. Во делот на кредитите овозможивме за клиентите со приливи во банката да аплицираат за кредитен продукт со поднесување единствено на документ за идентификација. Клиентите го имаат задоволството од комфорот на сопствениот дом, преку електронско и мобилно банкарство да аплицираат за сите кредитни продукти за физички лица и се разбира во најкраток рок да им биде соопштена одлуката. На овој начин на нашите клиенти им заштедивме време и избегнување на редовите бидејќи не мора да доаѓаат во просториите на Банката за да поднесат барање за кредит.


Постојана надоградба на дигиталните канали за продажба.

Платформата на електронското банкарство на УНИБанка ја нaдоградивме со дополнителни мошне атрактивни функционалности. Клиентите на банката брзо и едноставно ќе можат да отворат депозит или трансакциска сметка, како и можност да ги надополнуваат депозитите во било кое време, со што го стимулираме штедењето. Оваа функционалност ќе биде достапна за граѓаните во најкраток рок.

Моменталното извршување на услугите, без дополнително чекање, како и широкиот спектар на можности кои ги нуди овој канал за продажба им овозможува на клиентите потполна контрола над личните финансии под високо ниво на безбедност.

Да не ги заборавиме и картичките. Воведовме дебитна картичка за млади. Истата е со многу интересен дизајн и со можност за нов начин на плаќање – стикер. Стикерот претставува всушност картичка која може да се залепи на мобилниот телефон и да се користи за безконтактно плаќање. Навистина лесно и безбедно, за да платите не ви е потребен вашиот паричник, доволно е да не сте го заборавиле својот мобилен телефон. Стикерот го издаваме во пакет со картичката за млади, но може да го добие и секој наш клиент кој веќе поседува дебитна картичка на Mastercard и се стреми да е во чекор со времето.



Депозитниот раст е исто така солиден, па и покрај ниските камати, штедењето лани го оствари проектираниот раст. Какви се склоностите на граѓаните од аспект на штедењето? Што нудите вие?

Кузманоска: Депозитната база на население е во континуиран раст, односно остварениот пораст од 15,8 отсто во 2019 година. Ја покажува довербата на клиентите и ја зацврстува позицијата на банката, како „Банка на клиентот”.

Очекуваме трендот на пораст на депозитната база на население да продолжи и во 2020 година. Овој раст ќе го овозможиме со нашите депозитни продукти кои се флексибилни, со различни рокови и валути, дизајнирани за потребите на штедачите.

Депозитните продукти на УНИБанка се отворени, односно им нудат на клиентите можност за зголемување на основниот влог преку дополнителни вложувања се до истекот на рокот на депозитот.

УНИБанка е банка застапник за осигурување. Какви продукти нудите и кои се предностите за граѓаните од тој аспект?

Кузманоска: Следејќи ги трендовите во банкарските услуги, како банка на клиентот, УНИБанка во својот асортиман производи го воведе и животното осигурување.

Банката е во партнерски однос со осигурителната компанија Кроација Осигурување Живот АД Скопје која е одлично позиционирана на пазарот на осигурување и подготвена да го сподели нивното знаење и искуство во продажбата со нас.

Целта на поврзувањето на банкарските и осигурителните продукти е обезбедување повисок стандард на услуги за клиентите на едно место. Со воведување на новата финансиска активност, клиентите на едно место ќе можат да добијат банкарски и осигурителни услуги, што ќе придонесе за скратување на  нивното време и трошоци.

Нашата развиена деловната мрежа дава можност за директен контакт со потрошувачите и создавање доверба кај нив за осигурителните производи. Вработените во деловната мрежа ќе ги нудат соодветните кредитни и осигурителни производи, со што нашите кредитни производи ќе добијат додадена вредност.

На овој начин семејството на клиентот е заштитено при настанување на осигурен случај – смрт како последица од болест или несреќен случај на кредитокорисникот, од една страна, а од друга страна заштитена е и банката.

Примарно ќе се нудат полиси за ризико осигурување на живот за случај на смрт кои ќе бидат интегрирани со кредитни производи. Паралелно со кредитните производи поврзани со осигурување, во експозитурите на УНИБанка може да се купат сите типови полиси од палетата на Кроација Осигурување Живот АД Скопје што се во слободна продажба, под исти услови како во осигурителната компанија - индивидуалното осигурување, ексклузив осигурувањето и детското штедно осигурување КОКО.

Кредитните производи со животно осигурување, кои моментално се во нашата понуда, се со одлични карактеристики односно потрошувачкиот кредит има ниска каматна стапка почнувајќи од 4,25 проценти, фиксна за првите две години и од 6,25 отсто фиксна за останатиот период. Станбениот кредит има фиксна каматна стапка до 7 години почнувајќи од 3,15 проценти за првите седум години и од 5,15 отсто за останатиот период, со рок на отплата на кредитот до 30 години, без надоместок за обработка на барањето и трошоци за ликвидирање на изложеноста од сопствени средства. Хипотекарниот кредит има фиксна каматна стапка до 4 години почнувајќи од 5,20 отсто за првите четири години и од 6,20 проценти за останатиот период, со рок на отплата на кредитот до 20 години. Кредитот не ограничува во поглед на намената на средствата и може да се искористи за најразлични потреби на клиентите

Создадовме кредитни продукти со значително пониска каматна стапка споредбено со кредитите без животно осигурување, со цел клиентите да го фаворизираат овој производ и да го искористат бенефитот од животната полиса.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји