19 Април, 2024
0.0615

Интервју Катерина Петровска: Зависна сум од борбата на умови и адреналинот на шаховската табла

Објавено во: Стил 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Катерина Петровска е Раководител на Дирекција за Маркетинг во Охридска Банка Сосиете Женерал. Токму во оваа компанија слави јубилејни десет години ангажман. Низ годините променила неколку работни позиции, поголемиот дел од нив во комерцијалниот дел што, како што вели, од сегашна гледна точка го смета за непроценливо банкарско и животно искуство. Петровска има уште една голема љубов. Таа неодамна беше дел од женската шаховска репрезентација на Македонија на 43-та Олимпијада во Грузија. Освен за убавината на оваа древна игра, разговаравме и за предизвиците во професијата, но и воопшто за положбата на жените во македонската бизнис заедница

* На почетокот би Ве замолил да ги издвоите најзначајните моменти од Вашиот досегашен професионален пат.

- Од сегашна перспектива, мојот професионален пат започнува и „завршува“ со Охридска Банка Сосиете Женерал. Во оваа компанија годинава славам јубилеј од 10 години и навистина сум горда што сум дел од банка која е единствен светски бренд на нашиот пазар. Тука се случи моето прво работно искуство, по дипломирањето на Економскиот факултет во Скопје, а низ годините променив неколку работни позиции во Банката, поголемиот дел од нив во комерцијалниот дел, што од сегашна гледна точка го сметам за непроценливо банкарско и животно искуство. Во моментот сум на позиција Раководител на Дирекција за Маркетинг, одговорна за три служби, маркетинг и комуникации, развој на производи и служба за квалитет, секоја од нив со своја проблематика и предизвици, но истовремено меѓузависни и со голем потенцијал за заеднички синергетски резултат, кој верувам го постигнуваме. После подолг период во директна комуникација со клиенти, од оваа позиција имам можност за индиректно влијание и комуникација со нив, како и креирање на понуда и производи што ќе ги задоволи нивните потреби. Навистина е посебен предизвик и задоволство во ова време на дигитализација да се биде учесник во креирање на производи, маркетинг кампањи и интеракција со клиенти преку најразлични дигитални канали. 

 Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре