19 Април, 2024
0.0336

ИНТЕРВЈУ ГЛИГОР ЦВЕТАНОВ: Во време на промени и кризи да се слушне знаењето и вештините на челните луѓе од докажаните и успешни компании во земјава

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Ако треба да издвои три работи кои се најклучни и најпотребни да ги знае еден добар менаџер, Глигор Цветанов генералниот директор на една од најуспешните македонски компании "Макпрогрес“ од Виница има интересен одговор. Вели прво треба да се сврти кон себе, да биде сам свој консултант и да се запраша што се може да стори за подобрување кај себе лично, но  и во компанијата што ја води. Второ, да гради односи со вработените, купувачите и добавувачите базиран на взаемна доверба и взаемно почитување и трето и најважно да има визија, да посакува и да сонува на големо, бидејки ништо не е недостижно. Има ли доволно менаџери кои го знаат ова? Што друго е потребно, дали има едноставна лекција за да се биде успешен? Веројатно прашањата имаат и повеќе одговори. Цветанов го има својот. Тој е дел од Советот за унапредување на високото образование кој од неодамна е формиран во Стопанската комора на Северна Македонија. Во рамки на Советот се организира и Програмата за клуб на менаџери – претприемништво и лидерство каде и Цветанов е предавач. Обуката започнува на 9 декември, а ќе трае до крајот на мај следната година. Освен Цветанов предавачи се и педесетина други реномирани претставници на бизнис секторот, академската и научната фела.

Цветанов: Во време на промени и кризи какви што сега минуваме се поважно е знаењето и вештините на челните луѓе на компаниите. Голем број студии, анализи и истражувања укажуваат на потребата од стекнување технички вештини и други специфични знаења на менаџерите на компаниите во нашата држава и тоа во сите региони. Со завршувањето на оваа програма за претприемништво и лидерство очекувам менаџерите да ги зајакнат своите капацитети на менаџирање на компаниите со што ќе се обезбеди раст и развој на нивните компании, а тоа ќе значи и раст на економијата на државата во целина. 

Целта е да се унапредат компетенциите и вештините на високобразованите кадри во согласност со потребите на бизнисот, а вакви програми реално и малку се организираа овде во земјава. Колку е важно искусни менаџери да пренесуваат знаење кон помлади бизнисмени, со оглед на тоа што во светот токму вакви обуки се редовна практика?

Цветанов: Во програмата како предавачи се вклучени едни од најуспешните и докажани менаџери кај нас. Едно од најдобрите учења е трансферот на знаење и учење од поискусните, оние кои претходно се соочиле со одреден проблем. Тие можат најдобро да ги споделат своите искуства околу проблемите во реалниот сектор. Освен ова, посетителите ќе имаат можност и за размена на искуства што го прави бенефитот уште поголем. 

Еден пример за ваква програма е и нашиот.  Во текот на овој месец со поддршка на ЕБОР, Владата на Јапонија и компанијата „Макпрогрес“ Виница отворивме Академија за Извршни директори лоцирана во Виница. „Прогресив Академија“  е високопрофесионална академија со иновативен тренинг центар кој ќе овозможи градење на технички вештини, спроведување на обуки за менаџери за компаниите во регионот и пошироко, организирање на програми за развој на млади професионалци, спроведување на активности за истражување и развој, како и соработка со други едукативни институции со цел трансфер на знаење. Она што е каректеристично и за оваа академија е дека 70 отсто од предавачите се од реалниот сектор, успешни менаџери и лидери со меѓународно искуство. 

Програмата во Стопанската комора е замислена на начин предавачите кои се претставници од бизнис секторот академската и научната фела да пренесуваат практични искуства, но и теорија на повеќе теми со менторски пристап. Како ќе пристапите вие и на што ќе се осврнете во вашето предавање?

Цветанов: Моето предавање ќе биде во насока на споделување на искуства од самите почетоци на развојот на компанијата, бројните предизвици со кои сме се соочиле во сите години наназад како и со она што мислам дека е пресудно за успехот на „Макпрогрес“. Воедно на предавањето ќе дадам и посебен осврт и лични искуства околу семејните компании за кои кај нас многу малку се зборува, но кои ќе се наоѓаат во сериозни предизвици во годините кои следат бидејќи кај повеќето кои се формирани во деведесетите и двеилјадитата година токму сега претстои трансфер на сопствеништвото и на управувањето на следните генерации. Во исто време многу малку од компаниите, основачите и наследниците се подготвени добро за тој трансфер да биде успешен. 

Самиот имате дипломирано менаџмент на Факултетот за економија и организација на претприемништво, а имате магистратура по психолошки науки. Колку ова образование ви помогна во вашата подоцнежна кариера, а што научивте дополнително низ практичното искуство?

Цветанов: Јас сум човек кој постојано сака да учи и да се наобразува. Формалното образование е само еден сегмент од доживотното учење кое јас го практикувам. Кога ќе почувствувам дека немам некој поголем предизвик пред себе, сам си го создавам па започнувам некоја нова обука, курс или формално образование. Доживотното учење, учењето од постарите и поискусните како и практичното искуство е она што секој менаџер треба да го води. Воедно за еден менаџер сметам дека е многу важно и да се следат тековите во светот и да се читаат книги. Јас лично сакам и практикувам редовно да читам книги и тоа претежно деловна литература и популарна психологија. 


Велите дека имате псоебен модел на успех, каков е всушност тој? Како се станува успешен менаџер?

Цветанов: Со посетителите ќе споделам модел на успех кој го практикувам во нашето работење а тоа е надограден модел на основите на маркетингот 4П со уште неколку важни одлики. Накратко на предавањето ќе зборуваме за 10П моделот кој се состои од следниве одлики - Производ, Price – Цена, Присутност, Промоција, Професионалност, Партнер, Почит, Пожртвуваност, Подобрување и Претприемништво.

Ги споменавте семејните фирми и актуелната транзиција на управувачкиот модел во компаниите. Кои се сознанијата и развојот? А кои се клучните пречки со кои се соочувате при процесот на менаџирање?

Цветанов: Европските и светските статистики говорат дека семејните фирми сочинуваат повеќе од две третини од вкупниот број компании во целиот свет, а создаваат од 70 до 90 отсто од глобалниот БДП. Но, додека мнозинството сопственици на семејни бизниси би сакале нивниот бизнис да биде пренесен на следните генерации се предвидува дека 70 отсто од бизнисите нема да преживеат во втора генерација, а 90 отсто нема да стасаат до третата генерација. 

Преносот од основачот на втората генерација е една од најчувствителните фази во развојот на една компанија. Но, колку и да е тоа опасно, без пренос не се може, а во исто време нема незаинтересирани за судбината на семејните компании - колку е поголема и поуспешна, толку помалку им е финансиски потребно на семејството, а повеќе е потребно на кои работат во компанијата и државата чиј буџет компанијата го полни. Клучни предизвици за успешен пренос на манаџирање во една семејна компанија е подготовката на сите инволвирани страни за овој процес односно компанијата, основачот, наследникот и семејството.

Во актуелниот контекст и пандемијата, земјата се соочи и со тешка економска криза, сега има и енергетска криза. Како се снаоѓате конкретно вие, а како во вакви кризи треба да се однесува еден менаџер впрочем?

Цветанов: Сите ние минуваме низ многу промени на кои секој менаџер треба да гледа внимателно да го одржи редовното работење, но и да гледа во иднината, како ќе се позиционира после кризата. За жал кризите се надоврзуваат една по една, првично од здравствената криза, па економското намалување па кризата со енергенси и суровини, па и отселувањето на младите од државата. 

Од самиот почетокот на појавата на коронавирусот како опасност за здравјето на населението во „Макпрогрес“ преземавме низа активности за превенција на нашите вработени, но воедно и да ја одржиме економската активност и да ги задоволиме барањата на потрошувачите ширум светот. Нарушените ланци на снабдување, сушните периоди, високите цени на транспортот, високите цени на енергенсите и амбалажите се причина за енормно зголемените трошоци за работење на компаниите од прехранбената индустрија. Исто така останува предизвик и немањето доволен избор на квалификувани кадри како и задржувањето на вработените со оглед на континуираното отселување од државава. 

Ние кризата ја искористивме да направиме сериозни промени внатре, силно инвестиравме во нови капацитети и подобрување на постоечките и продолжуваме да работиме напорно да ја одржиме економската активност, да ги задоволуваме потребите на потрошувачите на сите пазари каде што работиме. На 12 ноември оваа година во отворивме Винчини Развојниот центар кој очекуваме дека ќе донесе многу нови иновативни производи и зголемен развој и иновации во годините што следат. 

Вие имаат свое дообразување и во странство, дали тоа е нужно за да се биде успешен?

Цветанов: Како што спомнав претходно, доживотно учење и надоградба на знаењата и вештините е потребно на секој кој има амбиции да биде успешен. 

Издвојте три работи кои се клучни и најпотребни да ги знаат идните менаџери?

Цветанов: Прво да се сврти кон себе, да биде сам свој консултант и да се запраша што се може да стори за подобрување кај себе лично и во компанијата која ја води. Второ да гради односи со вработените, купувачите и добавувачите базиран на взаемна доверба и взаемно почитување и трето и најважно да има визија, да посакува и да сонува на големо, бидејки ништо не е недостижно. 

А.Т.

 Пријава



Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите