28 Март, 2024
0.0273

ИНТЕРВЈУ ЏАНГ ЅУО: Вакцината против коронавирусот се тестира на животни и очекуваме брзо да се развие

Објавено во: Македонија, Интервјуа 11 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Во време кога бројот на жртвите се искачи на над 900 луѓе, а светот е загрижен од тоа како понатаму ќе се шири коронавирусот, кинеската држава се бори против епидемијата максимално одговорно, организирано и транспарентно. Кина воспостави сеопфатен систем за превенција и контрола, а многу од мерките што ги презеде ги надминаа дури и барањата на Меѓународните здравствени регулативи и беа посочени од директорот на Светската здравствена организација како пример за справување со епидемија во светот. Во ексклузивно интервју за Фактор кинескиот амбасадор во земјава, Џанг Ѕуо, вели дека СЗО е уверена во победата на Кина над епидемијата, а земјата има капацитет да ја добие битката што е можно побргу. Не треба да се создава страв и паника, не треба да се верува на гласини и не треба да се оди на ирационални потези, туку земјите треба да преземаат разумни мерки, кои ќе бидат базирани на научни сознанија. На моите пријатели во Северна Македонија им порачувам дека бројот на оздравените од коронавирусот го надминува бројот на починатите, а се намалува и бројот на сомнителните случаи, нагласува амбасадорот. Она што е многу битно, вели Ѕуо, е што кинескиот тим веќе почна да ја тестира новооткриената вакцина кај животите и се очекува таа брзо да може да се употребува. Во интервјуто, кинескиот амбасадор зборува и дека амбасадата издала предупредување до кинеските туристи доколку планираат да дојдат тука да се придржуваат до мерките, но и за тоа како епидемијата нема да ја погоди кинеската економија, туку ќе ја направи уште посилна... 

Подраководството на претседателот Си Џинпинг на Кина воспостави сеопфатен и многуслоен систем за предупредување за превенција и контрола на епидемијата, чии фокус е во градот Вухан и регионот Хубеи, и ja покри целата земја, од централно до локално ниво. Врз основа на отвореноста и транспареноста, работата против епидемијата продолжува одговорно и организирано. Од избувнувањето на епидемијата, кинеската влада усвои најсеопфатни и најстроги мерки за превенција и контрола, базирана нa заштита на здравјето на сите луѓе. Многу мерки ги надминаа барањата од „Меѓународните здравствени регулативи“ и сe посочени од генералниот директор на СЗО како „пример“ за справување со епидемијата вo светот.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус, јасно објави дека прогласувањето на епидемијата со коронавирус за „јавен здравствен итен случај од меѓународна загриженост“ не значи „гласање за недоверба“ на Кина. Напротив, СЗО е уверена во победата на Кина над епидемијата, и нема потреба да се спротивставува на какви било ограничувања за патувања или трговија со Кина. Кина е подготвена да продолжи да ја зајакнува соработката со Светската здравствена организација и меѓународната заедница на отворен, транспарентен и високо одговорен начин. Исто така, Кина има доверба и капацитет да ја добие битката што е можно поскоро.

Во однос на мерките на Кина против епидемијата, повеќето земји, вклучително и Република Северна Македонија, изразија одобрување и поддршка. Во исто време, според препораките од СЗО, многу земjи започнаа да ги усвојувaат разумните мерки против епидемијата. Се надеваме дека во согласност со релевантните одредби од Меѓународните здравствени регулативи и професионалните и авторитативните препораки од СЗО, Република Северна Македонија ќе преземе разумни и непристрасни мерки, базирани врз научни сознанија. 

Земјава е посиромашна и со послабо развиен здравствен систем, сметате ли дека доколку вирусот се прошири и овде, државата ќе има капацитет да се справи со него?

Вирусите се заеднички непријател на човештвото. Кинеската влада усвои најсеопфатни и најстроги мерки за превенција и контрола. Многу мерки ги надминаа барањата од „Меѓународните здравствени регулативи“. Напорите на Кина не само што го штитат здравјето на кинескиот народ, туку го штитат и здравјето на народите во целиот свет. Владите на различните земjи и СЗО и дадоа целосно признание, и активно даваат поддршка и помош на Кина. Сепак, за жал, постојат и некои земји и медиуми, што прават непријателски забелешки. Ние не се согласуваме со зголемување на стравот, па дури и создавање на паника. Исто така, строго се спротиставуваме на екстремните и ирационалните забелешки.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебреисус истакна: „Ова е момент во кој се потребни факти, а не страв, момент што бара наука наместо гласини, момент за солидарност, а не понижување“. Она што сакам да го кажам на моите пријатели во Републира Северна Македонија, е дека иако бројот на заразените од коронавирус е прилично голем, новина од Кина е дека процентот на смртност е многу помал од заразeните од африканската Ебола, од САРС и од Респираторниотсиндром на Блискиот Исток коронавирус (МЕРС), како и други епидемии. Позитивна новост сега e што бројот на оздравeните го надминува бројот на починатите, а бројот на сомнителните случаи за зараза исто така се намалува. Ова се резултати од напорите на Кина. Сакам да ви кажам декa сме целосно сигурни и способни зa победа вo оваа битка.

Ние се надеваме дека меѓународната заедница ќе ја разбере епидемијата рационално и смирено, и ќе реагира научно и соодветно. Владата на Република Северна Македонија организира експерти за формулирање на научни анти-епидемиски мерки, изготви планови за изолација на сомнителни случаи, подготвени се реагенси за откривање на вируси и заштитни облека, и на аеродромот инсталира термална камера за проверување на патниците. Како што министерот за здравство изјави пред новинарите, во Република Северна Македонија нема ниту еден сомнителен случаи и нема простор за паника. Кинеската страна верува дека Македонија ќе продолжи да спроведува објeктивни и рационални мерки за превенција и контрола, и Кина исто така ќе одржи тесна комуникација и координација со вас, со цел заедно да ја заштитиме глобалната јавна здравствена безбедност.

ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА ЈА ГАРАНТИРАМЕ БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ВО КИНА

Планирате ли да се вклучите на некаков начин, соработувате ли со здравствените власти на Македонија?

Ние одржуваме тесна комуникација со вашата Влада. Без разлика за што се работи, на пример, борбите против епидемијата на САРС во 2003 година, против Ебола во Африка, против Респираторниот синдром на Блискиот Исток коронавирус, или против сегашната епидемија, Кина ги презема своите меѓународни обврски како една голема и одговорна земја, секогаш соработува со меѓународната заедница во духот на отвореност, транспарентност, наука и координација. Кинеската страна има долга и стабилна соработка со владините организации и со медицински институции во областа на здравството и во сферата на кинеската медицина на Република Северна Македонија. На пример, во декември лани, потпишавме договор за донација во здравствени и социјални услуги, во вредност oд 30 милиони јуани. Може да се каже дека меѓу двете земји има стабилна база на меѓусебната доверба во здравствената сфера.

Во ерата на глобализација, при справувањето со предизвиците во меѓународното јавно здравје, треба да ги зајакнуваме комуникацијата и координацијата и да играме конструктивна улога. Кина е подготвена да одржува комуникација и координација со сите земји, вклучително и Република Северна Македонија, рационално да се справи со превенцијата и контролата на епидемијата. 

Кина ќе продолжи да ја гарантира безбедноста и здравјето на македонските граѓани во Кина и да им обезбедува секаква неопходна помош. Ние ја поддржуваме Северна Македонија да усвои разумни мерки за превенција и контрола на епидемијата. Исто така, се надеваме дека Северна Македонија ќе продолжи да ги поддржува напорите на Кина за спречување и контрола на епидемијата.

Вирусот е опасен, а луѓето се солидарни. Епидемијата е привремена, а пријателството е долготрајно. Кина придава големо значење на безбедноста на животот и здравјето на странците во Кина, особено во Вухан, во Хубеи, и кинеската страна презема ефективни мерки за навремено решавање на нивните разумни грижи и барања. Република Северна Македонија е наш пријател, ние ќе водиме грижа за македонските граѓани во Кина, ве молиме, бидете спокојни.

Министерството за надворешни работи постави колумна за борбата против пневмонија од инфекцијата со коронавирус, и ги ажурира сите новости од Државната комисија за здравството за превенцијата и контрола на епидемијата. Пријателите во странство можат да ги следат најновите инфомации од следниот линк.

https://www.fmprc.gov.cn/mfa_eng/topics_665678/kjgzbdfyyq/

Во борбата против епидемијата, искрено им се заблагодаруваме на луѓето од сите земји за нивното сочувство, разбирање и поддршка. По избувнувањето на епидемијата, Владата и пријателите од Северна Македонија и изразија целосна доверба на Кина во борбата против епидемијата, а исто така ни покажуваат искрено разбирање и поддршка. Некои пријатели, веднаш предложија донации, како на пример лекови, или маски, или преку интернет ни даваат поддршка, што многу ни значи во овие моменти. Сакам да ви заблагодарам искрено. Би сакал да го споменам и јавно да му се заблагодарам на сопственикот на компанијата Gree Македонија, г-дин Горан Вуковојац, кој преку DHL испрати 50.000 маски во Кина, кои се најпотребна помош во моментот.

ВО МОМЕНТОВ ВАЖНО Е ДА ГО НАДМИНЕМЕ СТРАВОТ И ДА ИЗБЕГНЕМЕ ПРЕКУМЕРНА РЕАКЦИЈА

Кога очекувате да се развие вакцина против коронавирусот?

Кинескиот центр за контрола на болестите го засилува развојот за пронаоѓање и производство на вакцините. Досега видовите на вирусот веќе се успешно изолирани, што е важен напредок. Пред неколку дена, кинескиот тим за научно истражување објави дека со новооткриената вакцина против коронавирус се започна тестирањето кај животните. Обично, развојот на вакцини е долг процес, но благодарение на развојот на новите технологии, циклусот за развој на вакцините е скратен од години на месеци.

Има ли потреба од загриженост?

Кина е сигурна и способна да извојува победa вo борбата против епидемијата, и ќе даде се од себе да ја контролира епидемијата и да го намалува ризикот од ширењето. Кина ќе ја продолжи соработката со СЗО, релевантните земји и региони, вклучително и Република Северна Македонија, заедно да се справиме со епидемијата и да ја заштитиме регионалната и глобалната јавна здравствена безбедност.

СЗО неколку пати изјави дека мерките на Кина се ефикасни и силни. СЗО е полна со доверба во победата на Кина над епидемијата. Во сегашната ситуација, треба да се одржи смиреноста. Превенцијата е неопходна, но нема потреба од премногу реакција, а разумно е да се усвојуват научни и разумни мерки. Јавната здравствена криза бара солидарност и соработка, а не паника. Паниката може да има негативно влијание, но нема да го запре ширењето на епидемијата. Загубите предизвикани од гласини и паника можат да бидат поголеми од самата епидемија. Во моментов, важно е да го надминеме стравот, да избегнеме прекумерна реакција и да се одржи научна, мирна и рационална позиција.

Пред предизвикот на јавната здравствена криза, потребна е сплотеност за да се победи стравот. Стравот ќе создаде негативно влијание, и нема да го стопира ширењето на епидемијата. Мора да се придржуваме кон духот на отвореност, транспарентност и научна соработка, да работиме заедно за да ги разјаснуваме лажните изјави и рационално да се заштитиме од стравот. За да се надмине состојбата мора да гарантираме отвореност на официjалните канали, бидејки за да се контролира епидемијата и да се следат епидемиите, за лицата кои влегуваат и излегуваат, официjалните авионски канали и граничните пристаништа мора да бидат отворени. Во спротивно, луѓето ќе бараат неофицијални канали, што не е погодно за превенција и контрола на епидемијата.

Дали коронавирусот има влијание врз некои кинески компании, ресторани или граѓани во земјава?

Како одговорна земја, Кина ќе вложи максимални напори за да се спречи ширењето на епидемијата, особено да не ја повреди пријателска Северна Македонија. Сега Кина ги стопира сите групи за екскурзија во странство, усвои мерки за мерење на температура на патниците кои излегуваат од Кина, а истовремено патниците мора да пополнат обрасци за својата здравствена состојба. За да се превенира можна зараза во Република Северна Македонија, кинеската амбасада одржува блиска комуникација и ги споделува навреме сите информации со македонската страна. Издадовме предупредување и предлози за кинеските туристи кои планираат да дојдат тука да се придржуваат до мерките против епидемијата на аеродромот, и да престојуваат во карантин 14 дена.

Нормалните односи меѓу Кина и Северна Македонија се во интерес на двата народа. Штетите од гласините и паниката би можеле да бидат поголеми од негативните ефекти од самата епидемија. Сега многу е важно е да го надминеме стравот и да избегнеме прекумерна реакција, и треба да одржиме научна, мирна и рационална позиција.

ЕКОНОМИЈАТА НА КИНА ЌЕ СЕ РАЗВИВА СТАБИЛНО

Што мислите за влијанието од епидемијата врз кинеската економија?

Влијанието од епидемијата врз економијата на Кина е привремено и делумно. Избувнувањето на епидемијата се случи за време на празникот на Пролетниот фестивал, што предизвика одредено влијание врз индустријата за услуги на потрошувачите, како што се туризмот, угостителството, културата и забавата. А индустријата која е врз основа на интернет услуги е активна, како на пример купување преку Интернет, нарачки на храна преку Интернет или гледање на филмови преку Интернет. 

Од битката против епидемијата се гледа дека благодарение на предностите на нашиот општествен систем, можеме да го промовираме развојот на Кина во уште подобар и посилен. Од основањето на Народна Република Кина во октомври 1949 година, воспоставивме релативно комплетен национален економски систем, особено по воведувањето на политиката за реформа и отворањето на вратите кон светот, создадовме две чуда - брз економски развој и долгорочна социјална стабилност.

Затоа, што се однесува до мене, по справувањето со епидемијата, Кина ќе ја зајакнува довербата во сплотеноста и капацитетот на народот во борбата против епидемија или трговски војни. Кина ќе продолжи да се придржува на патот на мирен развој и нема да пропагира хегемонија. Кинескиот народ ќе се концентрира на продлабочување на структурните реформи и промовирање на висококвалитетен економски развој.

Гледајки на долг рок, економијата на Кина ќе се развива стабилно и ќе запази позитивен и висококвалитетен раст. Од гледна точка на внатрешната средина, позитивните фактори во економскиот развој се зголемуваат, а така се зголемува и економската еластичност.

Какво влијание ќе има оваа епидемија врз соработката на Кина со земјите од Централна и Источна Европа („соработка 17 + 1“)?

Пријателот на мака се познава. Државите од Централна и Источна Европа генерално ја разбираат и ја поддржуваат Кина во борбата против епидемијата, и традиционалното пријателство меѓу Кина и земјите сигурно ќе биде развиено уште повеќе. Верувам дека по победата на епидемијата, Кина ќе стане посилна и поискусна, и ќе биде уште посигурна во градењето на општата заедница и во партнерските односи на глобалната меѓусебна интеграција, и ќе има уште потесна комуникација и соработка со земјите од Централна и Источна Европа. Кина ќе го одржи Самитот на државните лидери меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа онака како што е закажан, со цел да ги промовира сеопфатното стратешко партнерство меѓу Кина и Европа на ново ниво, а глобалното управување кон уште поправеден и поразумен правец и да ја зајакнува понатамошната глобална соработка за решавање на разни предизвици.

Пролетта скоро ќе дојде, таа ќе биде со нов почеток и нов животен циклус, а Кина е убедена дека ќе ја победи оваа битка и ќе има убава иднина.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија