21 Април, 2018
0.0627

ИНТЕРВЈУ ДИРИГЕНТКАТА БИСЕРА ЧАДЛОВСКА: Во осмиот месец од бременоста чевелот ми испадна на сцена

Објавено во: Стил 12 Јануари, 2018

Три дена по ред, 23 песни, 15 пејачи, оркестарот и хорот на МОБ и само една диригентка, Бисера Чадловска. Тоа е накусо програмата на традиционалниот, Василичарски концерт во Македонската опера и балет кој премиерно ќе се одржи вечерва, петок. Вториот е утре, сабота, на 13 јануари, а третиот во недела на 14. Концертот е насловен „Simply Тhe Best“, а публиката ќе може да ги слушне поп и рок хитовите од златните осумдесетти и деведесетти. Традицијата на Василичарскиот концерт кој секоја година е со различна тема трае од 2009 година, и е еден од најпосетуваните културни настани во текот на целата година. Уметничката директорка и диригент во МОБ, Бисера Чадловска за Женски Магазин раскажа за програмата на концертите, за тоа како е избрана годинешнава тема, но и за предизвиците со кои таа како жена се соочува во нејзината, условно речено машка професија.

Женски Магазин- Што ќе понуди Василичарскиот концерт во МОБ годинава, кои солисти ќе настапат?

Бисера- Оваа година концертот за Василица ќе понуди во најголем број рок, но и поп хитови од осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век. Ќе настапат популарни пејачи од македонската сцена како Бени Шаќири, Горан Наумовски, Александра Јанева, Елена Петреска, Дани Димитровска, Ана Мицковска, Даниел Дан, Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Лена Заткоска, Александар Тарабунов, гостинот од Хрватска Бојан Јамброшиќ, како и нашите оперски солисти Ѓорѓи Цуцковски, Наде Талевска и Дарко Нешовски. Секако сите во придружба на оркестарот и хорот на Македонската опера и балет, бенд кој специјално беше избран за оваа прилика и јас како диригент.

Женски Магазин- Кога за прв пат реши дека диригентството ќе биде твоја професија?

Бисера- Професијата диригент ја одбрав уште пред да се запишам во средното музичко училиште. Од секогаш знаев дека ќе успеам на крајот бидејќи мојата желба беше премногу голема и не дозволив ништо да ме поколеба.

Целото интервју читајте го на Женски магазин, тука.

Можеби ќе ве интересира

Со ова заштедија 800 години во работни часови

Со ова заштедија 800 години во работни часови

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Арсен Венгер официјално си заминува од Арсенал на крајот од сезоната

Арсен Венгер официјално си заминува од Арсенал на крајот од сезоната

Д-р Светлана Смугреска, педијатар: Најважна е довербата лекар-пациент

Д-р Светлана Смугреска, педијатар: Најважна е довербата лекар-пациент

Трендо: Убава е и тишината која сам ја мезиш

Трендо: Убава е и тишината која сам ја мезиш

Родители на распуст

Родители на распуст