17 Април, 2024
0.0328

Интервју со Тодор Деловски, регионален директор на Кнауф Македонија и Кнауф Исток – Југозападен регион

ИНТЕРВЈУ Деловски: Кнауф Македонија денес е симбол за иновација во градежништвото

Објавено во: Мои пари, Интервјуа 24 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Интересно е како се развиваше приказната за КНАУФ, фактот дека на нејзиниот почеток во 1994 година канцеларијата имаше само двајца вработени. Соодветниот старт на компанијата, енергичниот напредок и имплементираната стратегија за ширење на регионално ниво, не донесе до четирикратно зголемување на пазарот. Овој развој сам по себе бара многу работа, професионализам и знаење. Еден од најважните моменти што ни овозможи да станеме регионален лидер е купувањето на фабриката во Дебар, раскажува во интервју за Фактор Тодор Деловски, регионален директор на Кнауф Македонија и Кнауф Исток – Југозападен регион.

Фактор: Кнауф Македонија е сред својот голем јубилеј, 25 години постоење и работа. Какви беа почетоците и кои беа клучните моменти и одлуки што доведоа до оваа бројка?

Деловски: Кога гледате на почетоците од дистанца од 25 години, сé изгледа поинаку. По 25 години поминати во посветена работа, отворање нови пазари, воведување нови производи, претставување понапредни стандарди и системи на градба, барање иновативни решенија и многу згради-сведоци околу себе за извршената работа, остануваат само фактите. Интересно е како се развиваше приказната за КНАУФ, фактот дека на нејзиниот почеток во 1994 година канцеларијата имаше само двајца вработени. Соодветниот старт на компанијата, енергичниот напредок и имплементираната стратегија за ширење на регионално ниво, не донесе до четирикратно зголемување на пазарот. Овој развој сам по себе бара многу работа, професионализам и знаење. Еден од најважните моменти што ни овозможи да станеме регионален лидер е купувањето на фабриката во Дебар. Момент на пресврт не само во смисла на поседување сопствена база, извор на гипс, туку и за врвниот квалитет на гипсот што се вади од рудникот во Дебар. Развојот во сите овие години се одвиваше со планска модернизација на капацитетите, реорганизација и обука на постоечките вработени, нови вработувања и сето тоа доведе до исполнување на стратешките цели поставени од германските сопственици. Така, Кнауф Македонија стана регионален центар на овој дел од Европа. После овие 25 години ние како компанија, не сме исти. Пораснавме, се адаптиравме и постигнавме многу.

Фактор: Што денес претставува Кнауф Македонија?

Деловски: Кнауф Македонија денес е симбол за иновација, за нови инвентивни решенија за градба, регионален центар за Кнауф системите и извор за гипс со исклучително висок квалитет. Со овие карактеристики зад нас и со секојдневната работа и резултатите што континуирано ги подобруваме, Кнауф Македонија стана значајна точка на картата на Кнауф и е една од 80-те земји кои се дел од овој германскиот гигант за производство на гипсени градежни материјали, кој своите производи ги произведува во 250 фабрики и ги продава на 5 континенти. Да се биде дел од едно вакво импозантно портфолио и тоа цели 25 години е референтна вредност за секоја компанија, а за нас говори сама по себе.


Фактор: Фабриката за гипс и гипсени префабрикати „Кнауф“ во Дебар, која е една од 250-те фабрики на семејство Кнауф во светот, неколку пати е издвоена за една од шесте најдобри фабрики на Кнауф во светот. Колку оваа валоризација е објективна и што значи ова за фабриката во Дебар?

Деловски: Кога една ваква класификација и признание доаѓа од компанија што има 250 фабрики низ цел свет, секако дека значи и е валоризација на комплетната наша работа. Ние знаеме дека имаме гипс со одличен квалитет. Имено, гипсот од оваа фабрика е со исклучително висок квалитет. Се добива како производ од минералот селенит што се наоѓа во Кристална пештера на овој рудник којшто е со одличен квалитет и освен кај нас селенитот може да се најде уште само на едно место во светот, во Мексико. Но, на квалитетот на материјалот се надоврзува и нашата работа, резултатите што ги постигнуваме, квалитетот на изведбите, присутноста на пазарот и динамиката со која се развиваме. Така што, нашата работа придонесе да бидеме издвоени како пример за многу други фабрики во светот.

Фактор: Гипсот е многу корисен и употребуван материјал, посебно во современиот градежен пристап. Но, сепак се чини дека овој материјал е дефиниран токму преку Кнауф, зошто е тоа така?

Деловски: Заради квалитетот на градбите и решенија што ги нудиме. Со нашите иновативни решенија ние веќе сме присутниво сите сегменти на високоградбата. Нудиме повеќе од стотина разни градежни решенија, како што се веќе препознатливите Кнауф преградни ѕидови и тавани, и тоа во повеќе варијанти. Тоа придонесе да бидеме препознатливи, но експертизата ни е одамна проширена на останатите делови од градбата на објектите како фасадни ѕидови, подови, топлинска, звучна и хидро-изолација, пасивната противпожарна заштита, акустика, градежна хемија, лепаци за плочки, силикони и други. И сето тоа според највисоки еко и стандарди за безбедност на здравјето. Затоа Кнауф системите се применуваат во секаков вид објекти од станбени, деловни, хотели, болници, училишта, детски градинки и слично. Во современата градба, гипсот претставува еден од највредните градежни материјали, кој покрај одличните механички карактеристики, има иста pH вредност како човековата кожа и добра пародифузност, обезбедувајќи со тоа пријатен амбиент и комфор во просторот, а ние, со нашите Кнауф системи, иновациите и адаптабилноста, тоа го издигнуваме на повисоко ниво и на поширока примена.

Фактор: На градежната индустрија секојдневно и се наметнуваат новите трендови, во однос на еко ефикасност, а истите се применуваат и кај нас. Дали и како тоа се одразува и врз Кнауф Македонија?

Деловски: Точно, модерните времиња многу влијаат и ги менуваат секојдневните потреби. Градежната, како и секоја индустрија ги следи новите барања, што многу често повеќе се потреби отколку барања. Кнауф ги следи сите овие промени. Затоа и толкав акцент се става на иновацијата на нови решенија со цел да се антиципираат, да се биде во чекор со промените. Како резултат на тоа, од Кнауф се произлезени еколошки материјали со висока топлотна, звучна изолација и енергетски ефикасни. Станува збор за различни производи коишто се создадени со иновативни технологии, како Cleaneo плочата со зеолит направена за акустичен комфор, која истовремено ги неутрализира и штетните честички во просториите. Sonicboard и Diamant се нови плочи наменети за преградни ѕидови што обезбедуваат одлична звучна изолација. Со новиот фасаден систем со применета ТСР технологија (Total Solar Reflection) се задржува постојаноста и долготрајност на фасадните бои. Овие наши системи, покрај преферираните од пазарот карактеристики, уште се потврдени и според европските еко производни стандарди.

Фактор: Покрај иновативните методи во градбата, како домашна компанија презедовте и многу други чекори преку вашата, Кнауф Академија. Што е целта на ова и какви резултати дава?

Деловски: Работејќи на овие пазари како бренд и како компанија имаме и обврска кон заедницата што ние ја исполнуваме преку создавање кадри од овој сектор и нивно вработување.  Преку создавањето на Кнауф Академија ние инвестиравме во едукација и профилирање кадри што се потребни во градежната индустрија, а секако и за Кнауф. Откако постои Академијата едуцирани се приближно 1000 професионално профилирани монтери кои се занимаваат со Кнауф-системите. Со овој чекор, покрај перспективите на пазарот и на градежниот сектор, истовремено си ја обезбедуваме својата иднина во пазарната ангажираност.

Фактор: Со оглед дека работите под еден од глобално најпознатите брендови, и тоа веќе 25 години, на регионални пазари, како може Кнауф Македонија да се претстави низ бројки? Што е главната причина за големината на Кнауф Македонија и постигнатите резултати?

Деловски: Кнауф Македонија најдобро може да се претстави и преку репрезентативните градби каде се искористени нашите системи, а тоа е бројни објекти низ целата држава. Но, претставувајќи ја Кнауф Македонија низ бројки и тоа оние кои не ставаат во компании креатори на економијата во државата е дека денес во Кнауф Македонија има 200 вработени во Дебар и во Скопје, а едуциравме и оспособивме над 1000 квалитетни кадри кои работат во индустријата. Во капацитетот во Дебар реализирани се инвестиции од 44 милиони евра. Самоминатата година остваривме извоз од 21 милион евра што е всушност 76% од производството во фабриката во Дебар и тоа со пласман на производите во земјите од Југоисточна Европа.

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!