18 Април, 2024
0.0256

ИНСУЛИНСКА ВОЈНА - за граѓански бенефит или политички поени - каков инсулин бил уништен

Објавено во: Македонија 09 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ да престане да манипулира сакајќи да собере политички поени на сметка на здравјето на пациентите, реагира министерството за здравство на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со инсулинот, кој според нив бил уништен пред да му помине рокот, предвиден од производителот.

„Во врска со повторно изнесените невистини, Министерството за здравство го потенцира следново. Прво, уништен е турски инсулин од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на претходната влада, без проверен ладен ланец, без познато потекло и без оригинал сертификати. ВМРО-ДПМНЕ знаеле за ова. Должни се да одговорат зошто си играле со здравјето на пациентите?

Второ, инсулинот од паралелен увоз е од времето на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните памтат и знаат, манипулациите нема да пројдат ни сега.

Трето, нов тендер за набавка на инсулини НЕМА, затоа што за тендерот од 2018 година веќе се склучени договорите. Количините од стоковите резерви не се никако поврзани со количините за тендер.

Четврто, воведени се три нови типови на инсулин, кои се најнова генерација на лекови – оригинални, со сертификат за квалитет и не се од паралелен увоз. Сега граѓани примаат оригинални инсулини. Не е како порано, да примаат инсулин без проверен ладен ланец и без оригинал сертификати.

Петто, во 2018 година се донесоа измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства. Оттогаш, сите лекови во нашата држава се со сертификат за квалитет. Нема повеќе инсулини од паралелен увоз.

Шесто, претходната Влада им го скрати буџетот на пациентите со дијабетес. Во 2016 година буџетот за оваа ставка изнесувал 730 милиони денари, а 2017 година го намалиле и изнесувал 562 милиони денари. За 2020 година, предвидено е да изнесува 750 милиони денари. Зошто покрај инсулините од паралелен увоз го намаливте и буџетот? Тоа не е вистинска грижа за пациентите!“ велат од Министерството за здравство.

Оттаму нагласуваат дека уништувањето на инсулинот е од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на претходната влада. Според нив, ВМРО-ДПМНЕ многу добро знаела што значи уништен инсулин од паралелен увоз од стокови резерви.

„Прашајте ги пациентите дали биле задоволни од паралелниот увоз на инсулин. И прашајте ги сега, колку се задоволни“, пишуваат од здравство.
Апелираат до ВМРО-ДПМНЕ, да престане, како што велат, со манипулациите. Колку повеќе манипулира, толку повеќе вистината излегува на виделина. Уништениот инсулин од стоковите резерви е од времето на претходната Влада“ се наведува во реакцијата на министерството.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, тврдат дека инсулинот кој Министерството за здравство го уништи е со валидер рок и е произведен од најреномирана данска фирма. Со ова, рекоа од опозицијата, најверојатно се сака да се распише нов  тендер за фирма подобна за власта.

„Дел од инсулинот, кој што бил уништен на ден 5.12.2019 година, имал валиден рок на употреба до 6 и 7 месец 2020 година. Патем овој инсулин бил произведен од една од најреномираните компании НОВО НОРДИСК од Данска и оваа компанија стои како гаранција за квалитетот на производот. Ако за Mинистерството за здравство оваа компанија носи неквалитетни лекови со сомнително потекло, тогаш не знаеме која компанија произведува поквалитетен инсулин“, вели Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Со тоа, додава Андоновска, паѓа во вода дека инсулинот бил неквалитетен но и другите тврдења на Минисрерството за здравство во врска со рокот и квалитетот на инсулинот како и тоа дека не е добар паралелниот увоз.


Можеби ќе ве интересира

Гест за пример и почит! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Гест за пример и почит! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ