24 Април, 2024
0.0333

Иницијативата за автентично толкување на аболицијата помина на владина седница

Објавено во: Македонија 03 Декември, 2019

Добивај вести на Viber


На денешната владина седница беѓе усвоено мислењето на Министерството за правда да се прифати иницијативата за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски.

Ваквата одлука е донесена по иницијативата во Уставен суд да се заживее фамозната аболиција на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов со наводен аргумент дека истата не може подоцна да биде повлечена.

Законот за помилување беше изменет и дополнет во 2009 година, кога беше укинат членот 11 кој содржеше можност за помилување без спроведување на постапка, се вели во мислењето на Министерството за правда.

„Според ова мислење, во март 2016 година, Уставниот суд го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година, но со укинувањето на законот од 2009 година, не се враќа во сила одредбата од членот 11. Тоа значи дека претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во„Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни“, соопштија од Владата.

Според тоа, аболицијата не може да важи без да биде одобрена постапката од Собранието. 


Можеби ќе ве интересира

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот

Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ - 360 степени објави видео

Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ - 360 степени објави видео

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЛАВИ: Поддржувачите во Гази Баба скандираа и палеа бакљи

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЛАВИ: Поддржувачите во Гази Баба скандираа и палеа бакљи

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски