12 Април, 2021
0.0208

Инфинити Енерџи ИТСС: Дел од групација која ја создава дигиталната иднина

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2021

Дигиталната иднина мора да биде достапна за сите – ова е клучната идеја која ја води компанијата Инфинити Енерџи ИТСС од Скопје, како дел од групацијата Infinity International Group. 

Желбата и намерата да се биде подобар, поквалитетен, поинаков и поконкурентен на регионалниот и европскиот пазар резултираше со формирање на групацијата која со својот иновативен пристап е подготвена да одговори на современите предизвици.

Согледувајќи ги потребите на клиентите, Инфинити Скопје ќе понуди современи решенија од областите на информатичка технологија, енергетика, дигитално архивирање и електромобилност, со цел да се подобри деловната и општествената заедница.

Компанијата во моментов има 10 вработени, а планирано е до крајот на годината тимот да се зголеми за 5 пати. „Нашите приоритети се зајакнување на тимот и едукација на кадарот со чие знаење и вештини ќе излеземе на други пазари, бидејќи квалитетен кадар секогаш е потребен.“ Ова е пораката од компанијата која најавува отворање на конкурси за нови работни места. 

„Свесни сме дека нашите вработени се нашата најголема сила и вредност. Токму затоа во своите редови очекуваме квалитетни SAP инженери, девелопери и инженери за енергетика. Нашите конкурси ќе бидат објавени на веб страната на компанијата, како и на социјалните мрежи, така што сите заинтересирани лесно ќе можат да ги следат и да се пријават“, вели Дејан Кекеновски, директор на Инфинити Енерџи ИТСС.

Исто така, тој нагласува дека групацијата Инфинити веќе може да се пофали со бројни ИКТ инженери со богато искуство во големи проекти од сите области на развој и имплементација на паметни решенија, што ги отвора вратите кон заеднички настап и уште поквалитетна реализација на проектите.

„Решенијата на групацијата Инфинити досега се имплементирани во јавниот сектор, здравството, електроенергетиката, авиоиндустријата, телекомуникациите, транспортот, малопродажбата и во многу други индустрии. Компаниите членки имаат реализирано повеќе од три илјади сериозни проекти, што кажува многу за нивниот квалитет и подготвеност. Фактот што се работи за компании кои се веќе етаблирани во своите сектори секако ќе придонесе кон побрзо позиционирање и на нашата компанија Инфинити Енерџи ИТСС“, вели Кекеновски.

Тој верува дека имплементацијата на готовите решенија кои членките на Инфинити групацијата веќе ги развија на другите пазари ќе бидат од голема помош за Инфинити Енерџи ИТСС бргу да стане лидер во ИКТ индустријата во Македонија. Со позиционирањето на домашниот пазар, како дел од една поширока, регионална приказна, младиот и амбициозен директор најавува и воспоставување на нови стандарди во работењето.

„Сакаме да бидеме компанија во која секој професионалец ќе препознае можност за личен и професионален развој, а со тоа ќе даде придонес на целото општество, на семејството и на компанијата. Посебен акцент ќе дадеме на општествено одговорно работење кое подразбира грижа за пошироката општествена заедница преку хуманитарни акции и заеднички проекти“, нагласува Кекеновски.

Со влезот на македонскиот пазар, групацијата Инфинити која основаше свои компании и во Австрија и Црна Гора, ќе добие една нова димензија и квалитет. Воспоставувањето на бизнис моделите во овие држави е резултат на јасната цел и визија за консолидирање на знаењата и квалитетите на глобално ниво.   

Фактот што ИТ индустријата сама по себе е фокусирана на развој на мрежи кои на компаниите ќе им овозможат независност од географската позиција од која работат, нудејќи им поврзување и размена на знаења и искуства стекнати на различни пазари, групацијата Инфинити го преточи во нејзиниот слоган - Go Far Together. „Одејќи заедно можеме да стигнеме подалеку и да го постигнеме она за кое можеби само сме сонувале“ – е водечката порака на оваа групација. 


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Се отвори новиот Анхоч Action – продажен салон со современ дизајн и концепт за сите видови на ИТ и гејминг опрема

Се отвори новиот Анхоч Action – продажен салон со современ дизајн и концепт за сите видови на ИТ и гејминг опрема

Мет Мури: „Што ако...?“ е книга што ги учи децата на најголемата вештина на 21 век – љубопитноста

Мет Мури: „Што ако...?“ е книга што ги учи децата на најголемата вештина на 21 век – љубопитноста

Веро маркетите овозможија брза нарачка и достава на производи со услугата Vero Drive

Веро маркетите овозможија брза нарачка и достава на производи со услугата Vero Drive

Продадени 800 станови во комплексот Џевахир Скај Сити

Продадени 800 станови во комплексот Џевахир Скај Сити

„Играј Одговорно“- кампања на Асоцијацијата на спортски обложувалници за одговорно спортско обложување

„Играј Одговорно“- кампања на Асоцијацијата на спортски обложувалници за одговорно спортско обложување

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

Fitch Rating повторно го потврди кредитниот рејтинг на ПроКредит Банка на “БББ-“

Онлајн-промоција на книгата „Што ако...?“ која ги мотивира децата да поставуваат прашања, наместо да даваат само одговори

Онлајн-промоција на книгата „Што ако...?“ која ги мотивира децата да поставуваат прашања, наместо да даваат само одговори

Неограничена количина вода, донација од Кожувчанка!

Неограничена количина вода, донација од Кожувчанка!

СИТИ Колеџ прераснува во регионален центар со извонредни академски перформанси

СИТИ Колеџ прераснува во регионален центар со извонредни академски перформанси