25 Април, 2024
0.0413

Интервју Јовановиќ: Ти ќе бидеш некој

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

“ДЕНЕС РОМИТЕ СЕ ЖРТВИ НА ЛЕВИЈАТАН, УТРЕ ЌЕ СЕ НАЈДЕ НЕКОЈА ДРУГА ЖРТВА, А ПОТОА ОПШТЕСТВОТО И ДРЖАВАТА ЌЕ СТАНАТ ЖРТВИ. ДА НЕ ОДАМ ПРЕДАЛЕКУ ПОТСЕТУВАЈЌИ КАКО НАЦИСТИТЕ И ХИТЛЕР ПОЧНАА, СПОМЕНУВАЈЌИ ДЕКА ТАКА САЛВИНИ ЗАПОЧНА ВО ИТАЛИЈА”

Жељко Јовановиќ е директор на Канцеларијата за ромски иницијативи во Фондацијата Отворено Општество и претседател на Управниот одбор на Европскиот ромски институт за уметност и култура, со седиште во Берлин. Институтот е основан пред три години како прва организација од ваков вид посветена исклучиво на Ромите, најголемото малцинство во Европа кое има околу 12 милиони. Како што истакна „Њујорк Тајмс“ во обемниот текст по повод отворањето, целта на Европскиот ромски институт за уметност и култура е да ја претстави работата на ромските изведувачи, уметници и мислители.

За ова во Србија многу малку се знае.

Во вашата биографија е напишано дека потекнувате од семејство кое успеа да ја надмине екстремната сиромаштија преку образованието. Ве молиме, опишете го вашето лично искуство како пример за другите.

Жељко Јовановиќ: Во моето детство и младост, моите родители почесто беа гладни отколку сити. Баба ми Вера работеше како чистачка во поштата, но и просејќи во селата околу Мионица, затоа што како самохрана мајка не можеше да храни пет деца. Се сеќавам како едвај чекавме да се врати од селото, да ја отвори торбата и да видиме што донела за јадење. Мајка ми порасна во куќа покрај реката Рибница, во која немаше под, туку само почва. Меѓутоа, таа сакаше да оди на училиште, па својата домашната задача ја завршуваше со отворање на шпоретот за да има светлина од огнот за да може да чита, затоа што немаа електрична енергија. На училиште, таа носеше облека и чевли што можеше да ги најде, или ако некој и ги даде како милостина, се разбира, никогаш точни на нејзината големина, така што секогаш доживувала потсмев и понижување од другите деца. И покрај сиромаштијата, таа успеа да се стекне со универзитетско образование и после тоа во доцните седумдесетти успеа да се вработи во даночната администрација. Неодамна се пензионираше. Нејзините приказни за тешкотии, сиромаштија, домашно и класно насилство, расизам, но и за борбата да направи се што е можно за да создаде услови за подобар живот за мене отколку што имала таа самата, беа клучни за моето растење и развој бидејќи секогаш ми зборуваше, честопати да шепоти додека спиев, „Ти ќе бидеш некој“.

Дипломирав на Правниот факултет во Белград и магистерски студии по јавна администрација на Оксфорд. Веќе 20 години сум посветен на борбата за својот народ, а последните девет години, како директор на Канцеларијата за ромски иницијативи во Фондацијата Отворено Општество, имам голема чест да водам тим од многу способни и посветени луѓе кои работат низ цела Европа, од Шпанија до Турција на иницијативи од бласти како образование, претприемништво, култура и најмногу во областа на политичкото учество на Ромите. Ние веруваме дека Ромите можат да бидат некој и нешто.

Предрасудите за различностите се знае дека се во коренот на несогласувањата меѓу народите. Во случајот со Ромите, постојните предрасуди можат да бидат побиени со докази, како што е диплома. Сепак, школувањето не е бесплатно, а Ромите честопати се дел од сиромашното население. Според вас, постојат решенија во таа смисла и кој треба да помогне?

Се разбира дека образованието е важно, но далеку од тоа дека кога ќе завршиме училиште ќе можеме да го надминеме расизмот кој не стига на секој чекор. Во училиштата, ромските деца уште во раните години се стекнуваат со комплекс на помала вредност при што останува врежано во нивниот понатамошен развој. При вработување, Ромите можат да добијат шанса, на пример, доколку имаат прв телефонски разговор со својот работодавец. Меѓутоа, кога тие се појавуваат лично и ќе слушнат во која населба живеат, или ако имаат исламско име, тогаш ги отфрлаат со објаснување, во најблаг случај, дека работната позиција веќе не е слободна, или, во најбрутален случај, дека не вработуваат Цигани. Со чест на исклучоците на оние кои не се Роми и кои нè третираат на фер начин, како и на малкуте Роми кои тврдат дека не почувствувале расизам во животот. Но, има толку малку од нив што самите тие се потврда за правилото дека расизмот е дел од животот на Ромите.

Оваа состојба се влоши по финансиската криза во 2008 година, кога почна да се зголемува стравот и гневот на луѓето кои се плашеа дека ќе изгубат работа или веќе ја изгубија. Политичарите сфатија дека е многу полесно да се добие глас на избори ако Ромите се нападнати отколку ако преземат одговорност за причините за финансиската криза. Од една страна, тие беа политичари како што се Никола Саркози или Емануел Валс во Франција, Силвио Берлускони во Италија, други партии од десниот или левиот центар, и се разбира, екстремната десница како што се Јобик во Унгарија, Лига на Северот во Италија (која до неодамна ја водеше италијанската влада). Она што сите овие политичари имаат заедничко е тоа што тие ги искористија предрасудите што веќе постојат и ја добија поддршката од гласачите спроведувајќи политика против нас.

Како настана Европскиот ромски институт за уметност и култура?

За разлика од другите нации кои имаат национална држава, ние Ромите го развивме нашиот идентитет преку институцијата семејно наследство, животот во ромските населби и интеракцијата со оние со кои живеевме. Според моето мислење, културните обрасци на нашиот идентитет се многу флуидни, сложени и богати, но исто така имаат тенденција да формираат колективна свест за заедничка припадност, солидарност и соработка. Веќе неколку децении, создавањето на културни институции е аспирација на ромските интелектуалци, уметници и културни работници. Нашите луѓе живеат скоро во сите европски земји, така што има многу организации и иницијативи од областа на културата. Во тој контекст, сакавме да формираме институција која ќе биде инспирирана од германскиот институт Гете или шпанскиот Сервантес, односно да има институционална врска со државите, но и да биде независна и управувана од Роми ширум Европа. Идејата на Институтот е ние Ромите да ја зачуваме, развиваме, промовираме и гордо ја претставуваме нашата култура и идентитет.

Се разбира, дури и денес има луѓе кои велат дека ваквата иницијатива нема смисла затоа што има и други приоритети во животот на Ромите, како што е сиромаштијата. Нашиот одговор е - сиромаштијата е последица на систематското осиромашување на нашето население. Институциите на Европската унија на државите во кои живеат Ромите се единствени институции кои можат да ги извлечат луѓето од сиромаштија. Институтот ниту може да го стори тоа, ниту е негова улога, како секоја друга културна институција. Улогата на Институтот е да ја подигне свеста кај Ромите и другите за нашата историја, култура, со цел да создаде поинаква слика за нас и за тоа кои сме ние.


Зошто Институтот е основан во Берлин, а не во Белград?

Ние при Фондацијата Отворено општество, заедно со Алијансата на ромски интелектуалци ја започнавме иницијатива за создавање на Европски ромски институт за уметност и култура. Водевме активни преговори со Советот на Европа и 47 земји-членки цели четири години. Кога беше донесена одлука за основање, требаше да се одлучи каде ќе биде седиштето на Институтот. Германската влада понуди гостопримство за седиштето на Институтот во Берлин. Пред три години, во зградата на Министерството за надворешни работи на Германија, свечено го официјализиравме почетокот на работата на Институтот. Денес, Институтот има свој изложбен простор до германскиот Бундестаг и гордо ја претставува ромската култура со настани не само во Берлин, туку и низ цела Европа.

Владата и претседателот на Србија му понудија и помогнаа на Институтот да го отвори првото претставништво во Европа баш во Белград. Да не дојдеше до пандемија, ќе се случеше во овој период од годината. Моравме да го одложиме планот за свеченото отворање на просторот во центарот на Белград. Бидејќи Институтот во најголем дел е организација заснована на членство, ние исто така имаме членови од Србија. Се разбира, кога претставништвото ќе се отвори во Белград, се надевам дека Институтот ќе придонесе за поинтензивна работа на ромските уметници и културни работници во Србија.

Со оглед на тоа што Институтот се наоѓа во Берлин, дали тоа, покрај културата и уметноста, се занимава и со историјата на холокаустот?

Институтот се занимава со ромската историја во која страдањето и геноцидот во Втората светска војна имаат посебно место. Сепак, за разлика од другите организации кои работеле на геноцидот на Ромите во Втората светска војна, Институтот работи на историски истражувања за отпорот што го пружиле Ромите на нацистите, како дел од партизанските армии кои се бореле со Германците или во самите логори. Патем, ние Ромите ширум Европа го славиме 16 Мај секоја година како ден на востанието на Ромите во Аушвиц во 1944 година, кога тие одеднаш ги нападнаа СС војниците кои дошле да ги испратат Ромите во гасните коморите.

Како го оценувате ставот на нашето општество кон ромската заедница во однос на ситуацијата во Европа?

Со години стагнира. Кога ги прашувате луѓето што се сменило во нивното соседство во последните пет години, помалку од 18 проценти велат дека имало промена на подобро, скоро 60 проценти дека ништо не е променето, додека повеќе од 23 проценти велат дека се сменило на полошо. Се разбира, има Срби и други народи кои живеат тешко,  не се само Ромите, пред законот сите се еднакви во правата и обврските.

Сепак, кога ќе ја погледнете споредбата - 73 проценти од Ромите не се ниту во работен однос ниту во образование, додека тој број е за 30 проценти помал кај Србите и другите. Таа разлика од 30 проценти само покажува колку е нееднаква нашата популација во остварувањето на своите права и обврски од генерација во генерација. Во нашиот регион, Србија, во споредба со другите земји, бележи полоши резултати од Северна Македонија и е слична на Албанија и Црна Гора, иако е најголема економска сила во регионот.

Во земјите од Западна Европа, ситуацијата е подобра ако економското опкружување е подобро, иако има расизам во секоја земја. Ромите на Балканот знаат дека ќе се судрат со расизам каде и да одат, но сепак одат на Запад, затоа што можат да живеат подобро од својата работа и образованието на своите деца. Од друга страна, ситуацијата во Унгарија, Бугаријаи Словачка е полоша во однос на јачината на екстремната десница, која го привлекува јавното мислење и политика кон себе.

Некако, непосредно пред неодамнешните парламентарни избори во Србија, десничарските организации, особено Левијатан, ги засилија своите демонстрации за нетолеранција кон Ромите. Ве молам ваше коментар.

Левијатан, по имиџот и дискурсот e екстремна десничарска организацијакоја под маската да се бори за заштита на животните ги напаѓа ромските населби и приватните куќи ги малтретира луѓето и влева страв. Тие покажуваат сила кон најслабите, додека државните, безбедносни служби и полицијата го дозволуваат тоа и со тоа ги охрабруваат да продолжат. Според мене, тие се безбедносна закана за граѓаните на Србија и самата држава, затоа што по дефиниција, државата има монопол врз силата и насилството. Тие така се однесуваат спрема нас, утре ќе најдат друга жртва, а потоа општеството и државата ќе станат жртви. Да не одам предалеку потсетувајќи како нацистите и Хитлер почнаа, споменувајќи дека така Салвини започна во Италија. Додека ги напаѓаше Ромите и мигрантите, мнозинството молчеше, а потоа ја презеде власта и стана закана за многу Италијанци.

Ескалацијата на расизмот во Соединетите држави, повод да се зборува за расизмот врз Ромите во Србија, кое е вашето видување.

Во нашиот дел од светот, многу луѓе велат дека Америка е далеку од нас, а многумина го осудуваат убиството на Џорџ Флојд. Секако, осудите се оправдани, но немаат кредибилитет бидејќи повеќето владини функционери, не се ниту чесни ниту храбри да признаат дека расизмот, особено во државните тела, како што е полицијата е проблем со длабоки корени, а камоли да реагираат на расизмот и полициската бруталност кон најранливите малцинства. Ние Ромите го разбираме и сочувствуваме со расизмот со кој Србите се соочуваат во Хрватска, Црна Гора или Косово, сепак, не наоѓаме разбирање, сочувство, а камоли заштита како другите граѓани во Србија. Левијатан го покажува ова на најочигледен начин.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација