Имавме минимален број на гости, вели Саша Богдановиќ
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2020
Откако беше прозван, првиот човек на Општина Центар, Саша Богдановиќ објасни дека на свадбената веселба имал мал број на гости, и дека држеле растојание.
Тој вели дека пандемијата можеби ќе трае со години, а тоа не значи дека не треба да се се венчаат.
„Имавме минимален број на гости, кум, старосват и минимален број на гости коишто ги познаваме“, рече Богдановиќ за Сител телевизија.
Тој се венчаше во Грачаница на Косово.
Министерот за здравство, Венко Филипче искоментира дека политичарите треба да бидат пример.