ИМА ШАНСИ ЛОКАЛИТЕ И РЕСТОРАНИТЕ ДА РАБОТАТ ДО 23 ЧАСОТ - конечниот збор ќе го каже Комисијата за заразни болести
Објавено во: Економија 18 Јануари, 2021
Министерот за економија Крешник Бектеши, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека очекува дека е можно работното време на угостителските објекти да биде продолжено до 23 часот, со оглед на тоа што епидемиолошката слика во изминатиот период е подобрена. Вели дека во игра се повеќе опции но крајниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести.
„Имајќи ја во предвид ситуацијата очкеувам да биде до 23 часот, рече Бектеши.
Фактор веќе пишуваше дека угостителите од земјава бараат работното време да се продолжи до 23 часот од 21 јануари, бидејќи, како што нагласуваат, тие ги почитуваат сите протоколу за заштита на здравјето на граѓаните.