25 Април, 2024
0.0291

ИМА ПИВО И ЗА 200 ДЕНАРИ - претераа ли „фенси“ угостителите со цените, тие велат - работиме по старо

Објавено во: Економија 29 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Се обидуваат ли угостителите да надоместат за загубите кои ги претрпеа за време на неработењето поради заштитните мерки за спречување на коронавирусот. Граѓаните се жалат дека нивните цени се сериозно зголемени во последниов период, и тоа го сметаат како сосема некоректно кон потрошувачите. Дотолку повеќе што, велат револтираните корисници на угостителските услуги, државата го помогна овој сектор со мерки, меѓу кои и онаа за поддршка за исплатата на платите на нивните вработени. Од своја страна, пак, угостителите со кои разговараше Фактор велат дека цените не се значајно зголемени, но дека тоа би било оправдано, од причина што цените на многу други производи отишле нагоре. 

Како што е познато, локалите и рестораните беа затворени на 18 март годинава, како рестриктивна мерка за спречување на ширењето на ковид-19. Тие воопшто не работеа повеќе од два месеци, се до 28 мај, кога беа отворени под строги протоколи и ограничувачки правила. Со тие ограничувања потоа функционираа уште извесен период, како што беше дозволено работење прво само до 20, а потоа до 22 часот, а и долго потоа им остана наметнато стриктното барање на една маса да седат само по двајца гости доколку не се од исто семејство.

Затоа сега, пак, веќе неколку месеци по ред, кафулињата, локалите и рестораните работат со полна пареа. Засега нема стравувања дека за нив би почнале да важат одредени рестриктивни мерки, какви што, на пример, би биле повторно ограничување на времетраењето на нивната работа. Такви шпекулации се проширија во јавноста, но надлежните засега ги демантираат, најавувајќи дека се можни само доколку драстично се влоши епидемиолошката состојба. 

Се обидуваат ли сега преку повисоките цени угостителите да компензираат за големите загуби кои ги претрпеа за периодот додека беа заворени, при што буквално воопшто не работеа, а ги плаќаа трошоците за кирии и платите на своите вработени.

За повисоките угостителски цени има реакции и на социјалните мрежи.

„Кафанџии, угостители, јас Жарко Николиќ, човек кој една четвртина од својот век, половина од своите месечни примања ви ги дава вам, мислам дека сте навистина безобразни со беспотребно набилданите цени во вашите локали, со оглед на тоа дека малопродажните цени на пијалоците и храната не се зголемени (со продадени 7 чашки ракија купувате цело шише, со продадено шише пиво купувате 3, со 100 грама сирење купувате половина килограм, со 5 ќебапи половина килограм смеса...). Дали сакате да наплатите се што не можевте во време на короната, кога државата ви ги покриваше платите на слабо платениот персонал !?“, напиша вчера Жарко Николиќ на својот фејсбук профил.

Дел од коментарите се на линија дека тоа сепак зависи од понудата и побарувачката, како и дека цените се високи во извиканите фенси места, но и дека има локали и кафеани, кои работат дури и по пониски цени од претходно.

Реагираат и некои угостители, кои не се согласуваат дека цените на угостителските услуги се неколкукратно повисоки од цените на производите. 

„И во Германија набавната цена на кока кола е иста па ја плаќаш 5 евра. Трошоците да држиш кафеана се огромни. Кафуле од 50 квадрата ретко кога е со сметка за струја помала од 500-600 евра месечно. Од страна се изгледа поинаку“, стои во коментарите. 

Фактор се обиде, но не успеа да добие официјален одговор од официјалната Групација на угостителите при Туристичко-угостителската комора во ССК на оваа тема, во смисла дали цените се навистина се зголемени и ако е така, која е причината за тоа, во услови кога цените на пијалоците и храната не се пораснати, а стандардот на граѓаните е намален поради корона кризата. 

Разговаравме со некои угостителски работници, кои неофицијално велат дека, барем кај нив, цените не се зголемени. 

„За другите угостители не знам, но кај нас цените се исти како и пред неработењето, односно не се зголемени. А мене ако ме прашате, треба да бидат зголемени. Граѓаниве како да се научија едно кафе да биде 60 до 70 денари со години, а во меѓувреме пораснаа многу други цени, како што е на пример бензинот, кириите, но и цените на одредени пијалоци и прехранбени производи“, вели за Фактор еден од познатите скопски угостители.

На прашањето, пак, дали државата не им помогна со мерките, кои беа во претходните сетови на мерки, како на пример поддршката за плата на вработените, субвенциите за придонеси или бескаматните кредити, овој сопственик на угостителски објект вели дека тие мерки биле задоцнети, и не им помогнале. 

„Субвенциите за платите ги дадоа кога ние веќе ги отпуштивме вработените, бидејќи не можевме повеќе да ги држиме оти не работевме, а бескаматни кредити, конкретно ние, не користевме, бидејќи тоа е ново задолжување кое потоа ќе мора да го вратиме“, вели овој угостителски работник.

Податоците на Државниот Завод за статистика, кои се последни за август годинава, покажуваат дека угостителите сепак ги зголемиле цените во однос на истиот месец претходната година. И тоа, кај храната угостителските услуги пораснале за 1,9 отсто, кај алкохолните пијалоци за 1,6 проценти, додека најголемо поскапување угостителските услуги имаат кај безалкохолните пијалоци, дури 3,1 отсто. 

Но, за волја на вистината, во август се зголемиле и цените на храната и пијалоците во малопродажба.Па така, цените на храната и безалкохолните пијалоци се зголемиле за 2,5 отсто, додека, пак, на алкохолните пијалоци и тутунот за 4,4 проценти. 

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?