23 Февруари, 2020
0.0285

Има пари во бизнисот со технички преглед на возила, кој колку заработува?

Објавено во: Економија 28 Јануари, 2020

Осум компании здруженија направиле приходи поголеми од половина милион евра, а нивна основна дејност се технички прегледи и регистрација на моторни возила. Освен две друштва кои се наследени од поранешниот систем играта ја водат и неколку други компании основани од независноста на Македонија

Половина милион моторни возила годишно од различни типови, видови и категории поминуваат на технички преглед и регистрација, покажуваат официјалните податоци достапни на веб страницата на Државниот завод за статистика за 2018 година. Ова е бизнис со значаен потенцијал затоа што луѓето пред се сакаат да возат автомобили па ги купуваат нови или поволни. Во земјава е задолжителен техничкиот преглед при регистрација на возила и тој е организиран во станици за технички прегледи на возила. Станува збор за повеќе приватни компании кои освен што вршат технички прегледи даваат и дополнителни услуги за сервисирање возила, атести, шлеп служби, нудат полагање за различни категории или

Пауер Спорт Систем (ПСС) е компанија регистрирана за оваа дејност чие седиште е во Скопје, а има свои подружници низ повеќе градови. Нуди широк спектар на услуги, а основна дејност и се регистрациите и технички прегледи. На нивната веб страница пишува дека се прва приватна станица за технички предлег во Македонија. Според официјални достапни податоци во 2018 година оваа компанија остварила вкупни приходи од 4 милиони евра, а добивката изнесува 813.000 евра. Во споредба со претходната година кај профитот компанијата бележи пад за 25 отсто. И покрај тоа профитот е 20 отсто од приходите, маргина на која ќе позавидат многу бизнисмени од други дејности. Сопственици на оваа компанија се домашни физички лица Виктор и Виолета Давидовски.

Меѓу другите најголеми компании од дејноста за технички преглед и регистрација најголемите оперираат на териториите на Скопје, Битола и Струмица.

Според остварените приходи втор со најголеми приходи е компанијата на „АвтоМакедонија“ – АМ Церт која во Скопје поседува три станици за технички преглед и регистрација на возила. В 2018 година нејзините приходи изнесуваат 825.000 евра, а во споредба со претходната година пораснале за 5 отсто. Добивката е 52.000 евра и во однос на 2017 година забележала раст од 13 отсто.
АМСМ Услуги –Станица за технички преглед со седиште во Скопје е трета на листата со остварен приход од 802.000 евра. Нејзината добивка во 2018 година била само 700 евра.

Од двете големи битолски компании во оваа дејност во 2018 година поуспешна била Еуротест Битола која остварила приход од 648.000 евра што е за 9 отсто повеќе од претходната година. Добивката на ова друштво , чии сопственици се 23 домашни физички лица, изнесува 289.000 евра што претставува раст од 15 отсто во однос на претходната година. Профитот на ова друштво е 45 отсто од остварените приходи!!!

Другата битолска компанија е Авто Мото друштво „Ѓорги Наумов“. Оваа компанија има девет сопственици домашни физички лица и во 2018 година оствари приход од 555.000 евра, а добивката изнесува 130.000 евра. Профитната маргина на АМД „Ѓ.Н.“ е 23 отсто.

Сојуз на здруженија на возачи Скопје во 2018 година остварила приход од 580.000 евра и тие во однос на претходната година бележат раст од 12 отсто. Добивката на ова здружение, чиј сопственик е Здружението на возачи на Македонија во 2018 година била 36.000 евра.

Двете струмички компании кои се дел од најголемите фирми кои се занимаваат во регистрација на возила и технички преглед во 2018 година биле Центар за возила Струмица ЦВС ДООЕЛ и Авто – Сигурност. Првата од двете наведени остварила приход од 542.000 евра и добивка од 23.000 евра. Сопственик на оваа компанија е Здружение на возачи Струмица. Другата компанија е сопственост на Мите Шумаров и на Марија Крстева. Нивниот приход во 2018 година бил 501.000 евра, а добивката е 82.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Министерката Ангеловска очекува невработеноста да се намали на 16 отсто

НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Министерката Ангеловска очекува невработеноста да се намали на 16 отсто

РАЗЛИКA ВО ПЛАТИ: Со четири месеци работа земаат колку еден програмер

РАЗЛИКA ВО ПЛАТИ: Со четири месеци работа земаат колку еден програмер

Компаниите бараат владеење на правото, со Италија има можност за поголема соработка

Компаниите бараат владеење на правото, со Италија има можност за поголема соработка

Анѓушев на 98 години - Стопанска комора: Порано проблемот беа финансиите, сега кадарот

Анѓушев на 98 години - Стопанска комора: Порано проблемот беа финансиите, сега кадарот

ЛЕСНО НАОЃААТ РАБОТА, А ИМААТ И НАЈГОЛЕМА ПЛАТА: Зошто е добро да се биде програмер во Македонија

ЛЕСНО НАОЃААТ РАБОТА, А ИМААТ И НАЈГОЛЕМА ПЛАТА: Зошто е добро да се биде програмер во Македонија

Водоводни дефекти на неколку улици, проблемот во Гази Баба саниран

Водоводни дефекти на неколку улици, проблемот во Гази Баба саниран

ТОП ПЕТ НАЈПЛАТЕНИ ПРОФЕСИИ: Каде се „кријат“ највисоките плати во земјава

ТОП ПЕТ НАЈПЛАТЕНИ ПРОФЕСИИ: Каде се „кријат“ највисоките плати во земјава

ОПОЗИЦИЈАТА КРИТИКУВА, ВЛАСТА СМИРУВА: Јавниот долг расте а се наѕира и нова еврообврзница

ОПОЗИЦИЈАТА КРИТИКУВА, ВЛАСТА СМИРУВА: Јавниот долг расте а се наѕира и нова еврообврзница

Колку пари има во бизнисот со продажба на очила за сонце

Колку пари има во бизнисот со продажба на очила за сонце